Лимонот во принцип го спушта притисокот со низок не би требало многу да го конзумираш. А за кревање на притисок циркулацијата е најбитна мора да се движиш. Или наједноставно пушти вести и за две минути ќе ти се покачи
Јас се разбудив укочена дека само на десна страна спиев,на лева мие холтерот и неможам да лежам на таа страна Сега не станувам од кревет глумам малце за маж да биде вреден во кујна Бебињата што ви се малце поголемки немојте да се сеќирате,ако има нешто за дополнително испитување ќе ви спомнат вашите доктори. Моето вчера го измерија скоро 2 ипол недели е а се си е во ред. Да не ние мисла еве шеќерот го следиме па ќе видиме на крај како ќе биде.
И мене ми беше за недела понапред од почеток па до скоро кога влегов 30та или 31 недела..др рече дека си се изедначило со неделите,така да нема врска тоа,здрави прави да се најважно е Плус минус недела две нормално е,си варираат
Да знам, и кога нѐ виде докторката мене и сопругот, двајцата сме високи, и вика еве на кого ќе биде високо ќе видиме како ќе биде понатаму
За притисок дефинитивно е подобро да е низок,а пулс покачен е нормално. Јас имав страв на почетокот и заради пулсот кај мене до 120+ знае да биде и заради тахикардија и бев на консултација со спец.интернист и ми објасни дека пулсот доаѓа поради убрзана циркулација потребна во бременост. Јас плус и клексан боцкам и тоа е за подобра циркулација така да тоа е тоа. Ми рекоа по два бедоксин и магнезиум од 400 до 1000 по потеба. Инаку јас се молам да имам нозок притисок зошто од покачен добивам стрес моментално заради предходна бременост Фала за утехата. Кај мене е исто две недели плус. Шеќер мерам секој ден ок е. Прашав за протоци а др.вика жено седи раат бебе е супер си зема што му треба. Сега контрола за месец дена.
Јас бев со слична ситуација, Б6 100мг, и доста вода. Се смири брзо пулсот. А притисокот околу 90-100 со 60. Ама ок се чувствував.
Вчера мене ќе ме утепаше докторката вика зарем ако има нешто јас нема ли да ти кажам. Главчето кога го мереше гледам таму на 35 недела вика тоа е што е топчесто не што одговара на толку.
Девојки да ве прашам, јас сум на почеток на петти месец од бременоста, одам кај доктор Панчевски во Систина кај кого и планирам да се пораѓам. Проблемот ми се јави кај матичниот гениколог кој ми е од мојот роден град и не сум во можност да го посетувам затоа што живеам во Скопје. При разговор со матичниот ми објасни дека не е можно да ми отвори трудничко боледување ако немам кај незе направено одредени прегледи и ми препорача да си најдам матичен во Скопје. Па затоа би сакала да ве прашам дали знаете некој кој прима пациенти, ми треба чисто административно, без да ми прави дополнителни прегледи, некои искуства ваши?
И мене ми се случи истото јас и поставив 20 прашања и ми вика жено ти уживаш во бременоста или испит по Ембриологија спремаш.... Бебка е супер, што се замараш толку многу... Јас ќе ти кажам ако треба да одиш дополнително на испитување.... Ама пуста психа...
Добро е што прашуваш. Ја на прегледи не дишам ми се чини, да не е маж ми со мене ја нема ништо да знам. Он слуша и памти, прашува дали било нормално тоа, а ја како теле блеам.
мојов не влегува освен на почетокот, еден куп жени ималоа инаку запишав се на лист и и викам имам 20 прашања и се смее, ајде пуцај вика.... Можда глупости изнапрашав ама си разјаснив некои работи....и ми вика: не читај на интернет се ќе прочиташ.... А 90% од тоа нема да се случи... Оди шеткај си
Хахахаха ме насмеа, и јас понекогаш таква сум сама не одам, освен за брисеви што бев, не се малце информации може не ќе слушнам нешто како што треба од пуста психа,тешко нас
исто само за брис сама,цело време со маже...тој па едвај чека ама па поубаво ете последен пат кога бев ми се слоши додека ме гледаше на ехо па мм да не беше незнам како ќе си идев сама дома
Мислам дека многу ми влијаат температурниве разлики во текот на денот. Цело време сум како без сила, не можам да се расонам џабе кафиња пијам, ме болат мускулите во нозете.. пијам многу течности ама ништо не помага некако...
Јас и за првата бременост и сега сама на преглед не сум појдена и не планирам, поубаво вака заедно да го гледаме
И ја за брисеви, мерење цервикс и се што е вагинално сама влагам. Тоа не било интересно. Не можам, посилно е од мене. Таман за едното ќе ми кажат се е ок, ќе земам здив и за другото почнуваме. Скрининзите ми беа 2саати скоро, како Титаник да сме го изгледале. Обичен преглед минимум 30мин. @ajaja95 и ја сум скапана цел ден. Кафе не ни пробав, џабе ќе пијам. Чарето е кревет.
Dali na nekoja i se crta race nodze na stomakot koja nedela najcesto mn sakav da vidam nes zgora 34 nedela sum
мислиш како вака на сликата? и јас сакам да видам тоа ама којзнае дали баш така се гледа...мене не ми е баш оцртано раче ноџе само како топче се издига и си се движи