а кога се осеќа најубаво вака, од која недела ? и од која недела почнува да се врти надолу со главчето ? денес докторот ми спомна дека е долу со главчето а мислам дека е сеуште рано
Која недела си? мене ми се сврте надолу одма кога влегов во 7 месец и уште си е доле а за првпат ја почуствував јас доста рано околу 16-17 недела...почна како пеперутки во стомак и вибрации на едно место па на друго..така почнува ама затоа сегааааа хаха мислам сите органи ми ги боксува од кај 26та 27 недела осеќам така појаки удари а сега веќе ми е страшно 34 сум (зборам за себе може не е така кај другите) страшни клоцања...убаво е ама мачно
Isto kaj mene mislam rebrava ke mi gi skrsi me udira usto vreme vo rebra gore i vo bubrezi nznz sto si pravi vmatra uziva a jas si imam bolki taa kejfofi si tera vnatra
Ќе си пукнам на моменти значи. Не и верувам нешто многу на матичната, затоа што реално не е баш писмена, ама вчера бев да земам некои упати, па направив и преглед. Прво ме испоизвади од памет дека главата на бебето е една недела понапред, за после да ми каже дека тоа е нормално. Мерките од вториот скрининг не ги ни погледна и еве сега кога ги споредувам бутната коска не е порасната воопшто според меркиве на матичнава. Некој тука или мери лошо, или не дај Боже бебево не напредува како што треба? Покасно е зачнато, ама очигледно не можам да ја убедам во тоа и упорна е да одам на две-три недели за да мери протоци на крв бидејќи не одговарало на последна менструација. Искуство некој? Има место за паника? Тек за две недели сум кај докторката што и верувам, ама не знам дали порано да одам. А да си се пожалам дека еве последниве денови изгорев од киселини, вака во живот мака со киселини не сум имала. Баш си правев хај фајв што истерав лесно до сега, ама се подреков очигледно. Инаку 23+0 денес, а матичнава вчера го измери 480гр. Мало да не е? Ќе пукнам значи веќе.
Не паничи стрпи се уште 2 недели ке дознаеш што и како, и јас исто не верувам на матичниот ама одам во систина од време на време и ми олеснува, на 21+некој ден бебето тежеше 430 гр. Може дека твоето е покасно зачнато значи помало е за една недела од прилика што не е страшно се изедначува со тек на време моето беше 1 недела понапред па се изедначи па сега е 5 дена понапред, инаку 25 недела сум. Во 24 +1 беба беше 760 гр. Одговараше на 24+6
Повеќе одмор и лежење, и многу вода овошје и зеленчук.... Барем така мене ми помогна.... Макар шо мислев дека ми е возбуда за свадбата, а јас сум си имала зиготче со лесно Бог да е со тебе
Пред некој ден приметив модрица на ногата , сега гледам друга ми се појавила . Дали можеби оваа има врска со бременоста , 28 недела сум до сега немав проблеми ни со вени ни со модринки
Јас сум 34 + и цело време имам тахикардија дури до 130 од самиот почеток сеа само што бев на преглед и му кажувам на гинекологот ми рече да пијам верапамил (мислам така се викаа)мене не ми смета ама ме фаќа паника такада би требало да не е ништо страшно пошто не ми кажа дека е
. Имам и јас од 27/28 недела. Притисни дали те боли на допир, ако е така си се удрила ако не доаѓаат од некаде, нормално е Мене вечерва ваљда ме притиска на некој нерв и ми се укочи цела десна нога (здравата нога, левата поради потечено стапало ја штедам) и така си седам и се мислам како ќе ме биде до крај. Не знам дали сакам да плачам, да викам или да тепам некој. Измешани чувства.
Да природно планирам.. не дека не мрда ама многу еве на пример денес не ја почуствував многу може да кажам од сабајле па до сега 5/6 пати и тоа многу слабо јадев благо ама не сака да мрда утре сум пак на цтг па ќе видиме дали уште спие..
Ама не се стресирај нормално е во тие недели да се намалени движењата веќе немаат место да танцуваат. И моево мее толку активно деновиве само како бранови прави од време на време ама тоа си е нормално.
Колку килограми си здебелена? Мојата матична ми кажа дека сум послаба и чувствувам многу мрдање од бејби.... Со појак интензитет од пополните жени
Вчера бев за масажа за трудници охоо што убаво се опуштив малку многу убаво ми беше вчера ама денес ужас све ме боли цел грб од масажата полошо мислев ќе бидам подобро веќе 9 месеци со болки конечно да се опуштам ама полошо бидна..
Јас сум ослабена овој месец мислам дека само 7 кг сум качила се измерив вчера докторот ми вели си ослабела само 7 кг си качила јас се зачудив.. И јас мислев да земам овие недели ама не би се осмелила пак да одам со вакви болки цело тело мислам ме боли Да така и кај мене прави ама докторот ми рече ако не мрда многу одма да дојдеш..