Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    ddevojce, напиј се млеко со прегорен шеќер, ќе ти помогне за крајниците. Два до три пати до вечер. Чекам да пишеш дали малку од малку имало чаре. А за настинка, може малце ќе делува смешно, јас се масирав со топла ракија, освен што пиев чаеви витамин Ц и парацетамол. :*
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    ее баш ти фала на советот мила како не ми текна како мала се пиев прегорен шекер со млеко јас го викав карамела и плус пиев прегорен шекер со вода како чај... гарантирам дека поминува.. фала ти шо ме потсети.. баш сега земав млеко ќе си направам :D
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Добар ви ден мешковци,мене оддамна ме немаше на форумов,се одморив ама баш она...како што треба :lol:
    И навистина ми недостигавте,некако се навикнав на форумов па празно ми беше периодов додека одмарав :$

    Овие недела дена мешко порасна и тоа....малку повеќе и со ќејф си го шетам сега.Дуда стана многу активна,почна и надворешно да се познава,како некои стомачни бранови да правам :D

    Син ми ја става раката на стомак и вели бебето ми удри пепси...срцушки мои.
    За два дена ќе почнам на работа (нели не затворија од УЈП :tmi: ) се мислам како ќе одам,се научив да спијам повеќе...некогаш дури и по 11 часа (не дека ми смета),си немавме никакви обрски,бидејќи и син ми не го носев во градинка поради тоа што си ја удри главата и го шиеја па немаше потреба да стануваме рано...
    Инаку во четврток сме во Скопје на контрола на 4д и со душа чекам да си ја видам дуда...
    И ајде доста беше од мене,ветувам дека сега ќе бидам поактивна (одморот ми заврши) па ќе се читкаме ;)
    Поздрав до сите вас :*
     
  4. femina21

    femina21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    3
    Здраво на сите. Имам едно прашање,ве молам за совет.
    Сега сум 19 недела. Пред 6 недели правев брисеви, ми излезе позитивен уреаплазма и кандида. Докторот ме премачкуваше со некоја плава течност,но ни тоа не помогна,затоа што кога ги повторив брисевите,пак беа позитивни. Мислев ке ми даде антибиотик,но ми рече дека е рано,па ми даде само вагиналети два пати неделно. Дали некој од вас имал уреаплазма и може да ми даде совет?
     
  5. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    благо и дефинитивно јаболки.. ми текнуваат и други необични работи ама ај сеа да не ви ги спомнувам....
     
  6. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Добравечер мамички. Мене ме немаше, не бев во СК па сега ве читам сите :)
    elenn Баш за бременост не знам, немам читано. Иначе ги имам прочитано Baby Wise, Baby whisperer и сега ја читам Your baby week by week.
    Првите 2 се совети за хранање,спиење, итн. а оваа Your baby week by week насловот си објаснува сам, буквално ти објаснува се што може да ти отчекуваш секоја недела откако бебето ќе се роди па до 6 месеци. Сите ги читам со скептицизам и одбирам што ми одговара а што не па ти препорачувам и ти да го направиш истото.

    Jagoda123 За престанување на млекото се препорачува да го одвикнуваш бебето полека полека. Намали ги бр на доења постепено и со самото тоа се намалува млекото. Инекции (или апчиња,не сум сигруна) се дава ако си останала трудна додека доиш затоа што не е добро за бебето што го доиш

    girl-miri Лежење во када не е страшно. Секако, кадата да е убаво исчитена и не треба да користиш сол,купки и слично. Мислам дека масло од лаванда некоја капка е ок.

    Е сега јас да ве прашам
    Вчера ме касна нешто (оса најверојатно)на половината и во рок од 30часа местото како да се поду малце и црвено е. Прво беше малку а сега е големо како големаааа круша (во обем не подуеност). Не ме боли, понекогаш ме чеша и кога ќе го допрам местото топло е. Не сум алергична на ништо па не знам што да правам. Да се грижам или не? Прво ми беше да не му направи нешто на бебето ама она си мрда нормално и ништо друго не ми е.
    Се прснав со спреј против каснувања од инсекти. (оној што го користиме летно време да не не касаат комарци, не дека отчекував да помогне ама при рака ми дојде :lol: ).
    Ако продолжи да расте ќе одам на лекар, сега за сега што да правам? Имал ли некој вакво искуство? Да се намачкам со некоја маст?
     
  7. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    јас знам кога ќе те касне оса тоа местото да го истриеш со лед да не се дува со босилек или со кал да излезе трнот... за друго не знам.. или пак јави се на докторот прашај го чисто да не те јаде психата...
     
    На elenn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    766
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.679
    Допаѓања:
    253.190
    Лежење во када е строго забрането во бременоста, исто како и капење во езеро, река па дури и во море.
    Тргнете од тоа, бремена жена не смее да се утоплува, потоа бактериите, како и да е, треба да се избегнува и се препорачува туширање со млака вода, да не е врела.
    Јас прв пат овде читам дека е дозволено да се бања трудница во када.
     
    На koritsaki и crvenajabolka им се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Хеееј мешенца....еве ме и мене.
    Денес си го видов синко мој.... :clap: беше мирен и во класична негова положба во профил со главчето,....и беше многу интересен при крај кога почна нозете да ги става до уста и назад едно 4/5 пати така :rofl:
    На 11.11.2013. пак сме на контрола. Инаку ми рече само редовна крвна слика да направам а за скриен шеќер не, зошто сум била само 5кг поправена.
     
    На Whitecloud95, ddevojce и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. crvenajabolka

    crvenajabolka Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Во целост се сложувам , мислам дека некој трудници сепак имаат многу да научат за бременоста.
     
  12. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    ауу толку многу штом сум затната буквално неможам да дишам и ноздрите ми се лепат.. камилицата ми е завршена а дуќаните затворени за да си купам да си напрам инхалација.. некое друго чааре
     
  13. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Мајчички еве ме и мене...Требаше оваа недела да одам на контрола меѓутоа гинекологот мој бил на пат па ми презакажаа за понеделник...ах колку сакав да одам да си го видам бебечето ( и да видам моме ли е или момче :) ) ама сега ќе се стрпам до понеделник....

    Инаку вчера од немајкаде ми истекна да правам кифли и руска салата ...Си викнав пријателки на гости и печев кифли до 22.00...Ајде да ве почастам мајки Вас и Вашите бебушки.. :inlove:

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Здраво идни мамички, да се пофалам дека она што викаат за бременоста дека е блажена состојба, кај мене се воспостави дека 100 % е така. Без разлика на мачнините кои и не ме измачуваа баш, кај мене само уморот е присутен. За она што читам дека се менува расположение, дека ко лудача де плачеш де се смееш, кај мене воопшто не се испостави дека е така. Напротив, ми делува толку смирувачки, што ми се чини како некаков зен мајстор да се населил во мене, толку сум опуштена и не се замарам за ништо, што не се препознавам себеси. Нормално дека сентименталноста ми е појачана, му се нафрлам на мажот ми на гушки, на бакнежи, како маченце се врткам околу него, секое детенце што ќе го видам во мене буди нежни чувства и ред други работи кои само позитивно влијаат на мене и на другите. Прекрасно е, се чувствувам убаво, опуштено. Пред неколку вечери ми се појавија болки во половината, поготово на левата страна, тоа е кога ќе се залежам подолго време во иста положба. Сабајлето ми се повраќаше од пастата за заби кога ја плакнев устата, а користам Лакалут, нема јак мирис ама ете има по некои ситници кои ме потсетуваат дека сум бремена, оти толку ми е лесно што и заборавам понекогаш на тоа, ама сепак трезвено внимавам на себе зашто знам дека тоа е најважното нешто во овие моменти. Се нафрлам на носење на панталони дури можам, оти гледам дека веќе не ме собираат некои. Знам дека сум на самиот почеток на бременоста и дека многу други работи уште допрва ќе доживувам, но спремна сум да искусам со голема мотивација и радост во мене.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. femina21

    femina21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    3
    Зошто никој не сака да ми одговори на прашањево ?? :(
     
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    40.923
    Пол:
    Женски
    Mrs.Bass мене ова со кифлите и руската ме фати мерак минатата недела и испеков кифлички (за прв пат) и направив руска !
    Оваа недела пак ке печам кифлички им се допаднаа на домашниве :$

    Него мене почнува да ми се познава мешето веќе . Јас така ситна малечка ...со мешко напред :lol:

    Имајте убав ден :hai:
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.682
    Допаѓања:
    104.672
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека не е во ред во када бањање, лежење или одмарање, тоа се препорачува ептен пред пораѓајот, со оглед на тоа што топлата вода ги смирува болките и го забрзува раѓањето.
     
  18. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Еве и јас да се приклучам во оваа тема. Ми доцнеше три дена и вчера направив тест и излезе позитивен. Е сега, сакам да појдам на гинеколог да видиме дали се е во ред и да ми ја потврди бременоста. Па затоа сакам да ве прашам кога да појдам на гинеколог да не избрзувам или? Ќе ве молам да ми кажете/пишете ќе ви бидам благодарна. Бидејќи малку ме фаќа паника така сакам да знам дека се е во ред да ми потврдат дека сум бремена и дека со плодот е се во ред. Поздрав девојки ! :*
     
    На butterfly.mk, Mayyya, anggell и 2 други им се допаѓа ова.
  19. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Јас чекав да помине една недела од датумот кога требаше да добијам па бев на контрола.Баш се сеќавам понеделник беше кога требаше да добијам јас наредниот понеделник бев на гинеколог и се виде плодот.Така да не е лошо да си почекаш уште некој ден па да одиш.
    Имај лесна бременост и се најдобро :)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Агрона, мене ми доцнеше 3 дена кога направив тест и излезе позитивен, а 5 дена по датумот за добивање бев на гинеколог.
    Не виде тогаш плод, бидејќи сум била бремена помалку од 4 недели.
    Со испитување на урината ми потврдија бременост, а наредниот преглед ми беше по 4 недели (во 8 недела од бременоста)
    Јас мислам по 5-6 недели од датумот на последната менструација да посетиш гинеколог.
    Пред тоа можеш да отидеш, па ако не се види плодот и ти провери си крв или урина чисто колку да бидеш 100% сигурна дека си бремена, па ако не си почнала, да почнеш да пиеш фолна.
    Нека ти е со среќа, ти посакувам лесна бременост и уживај во неа! ;)
    Како ден на зачнување се рачуна првиот ден од последната менструација, па по 6 недели од тој ден веќе можеш да ја слушенш и срцевата акција на бебенцето. :)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.