Здраво поддршко...Јас влезена во деветти.Цела бременост песна ама ете сега на крајот нервози и стресови.Бебуш упорно заостанува со растење во мешето.Клексани десет ма да докторот кажува нема фајде од нив.Згора на се ешерихија ми најдоа вагинално па си заработив и Панцеф,налет.Вчера денес во Чаир цтг ок ама и таму гледаат мешето заостанува.Послефици ќе немало ама морало да се оди да се направат доплери да сме сигурни дека има проток.Ајде и тоа протокот не беше лош значи не сме за царски.Таму си добив Аспирин 100 ваљда ќе пробуваме да се оправи циркулацијата.И почести контроли кај докторот.Само се надевам се ќе е ок.Пијам еден куп нешта дури и ми се мешаат веќе па си запишувам кое кога сум го испила.Пијам и тотема со б12 со ц 1000 и плус два пати фолна.Нека е само се супер.Сите категорично дека ќе е мало и ситно бебе.Нека излезе тоа па мама ќе го здебели.
Јас бекутан користев и прекрасно мирисаат алиштата..На чико ич не и се допадна..А овој другиот не сум користела досега.јас рачно ги перев сите алишта првим со детергент од бекутан па потоа со омекнувач.
Еве ме,уште сум со бебе во меше и дебела Правевме цтг, тоа мирно. Бебе убаво си напредува 3560 грама е. Дунде едно гледајте колку пораснало,буквално никој така не се надеваше. Уште четири дена имам до термин,ама имам една мака. Мисла. Како и да ја наречам. Постелката е веќе презреана,3 степен со лакуни. Нема да те чекам рече докторот две недели после термин. На 7 дена ќе одиме со индукција,ама тоа е посебна процедура. Имала ли некоја слично искуство? Прием се правел претходен ден ... За обиди за природно зборувам... И постои ли некој ризик од презреанава постелка? Се плашам жени...
@Elena ena и мене ми се покачени леукоцитите во урина...Др ми рече од настинката што ме држеше 10 дена и исто имам плусчиња на резултатите,ама ми рекоа ништо страшно не било @cinderella5 ги имам јас пиено Лактогин во 10 недела не е штетно и мнг ми помогнаа капсулите ми текнува дека пиев 2 пати сабајле/навечер @aceee99 и јас денес првпат перев си ги исправ со Персил сензитив и супер се,не користам омекнувач само Персилов,ми го препорачаа и сварно сум задоволна.Ми рекоа да не ставам омекнувач или било што што има појак мирис Иначе сабајле бев на брисеви редовни и плус направивмe ехо.Бебка е одлична рече супер напредува и супер се храни протоците се океј она си е 2кила и200грама 34+5 недела според пропорции е се во ред амааааа сепак ми даде уште 10 клексани да ставам Демек уште 10 и после не требало... Од 5ти декември почнувам во Чаир таму ќе ме следат дека таму ќе се пораѓам.Ми даде упат со термин кај некој доктор Младен...еве читам за него доста пофални зборови има И така ми олесна малку дека се е во ред со беби сега ќе одмарам дома зошто 2 ноќи по ред сањам како се пораѓам и страшно ми е само мислам аман веќе...ај уште 5 недели сакам до крај да си ја износам Sorry за рефератов
Јас со првото бев така, една недела надносено ме примија во чаир вечерта и утредента сабајле рано ставаат провокација си дремеш си чекаш болки, ми го пукнаа водењакот и почнаа болките. Брзо се отварав за едно 3 саата со болки се породив. Тоа е со индукција пораѓај, а постелката шѕо е презреана мислам дека не е страшно пошто си на крај и да не се храни бебето како што треба ќе се породиш не е страшно.
Фала за исцрпниот одговор. Како да имав прочитано негде дека таква постелка може да се распадне па да дојде до ревизија и слично... @mariz ти да не имаше вакво искуство?
Како да се распадне?Уште тоа ми фали како што сум со паники за пораѓајот и мојата постелка е зрела втор кон трет степен ми рече докторот, 38ма недела сум јас
На секоја родилка која носи бебе до краен термин постелката е трет степен зрела и со лакуни. Воопшто не си ставајте мисла во глава, само слушајте си доктор. @verba таа ревизија ја прават за време на пороѓајот така што да не те плаши.
Мило ми е Можно е и кај мене да имало ревизија, не сум сигурна. Откако излезе бебето и постелката, акушерката ја разгледуваше постелката неколку минути, мене долго ми се виде, па ме успаа. Мислев дека е само ради шиење, но дознав дека за тоа време прават и ревизија ако има потреба. Само што кај мене не беше надносено како кај Мариз.
Можно е и кај мене тогаш да имало со првото, исто ме успаа да ме сошијат. Ама не ми кажаа ништо после тоа. Паники само
Можно е од флостерон инекцииве да осекам напнатост.... ми се плаче за се и сешто. Глупости ми се моткаат во глава и нагон за плачење имате тскво искуство ... сте имале ли чудна напнатост без потреба ???
od samata bremenost e toa,skoro site sme takvi vo razlicni periodi nedeli iscrpenost napnatost umor placki
Jas sum takva cela bremenost ke se isplacam I ke pomine I b6 pijam I magnezium so b6 ama nisto ne pomaga toa e ke pomine otkako ke se porodime
Другарка моја имаше реакција од инекциите, не го чуствуваше бебето два дена и имаше тахикардии со висок притисок. И рекоа од инекциите дека е.