Ке мора нов упат да земеш ако сакаш кај него, зашто на мене ми се испонаша кога отидов за цтг (а бев кај него недела дена пред тоа), бев тој ден со болки некои и висок притисок сабајлето и не ме прими за контрола, цтг си направив, ама не ми го погледна никој тоа цтг. А баш он ми рече да одам ако имам било каков проблем, отидов и крајно безобразен беше, не би да зборувам повеќе за тој момент, со плачење си отидов и никогаш не стапнав пак во Чаир.
Немора кај него, сакам цтг и да го ѕирне некој вака шубе ми е. А и мене ми рече нешо ако имам висок притисок, крварење болки да одам одма таму. Јас мислев да речам дека ме боли кичма нешто па да ме видат демек
Епа оди сабота сабајле, речи имам некои болки, ке те стават на цтг и ке го види дежурниот доктор. Вака со термини преку недела знаат да забушаваат и да не те примат. Ке те прашаат кај кого си имала упат и ке ти речат оди си кај него. Мене он не ме прими, иако реков дека сум со болки и висок притисок цело сабајле....
4,5 dena sekako ne mi mrdase. A mi kazaa deka 2 dena ke e taka. Ama jas se porodiv. Mrdna dur bev vo sala, za posledno da go osetam najubavoto cuvstvo na svet
Здраво мешиња . Денес сум 39+6 значи утре полни 40 според последна менструација и тоа ми беше термин меѓутоа матичниот ми го корегираше и ми рече термин на 13.11. Во понеделник бев во болница на цтг и преглед, плодова вода обилна, бебето наместено за раѓање, контракции покажува цтг веќе две недели, грло омекнато и ми рекоа да чекам болки, крварење или пукање на водењакот па да одам. Сега не знам што да правам дали сепак да си го рачунам 17ти како краен датум за раѓање па во понеделник повторно да одам или да одам утре сабајле. Болки немам освен што ми се стврднува стомакот но мислам дека тоа е од бебе бидејќи ми рекоа дека е покрупно бебе. Сето ова ми е навистина непознато и се ми е страв дека нема да препознам кои болки се оние за раѓање или пак дека нема да приметам кога ќе ми пукне водењакот и да отидам на време. Ако има некој да ме просветли малку. Благодарам.
Почнува и срамната коска да ме боли. Не можам да најдам претходно кој се пожали, ме интересира дали поминува и зошто боли во 30та недела?
Ако е свртено надоле мава со главчето. Тоа како што ми кажуваа знае да боли многу. Мене па јајникот денес ми го раштрафи едното. Сега на бешиката се закачило. Ќе си трпиме...
И мене ме болеше тогаш беше свртено со главчето доле и маваше дури и јајниците ме болеа многу сега па мислам бешика ќе ми извади многу непријатно чуство..Уште малку ќе си трпиме
Мешиња и јас да ве поздравам пред спиење и да се приклучам во групата на затнати носиња постепено по малку секој ден ама денес целосно а посебно наутро и навечер е ѓон, и тоа не е толку страшно колку моментот кога треба да кивнам за џабе се бањав пааа не е фер, не за џабе рекле најстрашно е трудница за кивне Поскоро оздравување на сите, и вечерва нека бидат мирни бебушките за да можеме малку да поспиеме
Да не се урочам, дупло спијам. Преспав и попладнево. Вчера до 4 се вртев. Ама не бев за жалење. Се најдов како прасе и не можев да дишам . А и сега не сум поарна. Не кажувам што, овде има стрвни. И не се жали за хормони. Глеј на Алфа она забеганоно реално шоу и види нетрудна какви се отидени. Ние сме златца.
Јас сум 23+5 и денес имам цел ден болки во препоните и колковите... И кога одам во вц.... Се ми е уредно, крвна слика, постелка, бебето напредува супер... Не знам дали е тоа од вчера што пешачев или нешто страшно е.... Цел ден лежам
Поголем вампир од мене нема Секоја вечер си легнувам во 3, дур заспијам 4-5. Еве пример денес, цел ден, го прередував шпајзот, се истуширав и сега легнувам. Утре ќе спијам до кај 1 сигурно Како ќе ме биди со бебе не знам
38+1, цела бременост го водат бебето како помало. Во мојот град не породуваат, па упат имам до друг. Вчера на цтг и ехо прв пат кај нив. Докторот е познат по желба за царски рез, па упорно не' убедуваше тоа да биде што побрзо, демек бебето може да не се хранело, може да било штетно за него, да не сме ризикувале...??? Така ние лаици во сето ова, збунети сме, тој спомна уште вчера дека може да правиме операција, а тука ништо такво не ми најавија, освен дека е помало но дека НЕ заостанува, има прогрес... и сега чека да решиме и да се договориме. Илјада прашалници во глава!!!
Зошто царски ако е се нормално, може и природно да те породи со провокација. Ај доктори се валда знаат повеќе од нас
Пробај со хербион сируп од Тегавец за кашлица , на природна база е . Јас некаде во 10 недела многу кашкав и матичниот ми рече слободно да си го земам сирупот. За ден два се средив
Мислам дека се нормални тие болки во препони, болат цела бременост кога повеќе кога помалце, сега веќе стануваш поголема, бебе расте, не се секирај.