Не ме боли под прстите, туку кај зглобовите баш кај што ми се отоците. Солено јадам нормално, ништо претерано. Вода пијам многу во текот на денот, овошје и салати секако...
Јас бев на цтг реков дека ме боли кичма за да ме примат. Цтг мирно нема контракции, плодова вода има, постелката зрела со калцификати и 1 прст отворена. Ме пуштија дома за една недела контрола и без тоа жени што беа за раѓање им викаа да дојдат за 2- 3 саата пошо фул беше во чаир немаше место.
Една недела со еден прст отворена? На колку дена одат прегледите после 36та недела? Припрема на матката, имаш контракции али не се оние вистинските за породување.
А тие нормални се да ти кажат дојди после една недела а што ако е отвориш вечерва е затоа ми беше страв за во чаир и несакам да слушам никад веќе за нив..имало гужва па што ме интересира мене.. не ги слушај и оди на секој 2 дена ако немаш болки на цтг и да прегледаат така отворена дома верувај јас не би седела ми ден камоли недела дена господ нека те чува да се породиш што побрзо
Биле за раѓање а им рекле вратете се за 3 саат нема место,зарем ќе се ослободи за три саати? Што е со тие од чаир јас незнам.
Еден сантим па и два може да биде отворено грлото подолго време. Со првата ќерка бев 1см отворена од 34та недела па се до крај. Нормално е дека враќаат за волку. Процесот е почнат ако веќе грлото е отворено 4-5см па тогаш ги задржуваат во болница. Цтг-то според мене, а и според искуството на многу други (во однос на контракции) не е некој меродавен показател. Едино добро е ради пулсот на бебето да се направи. Правите контракции за раѓање неможе да не ги препознаете. @Elena ena алал да ти е колку послушен пациент си била јас не би издржала да седам дома а да мислам дека тоа мора да се трпи
А отварањето од 1-2цм болно е? И зашто коа веќе почнало отварање запира така? Намерно ти го сопреа или само од себе? Јас сум 33та, со скратено грло, па си барам утеха дека и да има отварање ќе можам да терам уште некое време ☺️
Незнам на колку одат јас бев во 37ма и др. Георгиев и ми рече следно цтг во 40та недела. Денес отидов онака затоа што ме фати шубе едно цтг у цел 9ти месец и незнаев ни дали ќе ме примат на преглед па лажев демек кичма ме боли. Според нив 1 прст не било ништо а нормално ако ме фатат болки, водењак ми пукне или крварам ми рекоа одма да одам ако не за една недела.
Припремни контракции се, тоа стврднувањето на стомак, лежи на лева страна или менувај положба и ќе помине.За отварањето еден прст ништо не е, и ја со второто така шетав некое време, абер немаше. Раѓањето е со над осум, а во болница задржуваат над три ако си отворена мислам. Си избегаваат гужва.
Јас со првото до 6 прста немав болки после 6 прста ми почнаа. Битно вода има ми рече се храни убаво, па сеа кога ќе му се искача тогаш
во минатата бременост во 22ра недела се испостави дека сум 2см отворена , до 37ма недела 4,5см бев отворена веќе ни болки ни водењак ми пукна 37 + 2 веќе 5 см и ме однесоа на пораѓај, освен што цело време доле осеќав притисок ништо друго посебно не ми се случуваше , веќе водењак кога ќе пукне 6 см тогаш почнуваат болки - нема простор за паника само лабаво
Не се осеќа, зашто сеуште не е ни почнат процесот. Не ми го сопреа, едноставно истерав до крај. А ми предвидоа дека ќе сум се породела во следните два дена За скратено грло што ти рекоа? Веројатно повеќе да одмараш и да не дигаш ништо потешко.
Да одмарање, пазење, повеќе лежење, физичка работа не или дигање тешко, боледување од работа (дека работата ми е со многу движење и возење) и вагиналети утрогестан. Па се надевам ќе истерам до некоја побезбедна недела. Ептен си го фатив мирувањето сериозно, "село гори - баба се чешла "фаза сум не мрдам за ништо
Зависи. Првото мислев дека бебе ќе испадне, тоа ниту прст отворена кога стасав. Третото околу две недели 2-3 прста отворена шетав, немав мака.
Kaj mene bese bolno poso imav kontrakcii. Grloto veke voopsto i go nemase. Cela bremenost bEv so skrateno. Vecerta bev eden prst otvorena a sabajleto veke 6 prsta. Me porodija so iten carski vo 34ta nedela. Imade mnogu zeni na patoloska so bea otvoreni i po nekolku nedeli i uste si teraa. Duri i so puknat vodenjak gi imase.
Одам во вц,се враќам до спална,додека легнам пак притиска на мочен меур. @monik55 на тебе ме потсети ова. Лаку ноч..