Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Јаготче последната менструација ми беше на 14 септември, што значи требаше да добијам на 12 октомври но фала му на Бога не добив. :$ Значи од тогаш еве веќе ова е колку што израчунав вака 4 недели и три дена. Па ако не, да си појдам јас на гинеколог нареден понеделник најубаво. Ова што го болдирав што убавооо ќе се слушне срценцето на бебето значи после 6 недели. :inlove:
    И ова сакав да прашам значи може сега да земам фолна и да си пијам? Колку пати се пие во денот фолната? И дали може да си ја купам јас денес еве пример од аптека или треба да ми ја препише гинекологот?
     
  2. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Мислам дека треба одма да си отидеш. И ништо да не се види ќе ти направат уште еден тест и ќе си знаеш за сигурно. Ама сега со новиве апарати одма се гледа, и фоликулот дури се гледа. Во секој случај ќе ти објаснат за преднатална нега, и за витамини и фолна киселина ќе те упатат. Па после ќе ти каже лекарот кога пак да дојдеш.
     
    На Agrona и zalosna им се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Фолна уште сега можеш да почнеш да пиеш, гинекологот ќе ти даде само препорака која да си ја купиш, инаку не оди на рецепта.
    Јас ја пиев на Алкавит зелената од 0,4 мг.
    Инаку фолната ти е всушност витамин Б-9, треба да пиеш по едно апче на ден, се до крајот на третиот месец од бременоста. :)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    добар ден женски јас денес сум ко прегазена од воз... затната кивам гласот ми е фатен абе катастрофа :x настнката сака да ме собори во кревет ама јас не се давам јака зенска сум :shake: .. се лекувам со чај лимони овошја супи... се надевам нема да качам температура. инаку сега ја измерив на границата на 37 е... белким нема да се покачи.. бидете поздравнки и уживајте галејте се со мешковците.. и мојата ќеркичка стално ме шутира :D срцката моја .....
    аргона добредојде и уште еднаш со лесно
    мр басс пушти некоја кифла по такси машала ти се погодиле :D
     
    На Mrs.Bass и Agrona им се допаѓа ова.
  5. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Арагона, честитки и добро дојде во клубот. Мене ми касенше 3 дена, направив тест кој беше позитивен и наредниот ден бев на лекар ми потврдија бременост.

    ДДевојче, :coffee: уствари чајче за да оздравиш побрзо. :)
     
    На Agrona и ddevojce им се допаѓа ова.
  6. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Арагона добредојде во клубот мила :*
    најубаво да си појдиш на гинеколог во понеделник :) а дотогаш гали си го мешето и уживај...
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Честитки Agrona! :* :* Да си имаш убава и лесна бременост! :)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Закажав во понеделник на гинеколог. Едвај чекам да појдам да видам што ќе ми рече :$ Чувствувам некоја трема убава трема позитивна. Дај Боже се да биде како што треба. :inlove: :*
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    ќе биде се во ред душо само со позитвни мисли.. само немој да креваш тешко и секако почни да се храниш со здрава храна. овошја зеленчук и млечни производи... ти посакувам се најдобро
     
    На Agrona и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  10. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079

    добредојде во клубот мамичле :) имај лесна бременост , и доколку не го види веднаш плодот не се грижи, и мене ми рече првиот пат дека имам задебелување на матката,ми рече тоа е или бременост, или знак дека ке ти дојде, вториот пат ми рече поголемо задебелување е како нешто да се закачило на матката најверојатно е бременост, и третиот пат виде точкиче што живот значи односно бременост. :)


    Иначе да направам и јас рапорт, со оглед дека сме скоро 33 недела полека се спремаме и психички и физички за главниот чин. Примеќам дека бебушот е нисско симнат , не е веќе горе како што беше па не знам дали тоа значи дека можно е порано породувње од терминот или не, ама да сме здрави и живи ќе видиме.

    Поздрав. :hai:
     
    На Agrona и ddevojce им се допаѓа ова.
  11. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Здраво мамички и јас сум прилично на почеток, 6+2 сум :clap: На ехо пред 6 дена се виде точката,имаше жолчно ќесе-појма немам што значи тоа?? За 2 недели сум на преглед за срцева акција. Уфф кој ќе издржи до тогаш :devil: Сакам викендов да одам кај матичната уште еднаш да ме зирне за секој случај, да се осеќам посигурно.
    Само нека ни множат што повеќе трудници :clap:
     
    На Agrona, anggell, Whitecloud95 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Добредојдовте мамички во клубот. :* Само вакви вести да читаме и да се радуваме за секоја од вас. Ние сме добро, се тркаламе :lol: (како што би рекол мм), верверко клоца ли клоца :inlove: . Само што ќе почнеме да зборуваме за него одма се јавува, или пак кога ќе се гушкаме со татко му не престанува да мава. А сега веќе не е интересно како порано, сега боли. Неможам да го пипнам стомакот од болки. Ајде ќе издржиме уште малку па после ќе се гушкаме.
    Инаку butterfly.mk мене сега ми се качува бебето нагоре, мислам дека не треба да се симнува. Лежи одмарај уште малку, рано им е да излегуваат, бар уште 3-4 недели. ( :tmi: ама ситно броиме).
     
    На Agrona и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  13. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    46.216
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се уклучам на темава како тазе мамичка :D
    Последната менструација ми беше на 15 септември, а скоро секогаш ми доаѓа на 28-29 дена и викам ај да направам еден тест иако мислев дека е рано и кога оп ете ги толку посакуваните две цртки, можете да ја замислите радоста, додуша втората цртка беше малку бледа ама се познаваше :rofl: :inlove:
    Деновиве ќе закажам на доктор ама не знам да не е многу рано или не, што мислите вие поискусните? :D
    Имајте си пријатна вечер :*
     
    На Agrona, butterfly.mk, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Честитки и за новите идни мамички и од мене. Со лесно да си поминувате и топлете се да не настинете како мене :D
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Охоооо машала колку нови мамички имаме тука :party:
    На сите нека ви е со среќа и ви посакувам лесна бременост :)
    За нас завршува денот,одиме на спиење...Лека ноќ од мене и клоцкава моја па се читкаме утре :*
     
    На Agrona и Rabbit им се допаѓа ова.
  16. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490

    Доколку се појави втората цртичка без разлика бледа или не...Трудна си:D
    Честиткиии :) :) Не е рано воопшто ...фетусот се гледа уште во првите недели доколку е стварно зачнат:)
     
    На Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  17. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079

    епа знам дека е рано,ама баш вчера приметив дека е долу,и кога мрда можам да кажам дека скроз долу го осечам,кога мм ке ја стави раката под стомак,значи кај што завршува стомакот и почнува БИИП, се осеќа мрдање од убаво. За активност е бааги активно, и што викаш, кога се гушкам со мм партали ме прави.

    Честитки и до Rabbit имај лесна бременост :hai:
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Agrona и iki26 добредојдовте :clap: имајте убава и лесна бременост!

    Инаку јас сум добричка, малку нешто забиве ме зезаат, поготово десниве.
    Инаку цело време сум ненаспана, тоа е чудо едно, а синко станува се поактивен и поактивен. На секој саат мора барем еднаш да се јави дека е тука :D
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    46.216
    Пол:
    Женски
    Фала на сите за честитките и се надеваме дека на мене и Agrona ќе ни прават друштво уште нови мамички :D
    Им пуштам среќа на сите што очекуваат да си видат две цртки :inlove: :rofl:
    Имајте си убав ден :*
     
    На CrazyGirl15 и Agrona им се допаѓа ова.
  20. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Добро утро женски како сте ми?Дали се наспавте?
    Јас последниве 3 дена ама никако да се наспијам,се разбудувам во 5-6 како да имам аларм вклучено после тоа ми треба 1 саат за да заспијам пак...не знам зошто така ми се дешава ама мноогу ме мачи...

    Инаку ние сме си добри,синко го однесовме во градинка а сега со дуда моја го правиме нашето убаво тетовско тавче гравче,кој е за нека повели,мислам дека има повеќе од што ќе ни биде доволно нас дома,како за цела зграда да готвам :lol:

    Како ни се новите мамички,се привикнаа на новата ситуација? :D Ви следат навистина многу убави моменти ;)
     
    На CrazyGirl15, Mrs.Bass и Agrona им се допаѓа ова.