@@Verba ме изнасмеа... И јас така се осеќав... А се роди 1 ден после термин, ама тешко е на крај. @saramila09 со лесно.
Знаете што размислувам? Провокација или директ царски? Не дека знам дека може на царски да одам. Која е побезболна/подобра варијанта? За мене,за бебе?!
Ако нема индикација за царски подобро од природно нема, не се плаши од провокацијата јас за првото бев со провокација многу брзо се отворив и немав интензивни болки повеќе од половина час. Е сега викаат беба повеќе се ''мачи'' природно ама бенефитите од минувањето низ родилниот канал се големи. За мајката нема правило може од природно да закрепнеш за ден дв може и месеци да потрае, исто и со царскиот но не треба да се занемари дека е пред се сложена операција на абдомен. Како и да бидне се е само чекор до гушкање со бебка
Здраво мешиња. Дали имате искуство, или имате слушнато за бременост со "срцевидна матка" мислам "дворога" ја викаат? Имамеслучај во фамилија бременост 5та недела со таков случај. -Прашувам во оваа тема бидејќи трудниците се најактивни.Поздрав!
Еве ме и мене,уште на темава.Више ми се смачи.Термин ми е петок,а абер немаме. Имам болки додуша,но не е тоа тоа. А и ме загрижи членката погоре,и моево е мн послабо активно деновиве.На последното цтг заспано беше,па ми го размрдаа стомакот,се разбуди.Сега,дали дека почнав да внимавам на храна,кафето го откаав,малку ми се крена притисок,ама сега се среди.Ок,било спиело.Ме немаат на ехо видено. Почнувам и јас да се плашам,зошто не сака веќе да излезе.Притисок некој осеќам цел ден доле како за во вц,а кога одам капка две.Ќе појјдам утре,за движењава ми е.Не дека не мрда,знае убаво да се исклоца,но некако мене ми се ччини дека намалени се.
Има случаеви каде што без проблем ја поминуваат бременоста,јас не бев таков случај после една неуспешна бременост случајно ми беше откриена и остранета,кога прашав дали ако не ја остранев и останев бремена повторно ке беше истото?добив одговор 99%да,тоа беше мојот случај
И јас во последно време мислам дека се намалени движењата на бебо.. мрда, не дека не, се тегне повеќе, некогаш ика, ама до пред 2 недели ми се чини поактивно беше.. сега само гледам на саатот кога последен пат сум го осетила. 35+1 сум инаку.
Дај боже се да биде како што треба, ако не се спомне преграда значи ја нема, или сигурно е со преграда? Нејзе и е кажано само срцевидна матка дека не се останува трудна веднаш и дека може да има ризична бременост, толку и е кажано
Преградата е таа која ја направила матката од крушкаста форма во срцевидна,сепак требело да се направи хистероскопија и да се донесе матката во права форма,но има случаеви каде што и после две живородени деца дознаваат,индивидуално е но нека ја пратат почесто
Нема правило. Првата со провокација и до крај инсистирање на спонтан и покрај компликации. Мораа мануелно да го симнуваат, бавно отварање, епидурал која не фати... Со месеци не можев на газот да седнам или ако сум на подот мораа да ме креваат. Вториот пат спонтано, лесно прелесно. Од пиродилна сала пешки до трети кат и директ под туш. Си облеков трењерки, детето додека го прегледуваа си седнав во кафетерија. Третиот царски, после 12 часа ме станаа, после 48 часа шетав, после 5 дема дома кога бев си ги вршев сите обврски околу трите деца. Ако ставам некој редослед, посакувам на сите спонтан пораѓај како мојот втор, или царски како мојот трет.
37 ned sum ti koja ned si inace deneska Dr samo mi napravi ctg se bese ok a vo pon ke treba da odam za priprema za krvna slika za eho I za ctg I ke mi kazat koga ke bide carskiot rez
Моево вчера од памет ме извади, тивко беше на работа, и си работам, кога ме удри долу лево прво во јајникот, мислам дека таква болка оддамна не сум почувствувала... Денес си претка ама смирено... Не знам што му беше вчера инаку сум 24+3со лесно нека ти е
Девојки ви се има ли случено да мислите дека ви се оди во вц дека ви моча да неможете да издржите и одиш у вц едвај два три капки а чуството и понатаму исто? Мене сега ми се деси така малце се исплашив после помислив бебо може притиска на бешиката или нешо друго е? 26+5 сум и мн паничам ама ова малце ме испчаши уше имам такво чуство дека ми се моча нешо притиска а кога одам у вц едвај два три капки