Паѓањето на мукозниот чеп се смета за еден од првите знаци дека започнал процесот на породување е сега може и по неколку дена па и недели од неговото паѓање да се случи тоа. 37+4 сум и 2цм отворена, со омекнато грло и по некоја контракција па докторката ми кажа за една недела контрола. Сакам да ти кажам да не се паничиш прво мислам дека воопшто кај тебе не е во прашање мукозниот чеп туку е исцедок, а на докторот може да му побараш да ти измери цервикс и да му кажеш дека имаш зголемен исцедок да види која е причината за тоа.
За да падне чепот грлото скроз треба да е скратено. Многу поразличен е чепот и шанса нема да го помеша некој со обичен исцедок. Плус тој е голем и или паѓа цел одеднаш или паѓа на делови, личи на мрсул. Кај мене во двата случаеви, двете бремености кога падна беше кафен, со крв уствари помешан. Побарај да ти измерат грло за да ти е мирна главата, но мислам не бил чепот тоа
Штом се чисти брисеви, не ставај ништо, ајде ајде ќе се издржи, не е тоа воопшто страшно, со 5-6 пара гаќи на ден сум уште од сега па ништо не ми е. Стегнете малце заби бар исцедокот не е ништо страшно, гледам на многу пати е спомнат.
Беше такво долги лигаво како белка од јајце и закачено у вц освежувачот во шолјата нз како успеел на него да се закачи. Инаку докотрот ми мери грло секој пргелед ама не вагинално па затоа последниот пат отидов приватно кај др доктор ми мереше вагинално и меркуте беа исти и кај двајцата доктори со 35 ми беше. Утре ќе му кажам шо како приметив се надевам не е чеп не сакам пак кога веќе стасав до поголеми месесици пак истото да го преживувам
@Meckicja @@Verba женски со лесно само. Многу ми е интересно, или не се пораѓа никоја или 2,3 одеднаш. Со Господ напред ајде да си се олесните.
Трета смена тука, благодарност за поддршката. Јас повторно имам болки во стомакот, за еден час два пати бев по голема и тоа течна столица. Како да читав некаде дека и тоа е знак. Сакам да легнам и пододморам (ако воопшто можам да заспијам). И онака сабајле сум на преглед, ваљда нема дома да се породам...
@verba ајде со лесно нека е, ако може да дремнеш малку, дремни си, ќе ти треба. ^^ Еве јас да се пријавам трета смена, не одам на работа ми се поремети ден и ноќ, ќе станам утре порано за да се вратам во колосек. Порано си легнував во десет, секое сабајле на работа, сега навечер си апнувам нешо, си гледам серии и дуфтам до кај еден другиот ден, сама сум си, чекам да се врати мм од работа. Сите викаат уживај додека можеш, после нема спиење, нема одмарање, ама здосадува, ми фали работа многу. Порано од работа ретко право дома одев, се одевме некаде, нешто правевме, пред периодот на селење, ги меревме секој ден продавниците, пред тој период си одев на тренинг. Ова останувањето дома, многу нагло ми дојде. Не дека се жалам, ете така да си кажам.. Добра ноќ и со лесно на тие пред термин.
Завршив со прегледот девојки. Утрово пред да тргнам повторно имаше дел од чепот на хартија. Напредок во отварањето никаков. Пола прст повторно. На цтг покажува контракции на десет минути кои јас не ги чувствувам... Пак треба да правам цтг за три часа, за да следиме. Др вика да те примиме,ама не знам кога ќе биде не сакам психички да паднеш, може цел викенд да помине .... Памет немам веќе ...
Јас сум 24+5 оваа недела цела тоа го правам..... Особено наутро.... Имам доволно за да измокрам, а после 5 мин таман ќе се облечам и пак се враќам...
Верба од една страна подобро е да останеш во болница, за се нешто ќе можеш да се консултираш со медицинско лице, вака дома нема да мислиш на ништо друго сем на пораѓајот и дали е време или не, ама од друга страна ти да лежиш во соба со уште 4 жени и да ги испраќаш сите дома со бебуши стварно тешко ќе ти падне. Мој совет, спакувај се и пушти се во city mall на шопинг, начекај нешто на попоуст за бебушот, може ќе се излаже да излезе Ти пуштам среќа со лесно да поминеш и за брзо да се олесниш
Опушти се и немој да се секираш оди редовно на цтг како ќе ти рече доктор, ако можеш и колку можеш движи се може ќе помогне за побрзо отворање, на бебе ептен му се погодило кај мама во меше, колку си точно денес? На крајот на краиштата ако ти рече дека мора да останеш барем ќе си под надзор медицински и ќе се чуствуваш посигурно. Уште малку имаш до средба со бебе
Јас не би останала во болница,освен ако ептен мора.Ќе се мрднам таму,од мисли за децава.Тебе ти е прво мислам,па ако мислиш дека е подобро,остани си.Но,и од дома секако си на готовс,барем порелаксирана ќе си бидеш,вака ќе гледаш породувања,бебиња,штом почнува чепот да паѓа,ќе почне може и раѓањето.И јас допрва ќе одам покасно,иако нема знаци,се надевам ќе ми речат ај да те породиме .
Девојки влагам во 11 недела и цела сум затната. Не можам да дишам едвај зборам а и главава кај синусиве ќе ми експлодира. Кажете ми искуства како да се справам со ова? Супи и лимони јадам..
Добро утро мешиња Ние денес го завршивме и вториот скрининг, официјално бебушката е од понежниот пол докторот кој ни се погоди беше многу молчелив, не гледаше може половина час и повеќе и ништо некажа. На крај само додаде дека според тоа што тој може да го види бебето се развива одлично и одговара на неделата по која се водиме од првиот скрининг само наместо 22+6 сме 22+2. И така среќна појдов до кај матичниот кој ме разочара дека ништо не направил докторот затоа што само направил биометрија а не скриниг и земал само 5 мерки а тој земал самиот многу повеќе. И сега незнам што да правам дали да одам на друго место? Какви се вашите искуства со овој преглед и дали некој бил на приватно?
Види сега јас што ќе ти кажам. Др Кочовски се важи за еден оф подобрите гинеколози на Гак. Он сигурно не гледал пола час за да измери 5 мерки,како не направил скриниг кога човекот си гледал пола час и си кажал сее во ред. А тоа што молчел повеќето се такви,еве кај Димчев во Систина нема ни толку да ти гукне а ќе те гледа 15 мин а ни толку. А матичниот незнам што треска кога врска си нема,кој ти е матичен ако нее тајна? Види сега јас што ќе ти кажам. Др Кочовски се важи за еден оф подобрите гинеколози на Гак. Он сигурно не гледал пола час за да измери 5 мерки,како не направил скриниг кога човекот си гледал пола час и си кажал сее во ред. А тоа што молчел повеќето се такви,еве кај Димчев во Систина нема ни толку да ти гукне а ќе те гледа 15 мин а ни толку. А матичниот незнам што треска кога врска си нема,кој ти е матичен ако нее тајна?
Матичен ми е Др Никола Личовски од Аеродром, многу ме изнервира ми се лоше од нервоза како може така да ми каже. Реагираше за скрининг затоа што на извештајот има пишано дека е направена боимерија а не скрининг на сите органи. Јас видов дека ги гледаше органите ама нема пишано ништо, имам мерки за BPD, HC, AC, FL и HL и за Cerebellum. Знае ли некој кое е што е? Кочоски спомна колку што тој може да види се ево ред но да си знам дека се неможе да се виде на овие скрининзи, и ме праша колку години имам и дали ми е прва бременост. Сега кога си ги вракам зворовите негови и ги поврзувам со овие на мојот матичен главата ми е хаос ми се плаче на цел глас, зошто се прават испитувања ако ништо не кажуваат што ако има нешто. Не исплаши премногу незнам дали да одам на приватно