Rabbit мила јас и ти во исто време сме останале труднички. За убаво нека е само. Дај Боже вака да имам што повеќе и повеќе идни мамички. И јас им пуштам среќа на сите што чекаат да видат две цртки.
Добро утро и од нас Јас се наспав убаво. Во последно време спијам по 6саати денес 8 дури и преспана бев. Сега и книга и уживанција па поручек малце шопинг за бебушка. Овие два дена е многу активна. Од кога ќе станам додека да заспијам. Од 60 мин она 45 мрда. Понекогаш боли, понекогаш не. Не ми се верува дека уште малце 8ми месец. Оддвај чекам да дојде Д денот. Уште 67 дена
Па баш јас тебе те читав дека последна менструација ти била на 14 септември а мене ми беше на 15 септември и ти правеше тест во понеделникот викај јас ќе правам вторник-вчера Значи ептен блиску сме, ајде само за убаво нека е
Честитки до новите мамички! Од се срце им посакувам лесна бременост, преубави моменти со партнерот, подршка од најблиските и најважно од се подалеку од стресни ситуации. Воедно со честитките да си прашам нешто што деновиве го приметив а многу ме загрижува. Имам многу силни болки во кичмата, киселини 24/7, страшни вртоглавици, како расцеп долу осеќам кога чекорам. Можеби некој ќе рече што ѓавол чекам да идам на гинеколог, ама ако верувате 3 пати бев, затворена ординацијата, а тел. исклучен, и приватниот и службениот, домашен и звонам, тел. вод се сервисирал. Одам во државна ми велат без упат ништо не можеме да преземеме земи упат од матична. Ако знаете нешто во врска со моите болки кажете ми, затоа што сум очајна. Секој ден одам до матичната, и се изгуби трагата на жената. Во понеделник закажав за во Скопје. До тогаш останува да чекам...
Rabbit ооо па и каj тебе имало новост епа аjде со лесно и убаво нвка ти е. Инаку jас еве древмам на fax и неможам да ви опишам колку се неудобни столициве...не ми е мака што идам со саати на fax, колку што ми е мака од што е столчево неудобно за седене.
И јас сум тука некаде со вас. Последен циклус ми беше на 2 Сепември. СИте сме неколку дена рзлика Што убаво сите ќе се дружиме заедно.
Ве молам, каде се прави скрининг во државна, на кој оддел? И тоа ли е задолжително за да се закаже? Ако првиот скрининг е за Даун синдром, кога се прави Приска?
^по ново велат дека е задолжително, првиот скрининг ти е околу 13та недела, за Даунов си дром,Приска.... А вториот скрининг за откриване на аномалии е од 20та до 24та недела. Првиот скрининг ти го прави матичниот и он ке те упати и за приската што и како а за вториот имаш опциjа да бираш дали каj матичниот ке одиш што сигурно е околу 2000денари или на време да си закажеш во државна кадв што е 150ден ако не се лажам
добар ден и од нас гледаме повеќето се жалите не сте биле наспиени.. јас можам да кажам дека сум спиев до 11.. ќеркичката ме клоцка убавицата на мама само чекам да мрдне и веднаш раката на стомак да ја милувам.. инаку има периоди кога ја осеќам низ цел стомак ама најчесто долу мрда под папокот и околу јајниците можеби таму и е најудобно.. јас со настинкава сум и така и така денеска малку подобра но сепак носот си е затнат никако не се дише среќа шо температура не сум качила вчера ми беше на граница 37 со 2 но фала на Бога не се покачи па не пиев ни парацет. ни аналгин.. иако времето е врнилаво сепак ќе излезам на воздух да ме фати дома сум тое два три дена затворена .. поздравче убав ден
добар ден на сите денес си бевме да го зирниме бебуш направивме мала контрола,кај мене притисокот и кг ми мерија па потоа го зирнавме и бебуш мислев Kе го видам поубаво ама само срцето му го слушнавме и малце кај главчето го видео па рекоа дека наредната контрола ке се види поубаво што е,ама изгледа девојче па како сигурно несигурни и така тоа се остави за ноември...се надвам тогаш ке се нагледам повеке на бебуш,со 1Mинутка ништо како да не видов,ама гO слушнав срцето душа моја здравје,само да ми биде здраво и живо поздрав
мила дали праша за малце опуштање во када ?[/quote] ах мила тоа заборавив бидејки имав да прашам за таблетки па потоа резултати и почнавме со мерење на кг и притисок и бебче и заборавив се надевам наредниот пат нема да заборавам,до тогаш нема када море да си запишам некаде за наредниот пат да незабораван,бидејки кога идам бебуш да го видам само тоа чекам едвај
А да ве прашам девојки нешто Вака малку може глупаво е прашањево од моја страна. Сакам да прашам дали е штетна UV ламбата ако правам нокти? Да не има зрачење некое. Сега знам дека и од мобилен има зрачење и од лап топ од сегде има зрачење. Но, ете јас да си прашам некако сакам да си знам, и пак ќе речам не ми замерувајте ве молам може е глупаво прашањево. Спојлер И дали и аналгинот, парацетамолот, витаминот Ц и други некои апчиња не треба да се пијаат во текот на бременоста.
Здраво женички мои мили,како сте? Да им посакам добредојде на новите трудници и да ви посакам најлесна бременост. Еве јас ја минувам полека и 8-та недела,само некако искрено да ви кажам многу убаво се осеќам,немам ниту гадење,ни болки и сите оние пропратни симптоми со бременоста што дури и се плашам дали е се во ред.Следната недела сум на контрола па едвај чекам да видам дали е во ред гравчето мое Убав ден на сите и чувајте ми се
Витамин ц јас обавезно земав со железо, кај нас во Гр обавезно ни даваа за време на бременоста железо, калциум и фолна , така да железо и витамин ц е најдобра комбинација значи витамин ц не е воопшто штетно да се зема, за ув ламбата имам слушнато дека не е добро да се користи во бременост нели и телефоните и лаптопот зрачат но сакам да кажам ншто ако може да се скрати , ок е сепак ти ако сакаш да ги правиш толку ноктите прашај си го гинекологот
feminki denes bev na kontrola i znajte sto mi rece doktorkata,,lelee rece ti imas golemo bebe maz ti krupen e da i rekov e na nego izgleda e ,,jas sum 35 nedela a bebeto e kako za 37 nedela ,,mi rece deka mozno e i za brzo dase porodam ,,bebeto e tesko okplu 3 i 200 kila
Аналгн во бремент не,парацетмол му е лек за се за време на бременост.витамин ц исто е ок.фолна киселина и магнезиум 250 се пие цела бременост за тоа со ноктите најдобро си знаеш,некои викаат штетно,некои не па сама ќе си видиш.