И јас би останала во болница,ама да пушувам тука глупости како на некоја и искачало бебето и слично е без врска барем малце акал да се има,да си дадеме подршка и позитивна енергија. Верба земи работиси нешто по дома движисе и после накај 6 пак оди на клиника. Со лесно мила и без грижи.
Како бе глупости? Не се глупости и има такви случаи. На снаа ми така и се случи. Во лифтот во болница ќе се породела. Треба да се слуша докторот Ако тој рекол да остане, значи треба да остане.
Јас да сум пред пораѓај да чекам секоја минута тоа не би ми било убаво да го слушам и читам,но еве како си сакате така пишувајте си.
Девојки, едно прашање, имам болки на десниот јајник имав и пред 4 дена, матичната ми рече дека бебето притиска затоа те боли, денеска пак имам болки, таа ми рече сменија положбата и ке ти помине ама мене ме боли ненстоп и станата и легната, сум 17+3, шти мислете вие дали е нормална болката или да одам на друго мислење. Поздрав
Јас имам таква болка на левиот јајник мислам ме боде од напред до назад .Некни и парацетамол се напив не се издржуваше ама тогаш би ми била овулацијата па може од тоа е. Матичната ми рече се додека не приметиш нешто стварно лошо и да имаш болки неподносливи да не се плашиш.Ако беше на преглед и се е во ред тогаш не се плаши ништо не му си расте бебето убаво му е
Фала многу, све беше добро бебето 3 дена поголем беше. Можам да го трпам ама реков да не е нешто лошо. Поздрав
Жената не е ни отворена,зошто ја плашите,кога почнуваат интезивните болки,тогаш почнува отварањето,значи не е будала да седи дома со болки на 10 15 мин. Плус прворотка е. Работи си нешто дома, размрдувај се ,како што пишала погоре членката и чекај си.И јас така,си наоѓам лесна работа,прашина,диплам,ова она,кујната ја светнувам секој ден . И моево нејке,терминот помина,денес покажа убави болки,докторката вели мора да се отвориш со овие болки,но пола прст сум само.Утре пак.Ајде ситно броиме,кога издржавме до овде,па за некој ден.
Јас го имав истото и до 12 недела пиев многу јогурт и кисело млеко, беше лето ми се допаѓаше вкусот и ме освежуваше. После во 12 недела ми препиша докторката Микорил вагиналети и ми помина после земањето на вагиналетите бев на контрола и ме премачка со Генцијан Виолет воден раствор... До 18-20 недела немав.... Сега ми се појави пак.... Наредна контрола ќе видиме што ќе ми кажат Да исто пишуваше и кај мене .. И плус моево беше белјаџија цело време мрдаше и пишува спречена визуелизација од моторика на плод јас отидов веднаш после ручек не знаев дека заради тоа ќе мрда.....
Супер избор, подобро дома, него ли на патолошка. Релаксирај се во топла бања, ќе ти помогни за побрзо отвање, и качувај се по скали, колку можеш повеќе, и тоа помага. Сопругот нека ти прави масажа на половина и грб, така нема да чувствуваш мн болка. Диши стомачно, и тоа ќе ти помогни за намалување на болката. Со лесно само.
Да @supergirlmb . И јас читам и тоа си размислувам. Што се се изнапиша да не може човек да си поверува. Значи, Верба не е ни отворена. Нема ни болки. Само почетни контракции кои според др можат да ме држат непородена уште 2-3 дена. Но, можат да се интензивираат и до вечер. Така што во лифт, на паркинг или во кола жена без болки има ли да се породила? Па тука велевте дека болките се големи. И сегде така имам читано.... Дури и ако не се јават болки во понеделник дури ме викна на преглед др....
@NNA фатило бебето некоја ,,лоша,, положба и ти ,,седи,, на нерв, ќе се размести и ќе мине, нормално е, уствари не е не мора баш таму да седи ама тоа е, ехехеее ушто колку ќе ,,боли,, и ќе штрека
Фала многу за одговорот ми снема интернет не можев да ти вратам таму, по грешка наместо овде да прашам јас таму. Ти благодарам за одговорот. Поздрав
јас се повеќе го чувствувам долу ниско бебето, денес се гледам на огледало и ептен долу ми е спуштен стомакот 37+5 сум, а торбицата уште не ми е спремна си мислам имам време уште Се потешко ми е, на 20 мин во ВЦ сум, а тоа е на долниот спрат едвај се качувам после по скали
Да јас имам познаничка годинава дома се породи (со помош од свекрва и во 3ч ноќеска), без некои болки Не пишувам да те исплашам, прелесно си поминало девојчето, брза помош за 5мин дошло да ги земе Инаку ке те тешам ама и јас бев таква... мислев ке останам засекогаш трудна Со првото тоа. Е со второто бев максимално опуштена, алишта перев и пеглав во 39, 40та недела Си викав има време, не се брзај... Сепак решило и твое бебе да стигне според датумот од првото ехо, или што поблиску до тој датум. До 28ми секако ке имаш бебе
Освен скаменување на стомакот и болки во половината, јас ништо друго не чувствувам. А овие работи ги имам од почеток на деветти месец. Ќе чекам кога ќе ме боли многу ќе тргнам.
I jas imam mn skamnuvanje osobeno denes bebus mrda nznznz polude se kreva cel stomak.cel den i se krivi na edna strana se sobira se plasam 35+5
Девојки само што си дојдов од ккнтрола му кажав на докторот за исцедокот речњ демек ќе сум имала породилни болки ако бил чепот и ми направи преглед рече добро било кога го прашав за глото рече демек арно било сама малце скратено ама демек како се зголемувале месеците нормално било да се крати и пак го препрашав рече одмарај лежи сега и зимај утрогеатан не ми кажа деминзија нишо и веќе не го препрашав два пати го прашав само тоа ми кажа демек добто ама дека ја со ризична бременост малце било скратено ама дека нормално било ама ја пак да лежам и тоа. Па се надевам добро ќе биде се