Качувањето по скали ти помага во полесно отварање. Ја вежбаш цело време карлицата и бебето многу лесно ќе навлезе во каналот. Би требало кај тебе да биде школско породување. Со лесно нека ти е. Јас на твое место ќе си земам нокшир. Ноќно време не ни можам да згазам на нозете од кревет ми треба кран да ме дигне во седечка позиција до доле може само како топка да се симнам, а за качување ...ќе преспијам доле
Денес прв пат ми потече крв од нос, не многу обилно , неколку капки. Малку се исплашив не знам од што може да е.
не е страшно мислам и мене некогаш ми тече и дека бев настината од дување на секоенормално е и крв да се растече да по скали ако одиш и јас читав побрзо ќе се отвори доле а после која недела мамички не е ризично пример за предвремен пораѓај ?
Ич да не се плашиш, нос ми крвари од прв ден. Некогаш и изненадно потекува. Нормално е. Од онаа распределба по болници во Европа е под 36 недела одиш директно во клиника со детски дел, после 36та недела одиш во болница без детски дел (секако можеш и во онаа со детски дел, но обратно не). Фактички 36та недела е преминот. Иако најдобро е од 38ма до 42 недела. Тогаш бебето е тип топ за напоље.
Леле луме градите ќе ми експлодираат готово од кога дознав дека сум бремена ме болат, а сега уште повеќе, неможам да ги допрам,посебно брадавиците... во првата бременост не ми беше вака цело време не дај боже прслук да ставам
Чул те Бог за лесно породување Ноќе 3 пати одам, станувањето е мноогу тешко ептен ме боли бешиката од што притиска и после уште 10 мин ме боли сигурно, ексик ќе се издржи уште малку
Искрено веќе мислам дека и рогови да ми излезат ќе мислам дека е нормално. Кај мене е ок до 130/70 е максимум, најчесто е 120/65
Deneska sum mn omalaksana skinata mi se vrti mi se losi nz sto mi e bebus na site strani udira mi se stvrdnuva stomakot nz cela den mi e vaka mn mi e loso nz sto e 35+5
Здраво девојки оддамна не сум пишела нешто, Ви посакувам сите да сте добри и оние што почнале да се пораѓаат со лесно нека им е, барем ќе се гушкаат со душите најмили Јас сум арна, правев пак крвна слика, железото ми е добро овој пат, ама се утепав јадејќи цвекло и сок од аронија, рибизла и боровница. Бебето ми е девојче и мнооогу сум среќна, арно ама денеска многу се нервирав и плачев за ситници како тоа да беше нешто што не можеше да се реши, пиев и Магнезиум ама страв ми е нешто да не и се случило не ја осекам баш.
Сите спиете нема ноќна јас влегов да проверам . Киселините ме убија, ништо не помага бебињата ги буткаат сите органи
Не викај два пати да не сетиш утре нешто на предна челна страна. Кај мене е макс 110/60 и цела бременост со низок и пред бременост со низок и цел живот со низок. Крвав секрет секој ден осум месеци, нагло потекување крв често. Вишок крв. Почна да ме боли меѓуножно од ден на ден повеќе. И навечер кога ќе се залупа на едно место како тапан да си има внатре, не прекинува со минути.
Девојки како да се справам со нервозава? До сега беб супер ама еве два дена само сум нервозна, само плачам.. се плашам да не направам нешто на бебчето. Инаку сум 28+1
Мамички од утре веќе 20та недела ќе терам ,мешко значително ми порасна мислам последниве две недели а и веќе брановите што ги чувствував сега преминаа во благи удари од внатре како од бунар да ги чувствувам знам дека е бебко и мн му се радувам ама оваа недела и имам проблеми со варењето на храната, некаде прочитав дека било и нормално оваа недела,а јас па на сета беља вчера бев излезена и веќе божиќните маркети ни се тука и мириса на храна и ја стрвен газ окркав едно гиро ама така бајаги големко и цела вечер мака мачам со стомакот ги жалам цревцата се грчат а мешко тврд камен мислам ќе препукне и уште еднаш гиро а и мислам плус што се шири секое мускулче боле и стега. Дали и вам до сега ви било така да се утешам дека и ова е нормално во бременоста или друг пат да не бидам така лакома
Иста сум, 27+1, многу брзо се нервирам и си ставам се на срце, секој збор допира до мене, и после не да плачам туку липам. Досега само чај камилица демек за смирување иако докторот ми кажа дека може и Б6 ама да не се претерува, ама јас не сум пиела поради бебушка.