Бев денес на преглед кај докторот што ќе ме пораѓа, прв пат вагинален преглед, очекував болки ама не беше страшно како што си замислував. Отвореност 1-2цм, бебенце одговара на мерки, контракции имам но не се болни. Во вторник ми кажа да одам пак на цтг да видиме дали ќе зачестат. Би требало да одам на природно породување, но докторот ми рече за секој лучај да направиме алерго тест за во случај да потреба анестезија и царски. Почетен термин ми е 17 декември, корегиран 5ти декември. Докторот вели доколку не посака бебе да излегува следнава недела, дека таа после неа веројатно ќе биде. Одвај чекам
Се прави да, денес ми рекоа да правам следната недела за ако случајно испадне да треба да ме породат царски да го имам направено.
Никој не прашува за Верба а? Во 2 ноќеска и почнаа болки на 8, па на 6 и на крај на 5 минути. Немаше избор освен да тргне во болница. ЦТГ покажува контракции до 100, болки во половината страшни отворена во 5 часот само еден прст. Др вика со вакви контракции ќе те оставам. Во 10 ч на ЦТГ контракции невидени. Доаѓа др пак не сум отворена ни прст повеќе. Ми дадоа терапија против болки и ме опуштија малку па дури и сум заспала. Сега лежам на патолошка.... Сакам да се отворам .... Колку урми изедов....
@mamaJana каде се прави? Пошо нема во секој град. @verba сите отвараме тема да те прочитаме дека си се олеснила. Кога ќе се породиш да го зашамариш Оно тебе вака а?
Имаш уште болки? Провокација ти ставија? Јас утре сум на контрола се молам да ме задржат ќе се дружиме, ама тешко некако ни болки ништо немам
Јас да не сум ти досадна и да не ти се прави притисок од прашања се повлеков. Иначе те мислам Сега си на сигурно, ќе биде мама наскоро, те гушкам!
Цел ден те мислам,те чекав во темата се породив.Уште ли? Ист случај јас и ти.А зошто не ставаат провокација,инфузија,доста те мачат.
Беба ти тренира живци. Девојче или момче е? Издржи уште малце, саати се во прашање. Ја да повторам како што ми викаат сите, ако можеш поспиј си.
Да се нашминка и дотера па ќе излезе Инаку мене демек за отварање ми имаат кажано бабски лек, чаша голема шербет (вода и шеќер) да сум испиела и многу лесно ќе сум поминела со отварање. Не ми дошол редот да ти кажам дали делува. Поздравче и со лесно