Логиката ми вика дека од шеќерот само бебето ќе збудали внатре, а мускулите кои ја затвораат матката со шеќер не се олабавуваат. Бебето веќе е со глава наместено во карлица ниту има место да се движи пред искачање. Шеќер не предизвикува контракции, а токму тие го отвараат патот за надвор. Ништо друго само контракции. Така да не би да пробувате вакво нешто
Јас мислев машките поопасни се и повеќе мачат, ама и кај мене женското повеќе ме зезаше И мене ме задржаа така, болки убави на 5мин на цтг имав, шетав низ ходници едвај и одеднаш ми намалија и прекинаа, се чудеа докторите како е можно тоа. Ме ставија на цтг, ни една болка и ми рекоа легни одмарај, сабајле со провокации. Ајде дај боже ти до сабајле да си се олесниш И јас што урми и ананас изедов и со двете, џабе, инатчиња мајкини
Утре ми закажаа царски Исплашена од една страна, од друга среќна. Не знам како ќе преспијам вечерва, нервозна сум, не знам дали си спремив сѐ, само со Господ напред
Верба мила сочувствувам со тебе, ајде издржи уште малку сигурно ке биде наскоро, сигурно на малата и е убаво кај тебе па несака да се раздели, ама се надевам дека поскоро ке се заврши овој процес. Те и ти ја пуштаме цела срекичка, со лесно и што поскоро да ни пишеш убави вести
@Ljubica87 со лесно и без грижи. И јас мислам кај да е @verba ќе се фали а богами и @supergirlmb тука е некаде, ајде само со лесно Јас пак синоќа болки менструални повремено не многу силни на неправилни временски интервали. Си чекам јас на готовс, вчера го оставив синко кај моите земав смукав, чистев кујна, вц, спални па и скали. Си реков ќе ја мотивирам бебка ама слабо. Веројатно само од тоа се ме болеше, затоа денес тмурно време мене притисокот 80 со 60, светулки гледам пред мене и неможам ни да мрднам. Дете тера дремка а јас сега ќе си направам едно силно кафе, кока кола а богами и благце, кој е за повелете
Verba гарант е на бокс веќе,чекаме вести. @Vennera.aa ,мене ми помина терминот,докторот вчера ми рече ова абер нема за раѓање,а си имам болки не се јаки,но се надевам дека ќе ме фатат,зашто не се трпи више ова. Утре сум пак на цтг,па да видиме,дајБоже да не појдам,да се роди дотогаш.Овие девојчињава стварно лошотии биле А тебе не ти е рано уште?
Според термин ми е рано, од четвртокот сум 2цм отворена и омекнато грло, а уште од 35та недела сум со безврска болки кои последниве две недели се поприлично на моменти силни. 38ма недела сум од денес. Многу ми е ниско ми се чини секој момент ќе излезе секој чекор мака ми е. Со синко бе не ми беше вака 38+3 одам лабаво на преглед 4 прсти отворена ми ставаат провокација до 8 цм освен по мекоја менструална болка и тоа во споредба со тоа колку болни циклуси имам тоа шала ми беше, околу 6 ми пукаат водењак во 7 синко го гушкав. Претходно ни болка ни во кичма ни во препони гајле немав а 30 кг ги имав ставено далеку бев потешка од сега а поподвижна. Сега се ме боли само офкам, само се тувкам, секој втор збор ми е леле чекај готово денес раѓам, мм вика аман веќе секој ден и ноќ само раѓаш аман роди веќе
Јас од утре почнувам 38ма недела, вчера ми рекоа 1-2 цм отворена, контракции чести ама не ги чувствувам, само го гледам стомакот како се крева како планина нагоре и се прави камен тврд. Болки во препони и слаби менструални имам неколку дена. Инаку во четвртокот бев на цтг и контрола кај матичниот, а вчера кај докторот што ќе ме пораѓа. Бебето после прегледот вчера ми беше ептен вознемирено, повеќе од 4 часа без престан лудуваше в стомак, дури се исплашив едно време.. До 18ч бев ок, функционирав нормално, после тоа ме фатија болки во долниот дел на стомакот и ми беше ептен мачно, легни стани со офкање, мислев во секој момент ќе ме фатат појаки болки но ништо.. Се надевам ќе издржам уште оваа недела, термин ми беше 17ти декември, ама го корегираа за 5ти, па да си истерам до термин и беба да се збуца уште малку
@Vennera.aa ти посакувам пак таков пораѓај да имаш. Богами и јас сакам така, двапати трпев страшни болки, ова се надевам чекањево ќе вреди за полесно да биде, и јас се надевам така дека ќе појдам 5 6 прсти. Ама не, само еден сум еве неколку дена. На едно цтг регистрира убави болки, др се чудеше зошто не се отварам. Ќе се стрпувам, друго нема.
Дали во 25 недела ви се правеше стомакот тврд ама погоре над папокот се разбудив со болки во стомакот и кичмата и стврднат стомак ама горе. .. Имам уште 13-14 недели до крај....
На @mamaJana и велев да не паничи во 32ра недела и сега кога ве читам дека сте сите на крај и пред мене остана само декември месец почна срцето да ми лупа. Не ми е страв од породувањето, од самиот чин, страв ми е оти ми иде редот. Не знам да опишам Со лесно нека ви е на сите. Верба да се јави на рецепција.
Јас мислам дека на Верба и го земале телефонот со образложение доста те напнуваат феминките, дај ти напни малку да излезе момето Инаку јас сум 27+2 влегов во 7ми или не? Преку глава ми е од тие апликации секоја втора различно кажува, и еве и ден денес не знам дали сум 28 или 27 недела, по на баба објаснувањето ми е најточно "пуна сине 27 а ја тераш 28", ама ај така да кажам кога ќе ме праша некој кој месец сум