Секако сте тука мајки па да ве прашам... На колку време испитувате крв од ко сте бремени?? Мене овде се на се ако ми имаа земено крв од вена 3 пати до сега
И јас си имам проблеми со дишењево а и плус кога вакво е времето кога врне имам и тахикардии ..крш и не ми помага ништо Дека ми е затнат носот и бебето ме стиска горе и неправилно дишам Охооо мене лично доста често... Си викам по бушени вени во живот не сум имала хаха Отприлика секој месец...
Еве и јас дежурам оваа вечер. Обично заспивав навечер па се будев околу 3-4,па се мачев да заспијам до кај 6,ама сега сон не ме фаќа. Веќе сум 34+5,и мене овие неколку дена ми отекуваат нозете по малку кај глуждот и ме болат,дали од времето,дали од бременоста,дали од тежината или од 7 часовното стоење на работа,ама не се издржува. Бебка е премногу активна,еве и сега не спие,постојано прави акробации во стомакот. Скоро се ми е исперено,испеглано,уште 2-3 машини да исперат и толку.Па ќе почнам и торбата за во болница да ја спремам.Рано е,ама подобро се да си е спремно,да не се стресуваме отпосле. Утре сум прва смена на работа,како ќе станам не знам . На 30 сум на контрола,па ќе видиме што ќе каже докторот. Некако еуфорија ме фаќа,не ми е страв од породувањето,сите поминале низ тоа па морам и јас,ама некако паника ме фаќа дали ќе знам кога ми се вистински болки,на време да отидам во болница,дали ќе знам да соработувам со докторите,дури стигнав да размислувам и дали брзо ќе ми зарасне шиеното место Се надевам дека се ќе заврши добро,сите да си се гушкаме со нашите бебчовци. Лека ноќ, јас уште малку ќе почувам стража,па се надевам дека ќе ме фати сон.
И јас сакав девојчеее ама ко појдов на гин ми викааа овде гледаме куре хахаах да ни се живи и здрави и со лесно да си се породимее
Јас пак сакав машко и сите ми викаа гарант е маже дека мал стомак имав до скоро...ама девојчица си е... Живи и здрави да ни се па ај за наредно бебче по наше ќе биде здравје...
Дали уште работиш ??? Извини ама јас не ги знаам законите во Македонија ама нз како одиш на работа трудна? Како издржуваш ? Не ти е тежко и мачно?? Да да Kако ќе се пораѓаш, природно или со царски?
Тука била журката значи. Изгорев од киселини +затнат нос. Еден ден да се сменам со маж ми, само еден! Раат да јадам и да ми помине денов без киселини. @monik55 да не ти е високо бебче поставено? Јас вчера ваков проблем имав. Не знаев дали ми е астамава јавена или бебе. Малку го потиснав одозгора, после 10мин се потспушти и дишев нормално. Затоа сабајле левиот јајник ми го шутираше. Тетка ми ме научи ова. Само многу нежно го правам ми е страв. Ептен ми се качува горе бебе под гради речиси.
Па не ми е многу тешко,ама веќе не ми е ни лесно. Нозете единствено што почнаа да ме болат бидејќи 7 часа сум на нозе,наведнувањето, чучнувањето ми е тешко,ама и не е толку страшно,се издржува. Некако не размислувам многу кога сум на работа,времето брзо ми поминува,сакам да сум си активна и ме радува што сеуште чувствувам дека можам. Дома ќе ми е досадно,времето не минува,па ќе размислувам што и како, вака е многу подобро. Планирам да работам до кај 37-38 ама да видам докторот прво што ќе има да каже,па тогаш. Подобро да поработам сега повеќе,па потоа да си седам со синко.
за против киселини да џвакаш мастики или пак ко ќе те фатат малце да лизниш сол.. Јас првото го пракикувам и еве 8 месец до сега само 2 пати ме има фатено.. Би ти рекла одмарај и не се заморувај
А ова со затнатиот нос е до времето или така треба во бременост. Затнат ми е кога ќе станам од спиење и потоа околу 12-1 ми се одзатнува, цел ден нема ништо,утредента пак иста песна,и тоа од неодамна почна,кога влегов во 8 месец. Во почетокот на бременоста имав многу киселини и постојано го повраќав тој кисел желудочен сок,а сега чувствувам како ми гори во желудникот и хранопроводникот,еве и сега истото чувство,пијам газирана вода со надеж дека ќе помине барем малку.
http://ma.gurusbaby.ru/bremenost-i-...5768-zatnat-nos-za-vreme-na-bremenosta-2.html Прочитај Инаку за тие киселини мене ме имаа фатено 2-3 пати до сегаа и толку се грозни леле мајко.. Пијај вода
Среќа моја од старт сум со затнат нос, мириси малце осеќам. Од бременоста е. Киселини некаде 24та ми почнаа и не престанаа. Се живо пробав. Зрна ориз помогнаа ама многу е краткотрајно. #миизгоредушата @FreeMind не ме дружиш веќе?
Кај мене зависи од дечковциве. Како ќе се договорат-така. Нешто почна страв да ме фаќа, игнорирам збор "пораѓај"
Затоа ќе си гледаш шпионски додека спие. Зафрканција на страна, мене ме искараа со гинекологот,од тогаш не читам ништо, освен тука што кукам тука да не замарам околку како само ја да раѓам.
е тоа сакав да кажам, единствен проблем што имам е бело прање.100 пати му има кажано на докторо и ми вика нормално е а и уште подобро е за на пораѓај а имам од ко останав бремена
Ако брисеви се чисти, нема зошто да се секираш. Да не ставаш Утрогестан? Зголемен секрет е нормална појава, баш прашав пред две недели.