Еве сум и јас, пеглав до сега Ако се пораѓаш Германија, не се двоуми воопшто, пораѓај се природно. Една од другарките сакаше царски, ама кога одеше на прегледи и форсираа природно да се породи. Исто потпиша дека сака со епидурална, не и пуштија, немало потреба, вика дека имале одличен тим што се грижеле за трудниците. А и сопругот цело време е со тебе, што искрено многу значи Се породи многу лесно
Се пријавувам на дежурство, ме разбуди болка со сечење отидов во вц дијареа, се вратив во кревет и сега чекам да видам дали тоа беше маката или ќе се повтори. Бебка мрда на сите страни, а киселини ме искина. Да успеам да фатам положба и да ги приберам мисливе не ќе е лошо да врзам малку сон, секој ден се будам поуморна од претходниот и немам воопшто енергија.
Еве сум и јас трета смена, од денес официјално 40 недела и + нов симптом. Имам чувство како да имам меури во матката, слично како кога кркорат цревата од глад. Дури ги осеќам кога ќе ја ставам раката на стомак. И тоа ли е дел од бременоста или нешто не е во ред ? @AnaDelRey и јас не живеам во Мк (Лондон сум) па се мислев како да се пораѓам бидејќи тука има 101 начин ама дека прва бременост и избрав природно, па за второ здравје може и базен варијанта . Инаку тука кај мене нема ни цтг, ни дали си отворен, ни количество на плодова вода, ни кој степен ти е плацентата..... не постои такво нешто, скан само два пати во цела бременост 12 и 20 недела. Се останато според овие овде е "штетно" за бебето. Среќа цел Август и Септ си бев Мк па си направив секакви прегледи.
Jas prasav vo sistina mi rekoa deka toa ne spaga vo cenata na poroduvanje, i deka toa se pravi po baranje na pacientot i deka se doplakja. Jas treba da se porodam tamu, a obavezno treba da gi napravam zasto imam mnogu alergii na lekovi, pred 10 godini imav anafilackticki sok.
Доста ми беше од трета смена решив да спијам ноќе Пу пу не ме викај назад! @AnaDelRey немаш изборен царски во Германија само ако има потреба за тоа. А крв ми земат на секој преглед. Ќе се пораѓам природно во сите четири варијанти, веројатно со сајла ми изгледа најпаметно
Леле тука имало забава вечерва сите будни јас сега станав, наспана дека легнав во 11. 36+6, ништо не спремна за бебе, битно елка украсив вчера. Неделава да дојде уште некој мајстор да подзаврши нешто и да се чисти да се пере за бебе, само да си поседи уште малку мирно минатата недела прво цтг мирно беше, сега во среда пак. Утре депилација, фризер да биде мајка спремна за син Позз до сите, посебно до колешките кои се во 9ти
Дали е високо или нее незнам али ме уби цела ноќ,грбот плус ме искина а и мислам дека и бубрезите се а не кичмата. На цела моја мака и со маж дежурав висок притисок имаше па ме исплаши и он,го следев цела ноќ. Навистина последниот месец најтежок бил добро кај мене е месец ипол ама слично е.
Се придружувам со цела ноќ неспиење поради киселини, на почетокот кога си легнав ме стегна стомакот, страшна дијареа и цел стомак ме болеше малку се подисплашив ама се смирив, кога легнав почнаа киселините до сабајлево. Како и да се свртев мачно ми беше, за нијанса подобро кога лежев на лева страна, ама па бебе повеќе клоцаше така. Еве ме сега ненаспана на работа, едвај функционирам
Оххoo@TinaDimitrieva каде си ти до сега така поискусна да ме просветлиш до сега . Инаку и јас живеам тука во Лондон и сум на половина пат од твојот од денес 20та недела терам и во Среда го имам вториот скрининг и мислам дека е последниот овде е така ,среќа планирам за празниците да си киднам за Мкд (чекам дозвола првин)па таму уште еден и после средба во живо дури а ако кажам овде дека само еднаш ми земаа крв, во Септември т.е двапати вклучувајќи го и Приска за Даунов Синдром и нареден во Јануари за скриен шеќер и толку ќе ми се смеат овде за ддимери првпат слушнав овде на темава нез дали испитуваат тука уопште веројатно ако имало индикација само и баш како што спомна ниту цтг прават ,ама ајде ти броиш ситно уште малку, со лесно,во која болница се одлучи за пораѓај? И дали ги прими вакциниве овде што ги налагаат јас сум ептен во дилема башка оти ме фаќа па и зимски период
Вие сте биле трета смена во вистинска смисла на зборот,едвај ги дочитав страниве да знаев дека има дежурство сигурно ќе пишев ама си изгледав две добри филмчиња.И јас не можев да спијам,истиот проблем киселини и ептен активн мангуп.Три часа спиење ако ми се фатија...Кисела вода воопшто не пиев ама последниве неколку дена тоа ми е спас за киселиниве,со две парченца лимон во чашата таман ми доаѓа.Денес планирав триста работи да завршам по дома ама после ваква ноќ мислам дека нема да можам од кревет да станам
@snegce се што си напишала е нормално и јас пред недела дена неможев кафе да направам стоејќи мрдаа дечковците како да ме гребеа убаво пишуваш, неколку дена траеја тие нелагодности потоа веројатно фатија друга положба и сега ми е полесно можам да стојам подолго време без да ја осетам таа тежина.
Одиш дури можиш во Мк еве јас на одмор сум една недела и сега сакам пак да одам уште една недела на работа па после породилно, ама незнам дали ќе издржам имам болки и во стомак и во половина, од 9ти дек ми го корегира терминот на 3ти Декември.
Не знам каква ти е работата ама еве го 3ти кај е. Земи малку релаксирај си се неделава и уживај. Со лесно
Да те "утешам" тие киселини се повеќе ќе ги имаш до крајот, од 8 месец еве скоро до крај секој ден ги имам
За жал. Нема закон што ве штити, многу ми е жал што досега не успеа да се смени тој закон. А одлични девојки се во министерство за труд, си велам кога би им се направил притисок нов можеби ќе се смени нешто. Породилно 7 месеци, одење во деветти месец на работа, стоечка работа еј во осми месец, страшно. И не, не е така јас можам да издржам досадно ми е дома. Не е за издржување работата до право на породилно е. Законски е ограничено секаде 6 недели пред и осум после породување ти си неспособна за работа и мора да си заштитена од сите ризици. Еве се гледа по нас ниту сме спани, ниту одморени, отечени, нервозни...за каква продуктивност збориме. Јас одам до 34 недела, работам во канцеларија, не ми е стресна работата и ми е издувен вентил во бременоста. До душа цела бременост добро ме истолерираа не можам да се жалам. Оток само на лево стапало, а киселини досега немам. Среќа невидена. Едно од сто да те промаши