Не си сама еве ме мене и јас немам киселини... За оток мислам дека е рано (25 недела сум) ама киселини немам засега фала богу...ама јадам сешто.... Не можам да се најадам а Март кај е..... Оффф... Баба Меца ќе сум дотогаш . .
Немам отоци ама киселини Сношти се уплашив малку, храбра храбра ама кога ме заболе половината и долу ниско стомакот си реков дојде денот цела ноќе се вртев ич не заспав, дијареа имам секој ден, изгледа потсвесно сум под стрес и во исчекување и си работат цревата бебе активно и долу го осеќам како мава мислам секој момент излегува @Ygritte после 30та се киселините.
Море мене ај што ме болеше кичмата па уште и ме стегаше опашката како за во веце да ми се оди а не ми се оди. Па триста филмови јас го спремам маж дека бебето ако се роди сега ќе биде малце во инкубатор и блесава притисокот му се качи на човекот
Маживе потешко се носат од нас, еве и мојов само ме прашува да не ова да не она, станувам за во ВЦ тој станува што ти е одма прашува не оди никаде, си иди од на работа и со мене седи цело време па се прави храбар, а поуплашен е од мене, почна и желудникот да го боли за грев.
Ма подобро што се грижат вака за нас ќе помине нека се потресуваат малце јас имам колешки и пријателки што мужите ни во бременост а ни после со бебушот не им биле од никаква подршка ,ни физичка ни психичка.Пу пу да не си ги урочиме
Кај нас е работата што одиме до крај на бременост, за после повеќе да имаме време дома со бебињата, мислам дека можи да се земи и овде породилно 28 дена пред термин но после бебето го оставаш дома на 8 месеци, затоа ќе пробам уште неделава да ја истерам, ќе ме штедат колешките веќе има замена за мене Колку покасно ќе го отвориш породилното ќе си имаш повеќе време после со бебето дома до кај 9 месеци, па после градинки и така....
Не им е ништо не ги жали. Девет месеци спијат како топ. И во следни девет ќе спијат. Нека станува и нека се тресе и јас се тресам од нервоза па што Поостро само до крај пред породилни симптоми да закачи од страв Јас ако не ја пренесам негативната енергија, денот не ми минува. Шкорпија шта чеш
Hihi za ova vcera se smeev oti deneska ke mi kazat koga ke bide carskiot rez I mm mi vika jas sum mnogu isplasen vikam zasto od carskiot rez jas koga pocnav da se smeam jas vikam so dusa cekam da bide ova promenlivo raspolozenie ne se trpi on isplasen bil
Јас се враќам од преглед и земање брис, сѐ е во ред Фала му на Бога..г-ѓава моја зинуваше со устето, па рацете во уста..не ја сликавме убаво овој пат..инаку и јас не спиев убаво, сушарката надвор ми паднала од ветрот, а на неа пелени тетра ми се сушат па се мислам дали да ги преперам..вие што би ме советувале? Киселини имам, не,се толку страшни..отоци немам, благо не,знам колку имам изедено и се чудам што на толку јадење се немам многу здебелено. Толку за денес. Имајте убав ден
Еве сум и јас да не се урочам без никакви проблеми цела бременост. Имав 2-3 пати киселини, ама веке знам дека ми се од бело тесто и благо и не јадам и мака немам. Ниту отоци имам, а очекував нозете балон да ми станат си спијам навечер цврсто, еднаш ако станам за во вц. Е сега 37 недела до утре овие денови почнав да осекам дека малку ми тежи стомакот ама не е страшно За порагај нејкам ни да мислам, цело време си викам како за сите, така и за мене, па не сум јас принцеза
И јас не можам да се пожалам до сега од бременоста. Киселини никогаш во живот сум немала, ниту сега. Спијам мирно по 7/8 саати без проблем Не ми се оди нон стоп во веце, веројатно погоре е бебето и не ме притиска на бешика. Имав мали отоци на нозете, ама се намалија. Цела бременост си јадам нормално како и пред тоа, ниту се откажав од нешто ниту имам посебни желби. Во среда ќе одам на контрола и прво ЦТГ, па ќе видиме што ќе одлучам до кога да идам на работа. Имам време до терминот, рано ми е уште од сега да го почнувам породилното, терминот ми е 25.12. Се надевам вака лесен ќе ми биде и пораѓајот...
Јас еден ден читав по нет и депресија ме фати, од тогаш немам отворено ништо.. Инаку да се пријавам и јас- втора смена зошто трета и прва не функционирам, преморена сум , неможам да се мрднам од кревет, тањирите ми останаа во мијалникама сега да соберам сила и станувам неможе вака, чистам на паузи, пред малце поминав цел спрат со правосмукалка и се тупнав на кревет ко некоја мечка, сега одам в кујна
Јас би одма и друго само да се фати, дека ова е од мајстор правено инвитро е му викам на маж ми кога ке се роди ке му кажам на бебо еве овој ти е татко ама друг те направи Да не се подречам и инвитрото многу лесно и забавно го поминав и бременоста посакувам на сите да ви е како мојата
Девојки утре полнам 18 недели, ама се секирам стомак немам ич дали е уште рано, кога почнува да се гледа стомак? Јас имам многу киселина ненстоп од денот кога дознав за бременоста, и уште повраќам не секој ден ама не поминува неделата без 4 пати да повраќам. Мене не ме пуштат на работа ни матичната, ни сопругот веќе 18 недели сум на болодување, многу ми е досадно дома не знам што да правам, и домашните работи сите ги работи мм, јас само едно јадење правам и затоа не ми оди времето никако. Поздрав
Хаха иста ситуација и кај мене само што јас сум помала у недели ама стомаче си имам,малецко така со предиспозиции да порасне Немора да значи,колешка една еве 7ми тера веќе абре се исуши од кога е трудна тоа едно мало стомаче одвај има.Сите различно. И јас седам дома не мрдам,работев 12 саатни смени и сега наеднаш дома лудница али за ова се боревме и сега ќе си седиме мирни има време за трчање
Имаш право и матичната ми кажува така, доволно шеташе 8 години сeгa е редно да седиш мирна. Фала за одговорот. Поздрав
@@Verba да се јави ја мислам Притисокот низок и споен, вртоглавица, дожд врне затемнато тмурно, а дете денес побеснато, неможам да дочекам мм да дојде веќе. Си се пожалив јас како што е ред