Не се секирај и јас немав меше, како ке расте човечето така ќе ти расте мешко... Уживај дома одмарај, и јас имав мачнини до 17-18 недела после ми се смирија, а ми помагаше кисела вода со лимон
Фала многу, све испробано ништо не помага, само водата Донат ама од неа после имам диареа, маки тоа е. Поздрав
Девојки здраво!За една недела сум на преглед 12 недела ќе бидам,сакав да ве прашам дали е нормално да имам исцедок?Некогаш е безбоен,а некогаш млечно бел без мирис.Да напоменам дека утрогестан користам меѓутоа орално.Имајте убав ден
И јас бев таква се чудев оти немам стомак а од 18 недела почна да мрда и цело време си беше за една недела понапред бебето и уште е поголемо за недела, се опуштив откако почна да мрда, дури во 7ми месец почна да ми расти стомакот без гајле има време после со стомак е се потешко, мноогу потешко
Здраво девојки, некоја со искуство на миом во бременост на задна страна на матката,во шеста недела се појави, 2см?
Тоа е проблемот додека да го чуствувам дека е тука ке ми мрде паметот мислам дали е живо секоја недела одам на ехо пак не можам да се смирам, веке заврши 18 недела јас уште не знам дали го имам чустваам дека мрда или не. Поздрав
@Ringishpil_ ќе се пораѓам во Queen Charlotte's and Chelsea Hospital. Инаки фала му на Бога јас имам екстра бременост, не сум повраќала ниту еднаш, киселини минимални да не кажам ич, не ми се слошило никогаш, притисок 110 со 70 нон стоп, не знам ни отоци што се.. абеее супер трудница (пу пу). А кога останав бремена мислев ќе биде како на филмовите, ќе се онесвестувам нешто, ќе трчам до wc Инаку после 20 недела имаш нон стоп контроли ама со Midwife, nuese, психолог. Ќе разговарате на секакви теми, за начинот на пораѓање, за како да го доиш бебето, како да го воспитуваш, интересно е... еве од 34 недела наваму одам на секоја 2ра недела, ама Ехо никако, само доколку не чувствуваш некои сериозни и неподносливи болки или ако не го осеќаш бебето да мрди.
A баш интересно и јас се мислев за таа болница но на крај ја одбрав Chelsea and Westminster hospital ама тука некаде се и двете, ајде уште малку па те чекам да споделиш искуство,сепак секој своја приказна за себе .Инаку да истото што го напомена ти ме очекува и мене се е однапред запишано во мајчината книшка само се по ред нели ,инаку од една страна тука нели ако се е во ред нема потреба за чести прегледи и крвни слики што од една страна е ок.Сега за сега и јас сум добро немав некои големи мачнини прилично добра и здрава бременост се надевам и до крај така.Инаку се двоумев за вакцините што овде ги препорачуваат за flu I whopping caugh дали имаше искуство со нив?
И јас го имам на заден ѕид веќе 4 години, 2цм е.Ми рекоа не е страшен само од ниво ба хормони сега во бременост може да порасте .
@Ringishpil_ јас веќе ја примив Flu и тоа без да размислувам, тотално е безбедна како за тебе така и за бебето. Дури специјално се препорачува за трудници, дека овде милионски град, недај боже да фатиш некој грип, а знаеш само парацетамол смееме... ти башка, пола бременост треба во зимскиов период да ја искрцкаш. Јас би ти препорачала, ама сепак е на тебе..