Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Посета на стоматолог :!:
     
  2. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    тсс од порано имам пиено аналгин само пола кога бев на инфузија дека малку качив темпер тогаш.. ама по препорака од специјалист гинеколог...
    инаку јас сум мн среќна братучедка ми си дојде од австралија и за бебуш ми донесе пижамки боди хеланки фустанчиња шпиконзи леле колку се само слатки не можам да им се нарадувам.....
     
    На butterfly.mk, Agrona и zalosna им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    ики26 Aгрона. рабит добро ни дојдовте во труднички муабети,имајте лесна бременост :)
     
    На Rabbit и Agrona им се допаѓа ова.
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    Прво, честитки за новите трудници, добредојдовте! :) Кај и да е ние ќе ве напуштиме уште малку, ама ќе бидеме тука за совети, нели нормално... :inlove:

    Ај сега јас да си прашам што ми ја мачи душичката. Дали некоја од вас има примано Клексани? И воопшто дали се случило да има покачени Д-Димери? Го поставив прашањето во одговарачката тема, добив само еден одговор, од членка која сака да ми помогне, но го нема овој проблем. Памтам дека додека се обидувавме за бебе имаше неколку трудници кои ги следев кои го имаа овој проблем, само никако неможам да ги најдам кои беа. Ве молам ако некоја од вас прочита, да ми одговори како се снашла со таа ситуација. Три дена поминав по интернет, барав се и сешто, по една табела сум ОК, по друга не сум. Имам долго до наредната контрола, а неможам пред тоа да припарам кај матичната, затоа гњавам тука.

    Не е убаво што ако сака човек да добие одговор на некое прашање, мора на две места да го напише - тука и во одговарачката тема. Безброј пати ја заклучија во последнава година колку што постои, и пак е истото, и пак е истото. Не се научивме да прашаме тоа што треба таму каде што треба, и да ги следиме темите, да помогнеме ако можеме. До сега немав вака да речам паника за ситуација, па и јас да го направам истово, и сега повеќе не ги кривам трудниците кои пишуваат дупли мислења по теми, затоа што изгледа ова е најчитана тема, а другите некако паѓаат во втор план. Немам намера никого да навредам или незнам што, само скренувам внимание.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.367
    Допаѓања:
    261.847
    Пол:
    Женски
    Јас имав проблеми, имам пишувано неколку пати ама сега и јас не знам во која тема беше.
    Не битно, те прочитав и во темата за Дидимери и мислам напиша накај 2000 дека ти се? Мене ми беа цело време, односно од кога прв пат проверив накај 6ти месец над 3500 и тоа не е ок. Ако вредноста за не-бремени е до 500 за бремени се толерира до трипати зголема вредност односно до кај 1500 не се презема ништо.
    Е сега и да ти дале Kлексан да се боцкаш не е ништо страшно, не боли можеш и дома сама да си ставаш и чувај ги извештаите од трансфузиологија и кога ќе завршиш со боцкање ќе си поднесеш во фондот за здравство молба за рефундација на парите.
    Мој совет ти е да си појдеш на трансфузиологија и од кога ќе се породиш по недела две да провериш дали е се во ред по породувањето. Ќе се консултираш со др но и по породувањето треба да примаш некој период недела до 10 дена.
    Јас искрено сум разочарана од нашите трансфузиолози и ни најмалку немам верба во нив особено оние на клиника, со таква леснотија и не знаење ги третираат трудниците како демек ова е нова мода и ништо нема да ви стане.
    Но еве јас сум пример дека со сите преземени мерки месец дена по пораѓајот добив тромбоза и не можев да станам од кревет месец дена.
    Не го пишувам ова да те плашам само да бидат сите трудници свесни за опасностите, може сум досадна неколку пати го пишувам ова но не сакам на никоја мајка да и се случи такво нешто.
    Поздрав Елена.
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. solnakiselina

    solnakiselina Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    12
    Стоматалогот не сака да го прави бидејки бил премногу загноен и без анастезија неможело да се истраи болката. А нели во бременост не смее да се става анастезија му штети на бебето. Инаку ми рече да се напијам парацетамол но за жал парецетамолот исто како да не сум пиела ништо ми е пофторно многу ме боли. Што би ми препорачале како да го излекувам загноениот заб ? Премногу ме боли , дури и главата почна ненормално да ме боли. Матичниот гениколог исто ми рече само парацетамол сум смеела да пијам , но парацетамолот ми е без ефикасност . :doh: :yawn:
     
  7. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    izvinite za latinica ama od mobilen pisuvam ama moram da pisam posto imav i Jas bolka vo zabite probaj propolis da stavis vo zabot toa bilo mesavina od med i ne se sekavam drugo sto imase ama pomaga Jas go kupiv od prodavnica i bilo na prirodna baza ama pred da go zemis prasaj si doktor ili stomatalog se nadevam deka pomognav :)
     
  8. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    На ddevojce, Dinnna, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    397
    Добар ден девојки,ние денес сме пресреќни :D бевме на контрола и си ја видов дуда моја.
    Докторката рече дека е во ред со бебушо,срценцето си е супер,органите исто така и сега за сега добро напредува.Ја видов и на 4д но за жал беше свртена на страна,така да го видовме само тилчето малечко :lol: Душа таа на мама како само си мрдаше,како и беа скупчени рачињата :inlove:

    Е сега ми кажа дека требало да одам на трансфузиологија за Д-димири.Ги видов постовите погоре па се надевам дека ќе биде се во ред...
     
    На Agrona и ddevojce им се допаѓа ова.
  10. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Здраво мешковци и од нас. Како сте денеска ?!
    Ние еве поспано, депресивно и настинато. Денес нешто многу кашлам и се напрегам страв ми е да не се деси нешто со бебето. За 10 дена сум на гинеколог ќе си го видам ама незнам се двоумам дали да се јавам порано да се консултирам, а па од друга страна си викам што ќе каже истото што го правам. Пиј лимони, мед, прополис, препечен шеќер. Ај се надевам ќе оздравам за брзо и со бејби се ќе е во ред :)
     
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    добар ден женски... јас да се пожалам уште не сум оздравена туку уште повеќе се раскашлувам грлото ми е партали направено градите ме болат кога кашлам абе загазив на мирно време.. испитав крв најдоа некое жариште (нешто е покачено) најверојатно од крајниците од грлото.. јас се плашам да не фатам некој бронхит.. бог да ме чува... и сега после ќе одам на консултација со мојот гин. да видам дали ќе ми даде антибиотик инаку несакам да пијам.. исто трчкам и за боловање да ми го продолжат сите доктори специјалисти се катастрофа сите ме враќат ела денес ела утре.... а требаше у вторникот да се јавам на комисија... ако не ми го продолжат ќе треба на работа да тргнам а вака болна |(
    дона.17 обавезно превенција чај до помочување да пиеш ( така ми рече докторот најмалку 2 литра) лимони(пожолтев од лимони јас :D ) мед супи и ако можеш инхалација со камилица .. јас неможам да ја издржам ме гуши пареата...
    се извинувам за долгиот пост... убав ден
     
    На donna.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    Добро утро и добар ден и од нас мешенцаа:)
    Ние се расонуваме се галкаме се клоцамее и се спремаме за до град да пиеме кафе 8)
     
  13. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    еве ме на рапорт... гинекологот го фатив на врата ќе си одеше човекот ( раб. време му е од 13 до 16 часот свака им част :x ) инаку ми виде резултатот од крв рече дека нема потреба да пијам антиб.. но можам и цефалексин да се напијам ако сакам ( јас нема да пијам се надевам нема да се влоши состојбата ) имам капки препишано Аква марин ( така нешто беа некој солени биле ) има ли некоја искуство со нив????
    и да ве прашам си ставам на грлото облога со потоплена ракија и црн пипер.. го грее грлото и ја смирува кашлицата.. ама се осеќа миризот на ракијата па да не е штетно да го дишам да си го опијанам чедото
     
  14. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Не верувам дека од миризба ќе биде нешто, јас мислам повеќе преку кожа ќе влезе во организмот ама пак не верувам дека ќе биде нешто.
    За Аква Марин, јас користам спреј, мислам од 4ти месец. Носот ми е нон-стоп затнат. Јас и онака имам проблеми со дишењето, ама откако сум бремена носто ми е катастрофа. Аптекарката ми кажа дека е ок затоа што е раствор од солена вода и нема никакво штетно дејство.
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.094
    Пол:
    Женски
    :D абе срцко како можи да се опијани бебето преку дишење или преку кожата???????? :D
     
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    хахаха е шо знам душо.. дека малку ми мириса ракијата.... ама не верувам и јас.. а подоцна пред д аси легнам ќе се измачкам со топла ракија на градите да ме грее малку...
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    добра вечер :)
    ние денес цел ден во движење, ваму таму и сега сум преуморна еве нозете ме болат,кичмата исто така и некогаш чуствувам нешто чудно доле,некој 5секунди како нешто да ме сече или боца :^) незнам како да опишам,мислите Tоа е од уморна?ми E страв да не бидне нешто на буцето мое :^)

    сепак ке се одморам и наспијам и утре се надевам помалце движење и се ок ке биде :)

    пс...на колку недели ви кажа вас дали носите машко или женско бебе? :)
     
  18. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.094
    Пол:
    Женски
    од многу движејне се јавуваат тије болки во стомачето :) а за полот првијот пат на 16 недели ми кажа дека е женско и не беше сигурен 100% :) после на 20 недели пак гледаше и ми кажа дека е стварно женско
     
  19. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490

    И јас го користам спрејов...воопшто не е штетен...уживај ;)
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    414
    Не знам точно колку беа моите резултати ама беа бајаги покацено од нормалното. Ептен се испаничив. Ама докторкава што ми се падна на трансфузиологија ги виде и рече дека за трудници било нормално да се покачени, и дека сме во некоја трудничка нормала. И ништо не ми даде да пијам. Прво ме испраша дали ми потекуваат нозе, раце и лице. Ама ја немам отоци забележителни уште фала богу.
    Поентава ми е. Колешка ми од работа со резултат малце понизок од мојот пред 2 години примаше клексан 2 месеци. Ја избодеа асално. На последна контрола и се паѓа друга докторка на трансфузиологија и и ги прекинала клексаните. И рекла со такви вредности непотребно било. Се ми се чини дека лекариве си зимаат по некој процент за да ги препишуваат, може и сум грешка ама се натака ми иде мислата. ;)
    Утре сум на гинеколог, ќе ги побарам резултатите да видам точно колку ми беа да не шпекулираме, па ќе ти пишам пак.
    Инаку клексаниве се многу скапи, а си има лекови на позитивна со ист состав ептен поефтинки. Ако веќе мораш да зимаш размисли си и за тоа. Разликава е баш голема во цените. Ја ова знам дека мајка ми е медицинска сестра, инаку за овие од позитивна ретко кој ќе ти спомне дека постојат.
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.