Штом е бебето добро не се секирај, примај ги потребните витамини и уживај, и јас сум иста, ништо не ми се јаде. Која недела си??
Имаш право, и јас така се чуствувам, ама зборот на свекрвата ич не го рачунам ама ова матичната пред мм збори после тој не се трпи. Фала за подршката. Поздрав. Е да де имаш право, јас баш се радувам што немам покачено ич, ама мм и така секој ден ми велеше ти ич не изгледаш како трудница и сега ова матичната го стави капакот. Ке ме тера со зор да јадам, тешко мене, а бебето е супер поголем 3 дена е секогаш . Матичната ми рече си бремена 4 месеци, 2 недели и 3 дена како ова го рачунаа таа немам врска, јас денеска завршив со 18 недела. Поздрав 18 недели завршив денска, јас се секирам затоа што ке ме терат да јадам со зор кои ке ги трпи. Поздрав
Јас за да немам проблеми со свекрва ми на мм му реков или ке им кажеш или нема да идам кај нив и тие уште пред да почнат мм ги сопира да не ме напнуваат и така се решив мада знаат да префрлат ама не им обрнувам внимание а како совет јас на мм на почеток му пренесов се што прочитав овде дека не сум едина и дека е најнормално и тој тоа го прифати и така гуравме нека се радува додека може пошо после ќе трча по маркети и ќе се чуди како можеш после јадење пак да јадеш
Со лесно во четврток мила, што убаво 6 кг не се ништо. Поздрав Хахаха, имаш право, ама мака мене ми е што мм е медицинско лице тој е специалист Анестезиолог, ај убеди еден доктор дека не е во право, тешко. Поздрав
Мене кога нешто со сила ме тераат каснувам залче и после ми се слошува и праам фацичка одам до тоалет и не ме тераат веќе инат жена.А што ми се јаде јадам и не ми е гајле
Не се плаши само мирувај,физичка работа и односи не Чим сим под терапија покриена опасноста е намалена
Докториве и убавата вест дека бебуш е супер мора да ја зачинат со некоја контра од таа Јади колку ти се јаде,јас уште некој ден 31недела со само +7кг.па ниеднаш немам опомена дека е малку или многу Слушај си го телото и уЗивај во бременоста
Не се нервирај објасниму дека допрва ќе ти се отвори апетит, не ќе можат да те запрат , со лесно само
Хахахах ова беше интересно ама капак на се крвните анализи ми беа лоши, калциумот, магнезиумот, натриум беа подоле сите други на крајна граница и матичната ми рече резултати ти се лоши и покрај тоа што пијам фемибион и магнезиум, требало по кило овошје на ден и литар млеко. Фала за сите совети. Поздрав Фала за советите. Поздрав Фала многу со лесно нека ни е на сите. Поздрав
Аа тоа е веќе друга ситуација со право ти сугерирале .Оправдано .Епа душо овошје ,зеленчукови чорби со брокула повеќе,цеди миксај сокови у соковник, имаш на нет смути интересни витамински види си.Ајде мајка треба да те оправиме
@NNA ти да ги поздравиш од мене сите што те замаарат за јадење и килограми кажи и една жена едвај се поправи 6кг цела бременост (не повраќав бев на диета морав) и ете си имам жив и здрав јунак терај си како ти е арно на тебе и со лесно
Срц кога ти е термин тебе ? Изгледа тука сме некаде јас од денес 30+1 сум и досега само 6 кг имам качено
Дали е потребно закажување термин во хистолаб за пункциона биопсија на дојка? Верба,мајче честитаме!!! Бидете живи и здрави,да ја искараш момата што те зафкаваше цела недела.
Дали ви се случува покрај големината на стомакот, дополнително да се дуе и затега и значително да се отежнува дишењето? Од што ми се случува вака и помага ли нешто, ко да се мачам да дишам...
Да пријавам и јас добри вести,бебе е супер напредно 1+ и 170гр. Измеривме и цервикс рече супер е а и покрај тоа супер ми даде утрогестан 1 навечер до кога прашав за таква паничарка како тебе до 34 ќе користиш Ииии бебето е машко