Порано кога ги ставав во стомак и мене ми се правеше така и после ми стануваше модро/жолто, почна многу да ме боли и сега почнав во рамо да ги ставам не дека тука не ми се прави ама помалку боли. Ми кажаа дека може и во надколеница да се става. Таму јас немам ставено, не верувам дека би пробала таму... Преку еден ден на различна рака
Јас денес точно 23 недела.Притисок нормален имам,немам некој знаци на настинка па да речам ајде од тоа ќе да е.Едноставно немам енергија и се чувствувам безволно.Дуќанот ми е точно пред нос,а се симнувам со лифт,па сега види...
Жени со кои вредности на хемоглобин и железо ви дадоа терапија? Јас само што ги земав резултатите хемоглобинот мене ми е 100 а железото 9.8 треба да ги однесам кај матичниот после ама ич несакам да примам нешто ми се здосадни од лекови кај ги разредувам на неколку саати за плус лекови нема да имам место
Да баш ги отворив термини ние сме следни, ако има тука некој ред Јас сум во сабота на контрола па би да повлечам нога, а и ти или @simona_baby aко сте расположени за изненадување ајде не се трпиме веќе ни самите а богами и околината, кога кревам на телефон велам еве дома не не уште ништо
Јас да те охрабрам мене со хемоглобин 106 и железо 12 ми дадоа терапија пијам хемовит плус по две. Што се мора не е тешко
Влечи влечи нозе ама мислам ќе не претрка @Meckicja она е утре на договорен царски.Евентуално вечер да не изненадиш
Може може јас сум за, туку да ве прашам дали помалку винсе активни бебушите, моево за разлика од пред некој ден премалку мрда осеќам на некој час само како истегнување не како пред то незанев од каде рака од каде нога излегуваше, се секирам некако шубе ми е.
Да вчера маж ми ме искара вика аман си мрда чат пат не паничи ама јас некако мир немам па ќе речам ајде на лекар па за 15 мин се предомислувам и така жени будали трудни.Јас повеќе паничам зошто имаме лошо искуство на едни блиски со со немрдање ама не би за тоа тука.Ќе биде се супер ајде без паники.Веќе нема доволно место а и внатре баш не им е толку убаво постелката зрее
И јас вчера и денес некако послабо го осеќам за разлика од порано, само тегни горе в ребра, 1 во денот ика обавезно ама понема место сега затоа така си велам.
@simona_baby @lackygirl и јас така мислам дека немаат толку простор, му осеќам валда газе високо горе под ребра како се крева повремено и обично ика еднаш преку вечер. На моменти ми доаѓа да одам на преглед после ќе се смирам па пак нешто ќе ми притекне, добро е не сум сама сите исто се будалиме