Па мислам дека не е страшно и суплемент да земаш за железото. Јас од почеток имам слаба крв и пиев тотхема ама многу тешко ги поднесував, сепак за еден месец железото од 5 ми се качи на 11. Следниот месец пробав само со храна да одржувам јадев семе од коприва со мед и мнооогу сок од цвекло испив а сепак ми падна железото на 9. Сега пијам сируп флорадикс на природна база е и многу е лесен за желудникот и со него за еден месец го качив железото од 9 на 13. Докторката ми рече дека со храна може да се одржува но не и да се покачи. Инаку @Adeline сакаш да кажеш дека веќе го осеќаш бебе како мрда? И јас сум близу со тебе, денес 16+2, ама уште го немам сетено и се таму ми е паметот... @Meckicja со лесно, чекаме убави вести утре.
Јас правам една шашава салата за железо со свеж сецкан спанаќ,рукола или марула,младо козјо сирење и зачинувам со балзамико оцет сол,бибер ( многу сакам да готвам )
@lady.N јас и ти сме исто ни јас не го чуствувам вчера прашав ми рече очекувај околу 20та недела дека првородка си. Така да опушти се каде и да е ќе ги почуствуваме
А нели младо сирење треба да се избегнува во бременост? Инаку вкусно звучи салатава. Девојки а дали некоја од вас има болки наутро додека да се раздвижи долу ниско како да се во вагина некаде помеѓу нозе, не можам баш да објаснам. Особено се интензивни наутро и ако застанам на една нога додека се облекувам, а мислам дека уште е рано за вакви болки 17 недела терам?
Прочитав и јас дека несмее нешто така ама јас не гледам на тоа си кркам .Јас не внимавам стварно што смее а што не .
Јас спанаќ се утепав од јадење во сите варијанти, свеж во салата, обарен во омлет,во чорби и најубаво ми е во блендер со лукче и павлака како намаз. Цвекло обавезно во цеден сок или рендан во салата. Како најдобра опција за железо ми кажаа телешко месо бифтек или рамстек на тенки ленти во маслиново масло по три миниту од двете страни.
Јас имам таква болка од 15 недела уште ги имам 18 недела сум, матичната ми рече нормално е. И јас уште го немам чуствувано бебето. Поздрав
Мислам дека веќе го знам одговорот, ама пак да си прашам. При царски рез не може да се пренесе некаква инфекција на бебето нели? Бидејќи не минува низ родилниот канал...Јас здравје Боже, веќе сум убедена дека ќе одам царски
36+3 Мислам откако не одам веќе на работа како одма да ми е поарно (пу,пу да не се урочам) Колку значел одморот значи Мене се ми е спремно само си чекам...имам чувство дека ќе надминам термин незнам зошто ама ако Уште елката да ја намонтираме викендов и 100% спремни сме... Ги завршив клексаните не треба да примам повеќе што е супер и почнав да спијам навечер фала богу, киселини помалку имам зошто сватив дека од тесто ми се и избегнувам...и така се надевам се ќе остане вака Ок @Meckicja со лесно утре и да ни пишеш
@***Bony*** јас железо и хемоглобинот ги одржувам со домашно приготвена храна, јадам телешко месо, салати, домашно млеко и јајца исто домашни. Фала Богу немам до сега некој проблем... Терам 25+3 недела
На сите мамички,нека ви се живи и здрави бебуши. На сите што сме при крај,со лесно. Денес на контрола,се во ред,бебе свртено,лежи ниско,ама изгледа не му се брза. Тежи веќе 3300,не знам дали уште ќе се зголеми килажата до крај Една жена дојдена на контрола и пукна водењак во ординација,во 38 недела. Таман јас бев на ред,ми вика докторката извини ќе почекаш имаме итен случај. Ја приклучија на Цтг и повикаа возило одма да ја префрли. Ми вика "На една пациентка водењакот и пукна",а јас па "Леле што убаво". Се насмеа и докторкава вика ајде те разбирам,ама нема уште многу ќе биде наскоро. И јас се надевам.
Со вода со млеко не го сакам баш..капучино и нес може со млеко.. 7 месеци на какао супер сум само шекер да не ми забранат баегими благичко го сакам
@lady.N да да и тоа од 14 недела , може дека второ, првото го осетив во 19-20 недела Стварно помага какаото? Какво какао пиете?