Јас првите три месеци бев нон стоп со затнат нос. Аквамарисот не ми помогна ама ич. Ќе ти олесни кога ќе ставиш, и после 5 мин пак исто. Еден куп пари фрлив. После видов една реклама за спреј од диво оригано и одма го земав, буквално одма. Го читав и не пишува ништо за бременост, а демек се природно во него, па се решив да ставам. И само 2-3 ставања готово, носот ми се среди комплетно. Е сега спрејов е гаден страшна работа, ко пица некој да ти пикнал во нос и ти стои така цел ден. Ама функционира.
Ennaz, фала ти на одговорот, мила! Инаку, ние сме си супе, денес нешто по заспана е буцкава, ја мрзи да ме клоца, и студи изгледа. Ми се здосади дома седејќи, кај сум учена јас вака?! Сто пати ги преправ и препеглав алиштенцата од пусти мерак, и само гледам по интернетов што се има за бебушки, лелееее, само на лото да ми се падне се да и купам!
Елена.мак јас ќе се обидам да ти помогнам од мое искуство.Јас немав покачени д-димери(ги испитував во 3,6 и 9 месец) ама имав лакуни на постелката па во 9 месец една др од трасфуз. ми препорача да се боцкам со клексан.Се консултирав и со друг трансфузиолог и со гинеколог(и тоа тројца-матичната,приватник и од клиника)и сите рекоа дека не треба да примам клексан и јас нив ги послушав.Неколку дена пред породување го повторив испитувањето и вредностите беа намалени.(без никаква терапија)Сакам да ти кажам дека ако нема проблеми на постелката и ако нема претходни компликации(спонтани,крварења)+ако гинекологот те советува да не земаш терапија- послушај.За твој мир можеш за 2 недели да го повториш испитувањето и да видиш дали вредноста и понатаму расте или не.Јас ја препорачувам др Велкова од трансф. која баш е запозната со проблематиката на трудници(мислам дека мм е гинеколог па од таму и интерес на др за темата)
Rabbit, Agrona, iki26 честитки и со лесно да си ги поминете трудничките денови! Мене од лежење веќе се ме боли, но така требало така ќе правам, се за нашите најмили. Ме интересира дали некоја од вас има користено вагинални капсули Linex Lady, ми ги дадоа за обновување на вагиналната флора заради крварењето, а исто така и си продолжувам со Utrogestan 200.
Добар ден мешковиц. Како сте денес? Ние не наспани, не знам зошто вчера некако на штрек спиев. Сега кафенце па да зачистиме малце дома. Јас веќе почнав деновите а не неделите да ги борјам Понекогаш доаѓам на форумов за да провереам само тоа, колку денови ми пишува
добар ден и од мене и јас како се близи времето станувам се по нестрплива,а и поЧнав да имам проблеми со спиењето во последно време,се будам по неколку пати,како да сум наспиена се Чуствувам,се врткам на сите страни,незнам како ке издрзам до крајот зива не наспиена сум ама тоа изгледа ни е тренинг за потоа кога ке не будат бебуските по неколку пати во нокта како и да е за нив се ке издрзиме имајте си убав ден
добар ден женски јас денеска малку подобро се осеќам па нормално откаков испив вчера повеќе од 2 литри чај и изедов една купа лимони .. денеска конечно завршивме со докторите си зедовме документ за боловање.. брзо завршивме... е сега дека да се наручаме со мојата ќерка и пошто сме расположени ќе се расчистам низ дома.. поздрав и убав ден пс фала на сите за советите
Мешиња можеби ми е малку глупаво прашањево ама сепак ќе си прашам. Ги испив мамавитот (а во меѓу време добив од една другарка која се породи скоро цело пакетче прегназон) Ќе погрешам ли ако продолжам да ги пијам овие, или да одам во аптека да си купам мамавит? Мислам дека нема врска кои витамини за трудници ги пијам, бидејќи и едните и другите се скоро со ист состав, но сепак.
мислам не е страшно.. јас ги пиев на почетокот.. после ги сменив со прегнакер ( сега сум на прегнакер )
Рапорт. Денес влегуваме во 33 недела. Курево е спуштено мнг доле, баш пред некој ден ко усисував осеќам како мртка ама скроз доле,си велам ај нека издржи уште 3 недели. Лекарот ми рече за брис во 36 недела ама искрено не знам зошто ќе е тоа. Имам сеуште кандида, ама сега ставам од кремата не вагиналети, не знам како било на другите мамички ама бебушко ми е ептен доле. Некои велат треба да се качува,други велат треба да се симнува,а мене ми е став само да не излезе пред време, со сите оние муабети дека лошо е бебе да се роди 8 месец.
Не се секирај сваќе, и снаа ти е долу цело време, па еве ја не мрда од кај мама па макар и со пукнат водењак. Не ми го закачај зетко, ќе си седи он до кога си треба! Многу беше - малку остана, ќе жалиме по мешињата после!
Мене докторката ме советуваше кои витами ќе почнам да ги пијам во бременоста со тие да продолжам во текот на целата бременост, да не ги менувам. Исто така ми рече дека и после породувањето треба да продолжам со истите витами да не ги менувам. Ова особено било важно за млекото, односно бебето е навикнато на еден вкус и дека може поради промена на витамини бебето да го одбива млекото поради различниот вкус на кој не е навикнат. Јас пијам Прегназон комплит и нема да ги менувам. Твоја е одлуката, се надевам дека ти помогнав поздрав
значи по две недели имам контрола и тогаш сум 20 недела,значи веке убаво ке се гледа бебуш и полот?? сакам да си се нагледам малце,ова контрола набрзинка помина скоро не видов ништо иначе денес сме добри,бебуш веке се почесто и почесто го чуствувам малце имам проблеми во половината ме боли и левото стапало кога се движам боли можеби Oд уморноста ова недела. се надевам брзо ке помине.
аххахахахахх ме насмеа . едвај чекам наредна контрола,да го видам бебуш убаво. а од ова контрола помина 2дена јас едвај чекам наредна се надевам ке го видам убаво бебуш.
не се криеше туку на страна беше а женава што ми го правише ехото само онака помина од озгора и вика еве главчето и потоа вика како девојче можит да E а го гледа кај главчето,чудно Mи дојде,па после вика не се гледа Aј ке ви кажат наредна контрола хм и толку од ехо беше ни минутка. вас кога ве гледа ве гледа повеке време или онака згора на брзинка и ви кажа полот? не дека ми е важен полот нека ми биде живо и здраво само чудно ми падна оти ни минутка не помина и вика еве срцето,слушнав,еве главчето видов вика гототво (Jас сакав да се нагледам уште малце на бебуш)
душо и мојот матичен само минутка .. ама кога бев на органџиски доста долго ме гледаше.. околу 20 минути.. си се изнагледав.. ама сепак е приватно си плаќаш и тоа е тоа.. ај нека се здрави и живи ќе им се радуваме кога ќе ги гушкаме
па немаше многу време од ко ни кажа за полот,ако го гледаше 3 минути, ама си кажуваше он и друго како е што е бебчето, па јас го прашав дали се гледа што е , тогаш ми рече дека се гледа. Тогаш мм не можеше да види она што го гледа докторот,а сега веќе се гледа пировчето на син ми Иначе може било незгодно свртено.
тука се и двете недели,брзо ке дојдат ке се наглeдам и јас сигурно повеке од 1минутка тогаш инаку нека се здрави и живи и среќа да си имаат