Ако ти се за голема тогаш не знам што чекаш?? Нема што да се плашиш. Со плашење само полошо ќе си направиш. Мора да си храбра, верувај подобро ќе поминеш.
Ако се издржливи не е страшно. Бебето расте и негде притиска. Мене ребрата од десно страшно ме болеа, така беше наместено и од што клоцаше мислам ребра ми скрши. Губев здив на моменти. Не се плаши, во трето тромесечие нормално е веќе да боли по нешто
Кај мене немало под саат време досега. Требало да го смениш уште на почеток ако не си задоволна, германките ги менуваат докторите како чорапи. Додека не го најдеш вистинскиот за тебе. Иначе според терминиве си добиваш се по стандард сите прегледи. Нормално е.
Колку ви се активни бебињата во 34 недела? Моево два дена само се издига по неколку пати и толку,некако послабо мие.
Сега со слушалки го размрдував го слушнав малце. Незгодно се качува горе и таму спие изгледа а јас неможам да дишам
Ај да се испожалам и да си ''легнам''. Секој ден потежок од претходниот болка во кичма неиздржлива едвај наоѓам положба полуседната да се трпи болката. Стомак се почесто камен се прави, а бебка многу слабо ја осеќам само како се тегне неколку пати во ден. Болки во долниот десен дел постојани и продолжуваат од препони по нозе на моменти сум непокретна, долу во левиот дел повремено како бодежи, киселини во повеќе наврати ми доаѓаат во уста, гадење, а сабајлево и повраќав. Неможам веќе очајно ми треба сон, а неможам да врзам ни преку ден ни навечер.
Ми звучи дека си Минхен, таму е најлошо. Затоа не би во голем град никад @Charlotte* седми месец само 400грама сум плус. И лош апетит. Изгледа на крајов ќе слабееме ние. Само мачнините да не се вратат се друго може. Издржи!