Ја само знам дека сите трудни ги гледам сега со срам во очи. Мислев глумат дека не можат да одат па се држат за кичма. Де,де.. трудна е, не е болна! Ахам. И сама си го повторував: " -Трудна си алоооо, не си болна". Ама пусто неќе. Четири месеци ми се гади, немам сила, притисок едвај 90/60. Ок си викам, исто како стомачен да ме фатило, ама се заборавил на подолго. Помина и тоа. Мешљак рипна. Не само што се држам за кичма, туку одам и како патка. Она со апетитот, размазени биле и пребирале? Не сум го рекла ова. Има и други куп работи што сум ги кажала. Срам да ми е!
Женските излегуваат порано. Ова и др научно ми го потврди. Пожилави биле и порано зрееле. Ете и кај мене скоро со 2 недели подрани и најцврсто бебе од сите беше женската моја.
Има на сите големи супермаркети, за камења на бубрезите, за инфекција многу помага. Литар и пол е 45ден. Поздрав
Аиии еден ден не ја отворив темава и вие чуда сте правеле Која се отворила која се затворила која прокрварела.Јас за мене да кажам(ваљда нема да се урочам)ќе терам до крај. Син ми е роден точно на термин и со вториов така се договорив па ќе видиме. Му викам на маж абре нејкам да се пораѓам не сум спремна.Башка немам сила да напињам.А он па една утеха ехеее кога ќе отидеш таму ќе добиеш многу сила.Фала Со лесно на сите девојки јас тек вторник сум на ЦТГ,ама се надевам ќе си терам до крај.
Јас да се пријавам трета смена, само што легнав, денес ептен долг денов ми изгледаше Капак на се што ми се деси, зедов колачи правев, па додека средив кујна, садови, машини, отеков цела. Нозете ми се како касната од оса Да преспијам барем 5-6 саати, да соберам сила, па нека почнат контракции ако сакаат @Vennera.aa, како си?
. Така бе Мила така. Значи се сеќавам на моментот кога ми соопштија телефонски дека е девојче ( според дна тест). Мене ми се лошеше ми се умираше и мисла која ми помина низ глава беше аха ќе испдне порано! Тоа е таа утрха од прв ден. Исто бе кај мене лани колешка се породи не дојде речиси цела бременост на работа болна се пишуваше ја утепав од зборење како глуми. Секој ден и се извинувам сега
Јас едно станување одма кај вас да видам што има ново додека синко спие да испијам едно кафе на раат , тек после ме чекаат обврски со него . И јас сум веќе во клубот на ненаспиените , цела ноќ се вртам де на една де на друга страна , никако положба да си најдам. Ноќеска се преместив на другата страна од спалната ,маж ми се буди ме гледа вика што правиш таму Добро утро на сите
Добро утро, јас еве по дома болки имав силни околу полноќ таман што се избањав и готова бев да тргнам, ајде си реков ќе се напијам магнезиум и легнав па ми се смирија болките околу 1 па дури и одспав до 7. Денес сум како нова вака одамна не сум врзала сон. После ручек ќе одам да видам до каде е работава ама еве како сум станата два сати нема ништо, ова мајтап си игра со мене
Ај да си прашам јас едно екстра супер глупо прашање само не ми се смејте важи.До завчера кога ставав кринони морав да барам место каде да ставам пошто цервиксот мислам беше на 2цм од отворот а синоќа да ставам и оп бришан простор,го нема се сокрил скроз избегал нагоре како да исчезнал .Ви се случило ки некогаш нешто слично П.с Не ми се смејте
И јас сакам совет од Вас жени лавици.До сега ставав утрогестан,но синоќа првпат ставив кринон гел.Го имплантирав како што разбрав,но сабајле не ми истече ништо-СУВА БАРУТ ДОЛЕ(за разлика од утрогестанот кои сабајле ми течат грутки).Дали нешто грешам или......
Кринонот е потецен од утрогестанот.Јас осеќам поголема влажност и истекува како бел редок исцедок само од сабајле и толку.Го аплицираше убаво цел да направи (бљуц )
Да направи бљуц и осетив како ладничко малку,цел го истегав до крај со сета сила и сабајле ништо.Да не бил празен ама невозможно.Денес ќе купам нов и ќе прашам во аптека.Фала ти мила и секое добро❤❤❤
Неможе да бил празен штом така направило не се секирај..Јас ги чувам у топло и со тоа апликаторот што влегува надоле да биде свртен за да не се заглави гелот на средина.
Е скрос исто како јас да сум пишувала.. Гледавме филм и крај 11 ч почнаа болки, послаби па поинтензивни. Скокнав од кревет, се искапав и средив спремна за во болница. Додека го чекав мм да се спреми ми помина, си легнав, си се покрив и утрово дури во 9 станав Дали пред да се породите чувствувавте како бебе да е спуштено ниско? Доле кај срамната коска ми е како подуено кога ќе допрам цврсто е, ми се чини дека главчето му е скорос доле
Ти најубаво ќе си осетиш што ти одговара,не се замарајте вака требало така требало, во поголемите месеци само бебето ќе си каже како му е убаво, ќе те клоцне веднаш ќе се свртиш на друга страна уживајте, овај е најубав период во животот, јас сега со второ сватив, со прво само се жалев а сега реков ќе уживам Така треба да е иако кај мене не беше , но доле може да биде со недели да си се спрема , мене чепот ми падна а бебе сеуште во желудник го осеќав, кај секоја различно Како викаат, додека не осетиш не знаеш
Кринонот не истекува се таложи во вагината и после некое време како грутка од урда испаѓа. Да знаеш да не се исплашиш кога веќе го користиш .... гадно е Spoiler