Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Ayleenn

    Ayleenn Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    45
    Здраво мамички како сте? Не можам да ги прочитам претходните постови поради слабиот интернет ама им посакувам добредојде на новите трудници (доколку има нови) :)
    Ние мислевме дека сме 6-7 недели, ама кога отидовме на лекар ни кажаа дека сме веќе големки.. 12 недели дури :) Немаме ништо од симптомиве, само сакав да ве прашам дали е нормално што имам малку болки во коските (особено во тој дел кај половината,можеби и ногата) и имам исто и мали болки околу јајникот. Од возбуда заборавив да ја прашам докторката. :)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.032
    Допаѓања:
    123.900
    Сноу,мислам дека за крвна слика лаборатории не прифаќаат упат од специјалист(т.е. фондот не им го признава) за крвна слика или ЛУ-1,ти треба упат од општ матичен.
     
  3. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Јас одам кај две докторки, и двете го гледаат доста долго. На почетокот матичната само го гледаше и тоа 20 мин без да рече ништо па ме загрижуваше,после и зборуваше "добро е, супер е" па сега ми објаснува.
    А другава на приватно ми кажува се убаво, до најмал детал, дури и на 4Д ми ја покажува само колку да ја видам(а ми наплаќа ко за обично ехо),а и му зборува на бебето :)
    Пробај да поставуваш прашања додека си легната и ти прават ехо. "А главата колкава е, а нозете, а рацете, а срцето",ќе им досаѓаш, ама тебе се разбира нема да ти биде гајле,ќе си ја гледаш бебушка ;)
     
  4. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    добро утро мамички како сте.. мене кашлица ме утепа,, абе градите чинам ми се распорени.... кога ќе пијам чај ми поминува.. дефинитивно треба да се доливам со чај...
    бидете ми поздравенки :hai:
     
  5. mace31

    mace31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    59
    зенски од кој месец почнавте да го чуствувате онака убавко мрдањето на бебуш?јас осетив негде почеток на 4 ти месец како пепрутки еве сега влегов во 5 ти и уште ништо не осекам?рано ли е?
     
  6. solnakiselina

    solnakiselina Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    12
    Како сте идни мамички? Сакав да ве прашам нешто. Денес нешто се изморив многу и одеднаш јајниците ме жегнуваат. Дали е тоа од заморот? Инаку до термин имам уште 14 дена.
     
  7. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е од умор, но сепак рачунај си ради тоа што си блиску до пораѓај дека постои веројатност дека во скоро време ќе пристигне новиот член. :* :)
     
  8. solnakiselina

    solnakiselina Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    12
    Па затоа прашав незнам веќе како да мислам. Пред 3 недели имав лажовни болки контракција на 8 минути . Пред 5 недели стомачето ми се пушти надолу. Веќе 2 недели половината ме боли ненормално исто добивам и болки во јајниците. Денес болка во половината имам и жегнување во јајниците. Матичниот кога бев на цтг во средата ми рече добро е само а не ме прегледа на ехо.
     
  9. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    денес не знам дали од замор или од што , кога бев до веце на гаките забележав како вода,имам болки во кичмата и долниот дел на стомакот. А на бебушко рано му е за излегување, да се надевам дека уште ќе се задржи, само ме интересира дали кога ке дојде времто за породување ке се осеќаат движењата на бебето, мислам доколку пукне водењакот и сл.
     
  10. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    butterfly И јас во последно време приметувам на гаките мокри ама мислам дека е затоа што бебето притиска повеќе на бешиката дека се подмочувам без да сватам дека ми се оди во вц.

    Мене ова ми беше е еден од најлошите денови од бременоста, може и најлош.
    Се возам во автобус и осетив како нозете да ми се скратија, ми се врти, не можам да седам а не пак да стојам. Си викам ај може глад, барав најблиску за јадење, абе ни брза храна не ми беше доволно брза
    ама не ми помина ни откако јадев. Па си викам ај може шеќерот ми паднал,јадев благо. Не бре, не помага. Си фатив автобус дома, ми се слоши уште повеќе.Викам ај притсокот да не е, одвај дочекав да излезам, си купив газиран сок и не знам како стигнав дома. И се отепав од повраќање, над шоља и повраќам и плачам во исто време :x ;(
     
  11. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам нешто, дали може 6 дена пред пап тест и микробиолошки брисеви да престанам со ставање утрогестан оти гинекологот ми рече 2 дена пред одење ама јас мислам дека не се доволни тие денови за да се исчисти вагината од остатоците од лекот оти пред некој ден неможеше да ми земе брис за пап тест и сега ќе одам кон 13 недела???
     
  12. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    3.502
    Мене минатата недела ми земаа брис со одговор дека Ургогестанот нема никакво влијание на брисевите , бидејќи не е антибиотик, туку хормон, а последно вечерта имав ставено, брисевите ми се негативни :^) :^) истото и од клиника и мојот матичен ми го рекоа, а и мене некако не ми е логично. Неможев да се осудам да не ставам Утрогестан бидејќи таа недела по втор пат прокрварев. Ако можеш да издржиш 6 дена, не ставај, незнам? :tmi:
     
    На Cacuvche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    добровечер мамички како сте ми.. јас денеска дааалеку подобра фала му на Бога и каслицата ми се намали чај со цимет му е само лекот...инаку денеска денот беше прекрасен буквално како пролет имаше Ајваријада.. па излеговме си каснавме ајверче и лебче бевме на слатки се просетавме и се изморивме.. сега сме си домче си уживкаме.. бидете ми поздравенки
    captivating подобра ли си мила сега како се осеќаш????
     
  14. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Подобра сум, фала.
    Ама јас влегувам во 8ми месец а како на почеток на бременоста сум. Се утепав од повреќање и мириси ми пречат пак. Кога ми се јаде многу кога ич. :sweat:
    Ама се тешам,помина времето и уште малце ќе ја гушкам каратисктава моја. :inlove:
     
  15. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    добро утро мамички како сте ?

    Е јас денес од ноќва ни малку не сум добро,имено во 4 се разбудив, болки во кичмава ненормални, болки во стомакот, а курево мрда ли мрда, јас реков готово излегува,значи полоша ноќ не сум имала |(

    Уште малку има, бар нека остане уште некоја недела. Не знам ни дали овие болки се нормални или не.
     
  16. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Добро утро мамчички. Како се справувате со настинка? Од сабајле грлото ме гребе, носот ко чешма ми е, не можам да го сопрам. Не се чувствувам омалаксано ама ме нервира носов, го направив црвена пиперка. Се напив топло чајче и цеден лимон, и лажичка мед си каснав пред да тргнам на работа ама ете настинкава се закачила за мене и не сака да си иде. Исто ме измачува и помислата како може да сум толку неодговорна и да заборавам цел викенд да се напијам фолна киселина? Толку имав исполнет викенд што заборавив да се пазам :(
     
  17. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Jeny гледај да не ја забораваш фолната бидејќи стварно е потребна посебно во почетокот од бременоста.
    Јас денес и вчера имав некои болки ама над пупакот и странично прв пат ми се случува.
    Денес сум кај матичната за срцева акција, држете ми среќа се да биде во ред. Се надевам дека нема да биде рано. Ќе ви пишам за некој час.
     
  18. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    15.697
    Добар ден,како сте?
    Јас да ви кажам искрено многу сум загрижена ,ми се јави некој кафеав исцедок овие два дена и се плашам,па закажав после на гинеколог да видам од што може да е :( ,неможам да се смирам
     
  19. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Појди си на лекар за да бидеш сигурна ама најверојатно е spotting. Вообичаено е на почеток на бременоста, најверојатно сега би требало да имаш циклус ако не си бремена.
    Сепак докторката ќе ти каже најдобро.
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите....еве не и нас, знам дека не немаше едно 5/6 дена, што со обврски ама и искрено-мрза за куцање...ве читам а ме мрзи да пишувам :lol: :$
    Инаку ние сме добро, синко е добар...за една недела треба крв да вадам нешто во врска со постелката да провереле што и како до каде била-тоа било редовна контрола на сите трудници околу 30тата недела. Па ако знае некоја од вас нека пише нешто подетално за ова.
    Инаку вака супер се чувствувам, сеуште е грв да речам дека е ми е нешто лошо...70ка во кг фатив :D
    Вчера со мм си се изнашетавме во парк...и така, се си е тип топ.



    minne92 мислам дека не треба да се плашиш...бидејќи и самата можеш да прочиташ а и да чуеш од твои блиски дека кг на бебето не е апсолутно точна според мерките на ехо. Нека ти е само живо и здраво, другото е небитно...нема да биде ни прво ни последно ако се роди и со 4кг. ;)

    girl-miri во 13 и 17та недела ми велеше женско-но да сум почекала до 4Д, на 4Д ѕирна курето во 22ра недела, ама не беше убаво свртено. Во 24та недела апла си се гледаше....и во 28 недела пак си се виде :)

    Аквамарисот, ни мене многу не ми помогна...ама колку толку ја навлажнува внатрешноста.

    Jagoda123, мислам дека не е страшно...витамин си е витамин.

    eli25 сега веќе знам...ама требала матичната да ми каже на време тогаш.

    azelea, не чекај оди си одма на лекар.