Една контракција на 10 минути така? Такви 20. Ја броиме паузата помеѓу контракциите дали е во правилен временски интервал?
Овде на часеви кажаа дека најдобро би поминале ако успееме дома да ги издржиме првите контракции, да не се оди веднаш бидејќи дома си се чувствувал посигурно и бла бла. Ама оди па знај кој се први кој се втори Жити око оти би била Херба забранета во бременост?
Па затоа и прашувам,некои викаат подобро е да не одиш одма,да почекаш дома. Други одма трчаат во болница Ај да видиме како ќе биде
Најубаво би било да седиме дома до 5/6 прста па фино лепо за два саати таму да се породиме. Ама не можеш да знаеш со прво. Со второ речиси сите седат дома на почеток. А вака ќе се утепаме 12 саати у просек трае целиот процес. Корења ќе пуштиме во породилна сала.
За прворотка е друго ама и немора да значи дека ќе оди брзо или поспоро. Јас се водам како второротка и најубаво ќе ми биде одма да летам во болница кога ќе дојдат болките. Утре се спремам да почнам со перење памќе видиме што ќе направам
Само што доаѓам од цтг контракции од 30 до 45, докторот рече може да засилат уште вечер може и до термин да си седи си велам во себе е многу ми разјасни. Од 60 до 80 требало да бидат за отворање а веќе над 80 ги сметале за родилни.
Јас со второто болките ги седев дома.Значи како што почнав да осеќам тапа болка па се до болки на 6-7 мин. Е тогаш веќе отидов во болница и буквално за 20мин се породив.Молам бога и сега така да биде.Многу подобро е да можеш дома да ги седиш болките,плус мм ме масираше и ептен ми помогна во издржливоста.Имав буквално филмски пораѓајДај боже сите да си поминеме така
Ај мајки кои сте се породиле во ваков ладен период во Чаир да кажете какво беше ладно топло што даваат за носење???Ја како што сум зимурлива ќе премрзнам
Пекол е во Чаир, се породив пред една недела даваат спавача по кратки. Од дома неможеш ништо да носиш ама ако ти е ладно даваат ќебиња, ама ќе видиш претопло ќе ти биде.
Ај ако има некоја што се породила во Чаир во апартманите да ми пише пораче да ја прашам нешто @aceee99 женска што направи ти со болките? Ти се смирија или? Те нема