Жени носите ли маски против загадувањево кога излагате надвор? Надвор не се дише, Порано имаше и препораки трудници да не излагаат кога е многу загаденои да бидат ослободени од работа, ама сега и тоа не важи изгледа
Ова со киселиниве е лудило. Даваат нешто за желудник Фамосан, Ранитал ? Никогаш не сум имала вакви проблеми. Ме гуши навечер дури. Не можам да спијам како човек. Ќе се напијам Гастал, 30мин раат и пак пламен од уста.
Ми измрзнаа глуждовите во кратки чорапи, други неможам да облечам, нозете ми се оток последниве две недели. Мешко исто нон стоп прецвикан, сите гаќи ми прават фркови, а маици носам строго од мм. Инаку од вчера сум поднастината, незнам како успеав да настинам, од дома излегувам само за на цтг и тоа со кола до болница во кола дирекно дома, а кашлам ко чичко што се препушил цигари Бебе ика по незнам кој пат денес, а јас само сакам да се породам. 38 полни недели, од утре ја ситнам 39тка. Добра ноќ
Ова со гаќиве, чорапиве, хеланкиве, крај Другарка моја во 9 не носеше гаќи, јас ги сечам старите, за после пораѓај купувам нови Пробај со ладно млеко. Испиј една чаша.
Нешто ве нема ќе да е затишје пред бура.Јас сум 39+1 во вторник на ЦТГ.Се сси правам филмови ете почна кичмата да ме боли па водењакот ми пукнал и слично.И во првата бременост последната недела дена немав воопшто апетит се сеќавам дека пред да тргнам во болница изедов само една краставица Така ми е и сега.Лицето скроз отечено рацете исто е нозете периодично.Ајде уште малку ќе се издржи
Богами, ова затишје пред бура ќе да е Викендов го поминавме, од утре ќе има забава @Vennera.aa не сум прочитала ништо, што се случи со тебе мајка?
Јас не сум накитила, некако рано ми е за китење Знам дека нема да имам време после пораѓај, ама вака само прашина ќе ми збира, нека си седи во подрум уште недела-две. Туку денес станувам, гледам под мишка топче ми се направило Од што е?
Мене ме фати жал за малиот сакав да се порадува а богами и маж греота сам ќе чува дете сам ќе трча до болница сам ќе спрема мекици уште елка му фалеше.Топчето да не е некое масно ткиво почекај ќе видиш дали ќе се повлече ама никако стискање.Може и подложно влакно да ти е
Со мало дете се е оправдано Од ракламите што ги гледа ќе посака дома да е украсено Иначе не го стискам, го допирам тврдо е, како некоја жлезда, што знам Па баш сега најде да се појави
На толкаво топче во стомак ти за под мишка се фати....ајде уживај таму после пораѓај ќе се средуваме полека полека...барем така се надевам
Ајде бе легнете одморете после нема да можете. Оти сега можеме затоа И јас накитив елка, наместив се по дома уште јас да се наместам и готово. За Нова Година уште некоја салата ми остана, друго се е вакумирано и замрзнато. Болки овие денови немам никаде. Нозете ми се потечени, а не ме болат. Фацата ми останала иста во рамената сум иста а плус 15 стасав до седми. Се ми е складирано во стомак бут и нозе. Седми месец само 400 грама плус, осми се надевам уште 400 грама и деветти некое кг минус. Ниту ми се јаде ниту ми се спие. Утре ќе се зева на работа уште две недели до крај. Добро утро трета смена
Јас 20 стасав И мене се ми е во газ, стомак и бут. Лице, раце исти. Кој и да ме види ми вика не си се поправила многу, а јас сум запрепастена од килажата Во 9 не спуштив на кг, не знам дали има некое правило. @FreeMind, дај предлог што да спремам, секако нова година дома ќе си бидеме
Јас спремив кифлички на неколку начини и пирошки. Уште брза пита со спанаќ ја има на мои рецепти вкусна е, руска салата и ладна даска ми се во план. Пижами новогодишни за мене не порачав оти за тенк како мене број кинезите не можат мерка да земат, порачав само како наметка за фотосесија нали као што би рекла македонска елита лоадинг 99% слика мора да се има. И два филма бендисав за вечерта. И толку годинава
Ахахахаха јако е ова со лоадинг Јас не сум направила слика, ама сакам да викнам сликар околу празнициве на бебко да му направи некоја сликичка дома. Гледав на Али, имаше интересни боденца, ама не сум порачала ништо Утре ќе земам да замесам и јас нешто, ќе замрзнам нека има, знаеш како е тука, ако не за НГ за гости секако ќе треба
Драги трудници Во 35 недела влегов, до сега сум немала со ништо проблем ама еве последнава недела видов многу мака со несоница.. неможам да спијам и ме фаќа негде 5-6 часот... На лева и на десна страна кога ќе легнам почнува како да ме сечи нешто и најубаво ми е само на грб. Дали е штетно ако спијам на грб?
Ако не си порачала досега од Али ќе ти треба повеќе време да стигне пред Нова нема да ги добиеш. Имаш на нет доста оргинални идеи како да го објавиш раѓањето на детето или бременоста. Јас не сум фан на копии така да кога ќе ги видам лоадинг сликите со чаршав завиткани ми се темни Сите исто. Исто и за бебе фотографија сите во облека ставени на перница или на ќебе со бројки и тераме А тебе ти е второ баш убави идеи има со двете на нет. И да замесиш, гости ќе има до следна Нова На грб ради тебе лично не се лежи, зошто губиш воздух. Ако тебе не ти смета слободно како сакаш намести се. Затоа и ние не спиеме ни на лево ни на десно ниту пак на грб можеме.
Ако се чувствуваш удобно на грб слободно спиј си така. Јас некогаш спијам на грб со подподигната перница , некогаш пак воздух снемувам и ми станува тешко така да како ти одговара така Инаку за китење елка и јас уште не сум ја накитила . Треба да докупам деновиве уште некои работи па ке ја накитам и ке украсам малку по дома иако не сакам ептен нападни работи но знам дека синчето многу ке се радува јас уште пред 2 недели бев во план да купувам новогодишни украси честитки и слично ,му викам на маж ми да идеме а он ми се изнасмеа ми вика да нема нешто и за Велигден да се купи уште сега спреми си мене ептен рани ме фати новогодишната еуфорија оваа година и во право е да ми се смее . По цел ден си слушам новогодишни песни , синко на памет ги научи си вика по дома merry Christmas
Јас од 4ти месец наваму мака мачам со несоница, ме фаќаат од 2-3по полноќ, а легнувам околу 22-23....убаво ми беше настрана да спијам со по 2 перници, ама сњга бебка се буни, клоца единствено мирна е само кога спијам на грб и јас си ставам дупла перница и спијам така.. . Инаку сум 26 недела .. А дали имате болки во препоните и колковите ... Викендов ме убија.... Не можам никаква позиција да фатам ... а многу се движам