Мене пред месец истово. Правев втора уринокултура. И таа чиста. Ми дадоа Панцеф, леукоцитите ми беа 17,8 така нешто. А немав знаци на бактерии.
Кај сите различно, мене почна меше да ми се познава уште од почеток на 3ти месец и некако на почеток качив килажа и на почеток ми растеше стомак и сите ме прашуваа да не се две, многу сум била голема за раните месеци, се’ некои такви коментари )) ама затоа пак 7-8-9 месец не пораснав толку колку што очекував, кај секој е индивидуално така да опушти се и уживај во бременоста, а бебче здравје ке осетиш како клоца, кога ке порасне ке знае некогаш да биде и малку непријатно и болно со лесно
Фала душо, убаво што си стиганл до крај да имаш лесен пораѓај. Поздрав. Мене ама не ми дадоа никаква терапија ги чекам разултатите од брисевите па после ке видим што ке ми дава. Поздрав Фала многу за советите. Поздрав
Немој провокации ако не си отворена, ако не е почнат процесот...многу поболно е, но твоја одлука, најдобро сама ќе решиш
Баш се зачудив си велам да не е погрешна па да правам нова, мада и матичниот ми рече дека чим пишува доста како резултат а нема бројки веројатно не е нешто страшно па чисто направивме проверка за секој случај. Ај ништо не ни е Пробиотик имате ли пиено и колку долго може да се прима во бременост?
Мене брисевите (вагинални, нос и грло) ми беа чисти. Требаше да се бара жариште, на долго и широко ќе излезеше. 10 дена пиев антибиотик со него значи и пробиотик.
Менструални болки благи(не често,два три пати се појавија), и блага болка на карлица, долу кај коските од страна(незнам како да објаснам) ама така ми е кога ќе имам добиено. 16 недела сум, нормално е?
Мила јас сум 23 недела и не се приметувам дека сум трудна не се секирај бебето си расте а за мрдање дури оваа недела почна убаво да клоцка и не е прекинато имај си трпение и не се оптеретувај
Магнезиум до 1200 може? За до 1000 знам ама овие 200? И бедоксин пијам по две ама мислам да појачам на три,периодов ми е некако стресен. 33 недела ♀️♀️
Имам страшни болки во колковите, посебно од лева страна бидејќи на таа страна повеќе лежам. Пијам по 2 магнезиум, друго нешто ќе препорачате? Не се издржува ова . 35 недела сум
Мене сега ми почнаа тие неиздржливи болки во колкови и јас пијам по 2 магнезиум и пак боли ама јас сум 39та недела.
И мене ми почнаа од 35та еве сум 39та и само се зголемуваат пијам по 2 магнезиум плус б6, топли купки, маж ме масира ама не поминува, изгледа ќе мора да се издржи
А со дишењето како сте? Можеш слободно јас пиев еден месец така сега ги намалив. Бедоксин навечер пијам по две наеднаш.