Здраво мешиња како сте ми денес? Јас денес во 19,30ч. треба да одам на гинеколог и некако ме фаќа некоја позитивна тремичка, дали ќе биде се во ред со плодот и сл. Ајде дај Боже се да е во ред и гинекологот да потврди дека се е во ред. Имам во последно време многу киселини. Ајде па откако ќе се вратам од гинеколог ќе ви пишам што сум направила. Поздрав имајте убав ден.
Snow незнам за какво испитување за постелката зборуваш, ако знае некоја нека пише. Мене само на последната контрола во 31 недела докторот ми рече добра е постелкава почнала да зрее и толку. Инаку крвна слика нели треба секој месец. Ме загрижи сега малце. Инаку Azelea одма на доктор. Да не те плашам ама јас имав розевкав исцедок и кога на крај испадна плодот не се развива. Дај боже се да е во ред и да е имплантациско крварење, ама ние тоа не го знаеме.
Captivating според табела твоја до порајгај имам уште 20 недели а според док. 15 недели нее некако многу разлика хмммм
Неее, имаш уште 14 недели (13 недели+5дена поточно),така? Горе има повеќе од 40 недели ама тоа е ставено затоа што мн жени ги надносуваат бебињата. Ние си гледаме до 40 недела и се надеваме дека тогаш ќе биде спремно да излезе Јас имам уште 9 недели односно 62 дена
Ниеден месец освен Фебруари нема само 4 недели затоа можеби се збунувате со неделите. Се рачуна 13 недели+3 дена, 26 недели +6 дена, еве ви табела.
добровечер женски како сте ми...јас денеска видов сонце си се изнапрошетав убаво си бев на фризер ме измија ме потстрижија малку.. ме фенираа,, бев малку во шопинг па ручек и кафе и си се преберав дома... според двете табели јас сум полни 5 во шестиот месец...22 недела (инаку јас и према последната дата од менстр. си рачунам од дата до дата)
Добровечер и од мене мешковци,како сте? Ние денес бевме на уште едно мислење и тоа кај најдобриот гинеколог приватен што ми ја водеше првата бременост и искрено ме опушти и ми кажа дека навистина имам малку повеќе плодова вода,ама најважно бебушот е ок,супер си напредува спрема неделите и само за неколку дена е понапреден а не како што ми кажаа матичната и во Чаир така да опуштени сме и среќни иако утре сум пак на контрола во клиника за скриениот шеќер,ама најважно е што нема ништо страшно во тоа,секако со следење на ситуација и не ми се верува дека веќе сум 35та недела лелееееее кога поминаа,само уште малку... Show и јас првпат слушам за проверка на постелката,баш денес го прашав Парталовски за постелката,ми рече како расте бебето така и таа зрее,ама ова за испитување...трета бременост ми е не сум правела до сега такво нешто...
Јас цела бременост бев на Утрогестан, на почетокот т.е. до 12 недела ги ставав вагинално а после ги пиев, и брисеви ми земаа и во двата периода . Резултатите си беа ок, ми кажаа дека немаат врска вагиналетите. Но, јас не би се осудила да не ги ставам,да сум на твое место, не би ризикувала за брисеви да не ставам.Мој совет ти е,доколку веќе ти е помината 12-та недела да си ги пиеш до проверката на брисевите. А и несмее да се прекинуваат нагло. Немој да си направиш некоја беља, подобро е да ги пиеш па после ќе ти каже доктор што и како.Не го прекинувај хормонот.
Здраво мешиња. Еве ме мене пак. Вчера бев на гинеколог, докторката ме прегледа вагинално. Имаше бебуле. Една точкица се појави, и ми рече докторката дека се е во ред дека плодот си е в гнезден нормално во матката. Е сега, според последната менструација ми рече сум била 5 недела и три дена, но според зачнување 4 недела и неколку дена. Поим неам јас сега како да сметам, но ајде да сметам од последната менструација. Ми рече да појдам на контрола пак за две недели и тогаш да му го чуеме срценцето на бебушот. Ми даде и фолна да пијам до 12 недела, па после нешто друго здравје. Дај Боже се да биде во ред и понатаму. Поздрав мили мои.
Епа агрона со лесно.Иначе ние си се спремаме полека полека,34 недела сме уш малце,спремаме се што треба за во болница,уште храброста да ја сспакуваме во куферче,инаку многу мачнини имам навечер,како мислиш којзнае колкава тежина носам,стомакот ме болеше од десна страна кај што удираше пировчево најмногу,сеа гледам се сожалило на мама и удира на лева Колку што се ближи терминот се повеќе ми е страв,почнавме и да отекуваме по малку,болки во долниот дел на стомакот, кичмата ми е партали ,ужасни главоболки од времево ...
Добро утро и од мене Јас еве две ноќи по ред сонувам машко бебе , прво како сум го родила па потоа како и го крштеваме Незнам што би значело тоа , дали предзнак дека бебето е машко или па ....
Добро утро, мами! Како сте ова ладно утро? За Маченце Ена не важи ова, таму е сигурно ептен ѕивра! Баш памти си го мила сонот, и ќе видиш дали ти се да речам "претскажало"! Агрона, честитам! Најубаво ми е кога уште рано по сабајле ќе прочитам таква убава вест. Тек па да знаеш како ќе се осеќаш кога ќе го слушнеш срценцето, како брзо коњче, како вовче. Јас го снимив, и си го пуштам секогаш кога не сум расположена. Сваќе, не зае*авај ти се молам, да не употребувам вулгарности тука... Каков страв, какви бакрачи, 9 месеци ги м'кнеме беблациве во стомак, што не испреживеавме, па за пораѓајот се исплаши?! Тоа е најкратката работа во цела бременост, и најслатката. Колку и да е тешко, тоа боксерче што се бори со тебе сега ќе си го гушнеш и бакнеш, ќе му кажеш дека постоиш за него, и дека светот ќе му го дадеш. Не се плашам, само заради ова! Болката е минлива, и 3 дена да трае, ќе помине. Чедото си го раѓам засекогаш, затоа постојам!
женче какво и да е , нека биде здраво и живо сега ќе ти кажам јас како сонив како мм и како испадна јас првиот сон што го сонив со бебе беше машко , а мм сонил женско ...и на гинеколог испадна машко!!! а цело време имав претчувство дека е машко! ете незнам едноставно така се чувствував... нека е здраво и живо , ќе се осигураме на 4д сигурно какво е... да не испадне како кај сноу- женско женско и на крајот машко излезе
Машко ли женско небитно ! Ќе се радуваме ние секако Плус мм си сака и машко и девојче , ако и ова е девојче ке мора на трето да идеме Инаку Елена овде времето е убаво не е ладно баш пријатно е , плус и сонцето како запекнало , ке излеземе со детево малце на воздух ! Неможам дома да ја додржам , надвор си сака дете ! Поздрав и имајте убав ден ! Галка до мешковците
добар ден женски мои.. баш ми е мило кога ќе прочитам само убави и весели рабоити. баш ме радува.. инаку јас и бебушката моја си бевме излезени од сабајле времето петка мислиш пролет.. си се изнапрошетавме убаво..... ни годи ваквото време.. секако до после ќе излеземе на уште еден круг.... бидете ми поздравени и весели... убав деен
Здраво. Ние денес бевме за брисеви кај гинекологот, ама толку бев настината што отидов и до матичниот општ лекар да ме види. Прво кога ме наслушна и ми го виде грлото рече дека не е ништо страшно но ме прати во лабораторија за крв. Кога и ги однесов резултатите, докторката ми вика е баш од ова се плашев - стрептокока. Се мислеше што да ми препише, ама ми рече стрептококата се лечи само со антибиотици, и дека мора да ми препише Амоксицилин, пиј по две на ден, ми рече еве нека се 1000 мг доволно за трудници. Досега не сум имала проблем со бактерии, ама очигледно бременоста ми го слабее имунитетот па поподложен е на инфекции. Сакам да ве прашам ако некоја знае да ми помогне дали имала вакво или слично искуство со стрептокока во рана бременост и дали преку анализа на крв се открива ова опасно бактериште? Сурфав дека стрептокока на грло се открива преку брис на грло ама мене ми земаа анализа преку крв, се ми испитаа преку крв и се друго беше во граници на нормала ама ете стрептококата се јави како натрапник да направи проблем.