Мајки пак јас, вчера кафеав исцедок ама малку, денес станувам имав пак но повеќе и погусто, болки слаби во половина и стомак. Сите ми велат да почекам бар 1 сат да видам како ќе биди и да одам на болница. Ноќеска и вчера бебето беше многу активно, а од 3 до 5 станав неможев да спијам немав воздух.
Зошто почнаа да ми се кршат ноктите на рацете ? Правев крвна слика пред 2 недели и супер беше, но еве последниве 2 дена скоро сите нокти ми се испокршија . 32 недела сум дали е нешто од бременоста или
Нормално е, не се секирај. Јас кога бев трудна, сабота вечер имав малку свежа крв, без болки. Недела сабајле исто така на бришење свежа крв пак без болки, отидов на преглед недела попладне и ми кажаа 3 прста отворена. До вечерта се породив. Најверојатно започнал процесот. Со лесно
Јас мислам да си почекаш појаки болки и почести,зошто таму ако чекаш ќе полудиш.Јас отидов со бајаги јаки болки два прста отворена ама ми рече една докторка оди дома и шетај цело време ќе се отвориш повеќе ќе зачестат болките отидов сабајлето се вратив во 8 вечерта а се породив во еден вечерта
@lackygirl оди нека ти направат едно цтг и преглед, секако ако е рано ќе те вратат ама за мирна глава.
Кога те прочитав се зачудив зашто и мене истото ми се случи. Имав убави и долги нокти додека не влегов во 8ми, и нагло почнаа да пукаат. И така планирав да ги сечам пред да се роди бебето, но морав два месеци порано.
Ајде не се секирај со соодветна терапија и одмарање ќе истуркаш да влезеш во 9ти па после ако и се излегува на бебка, барем ќе си се гушкате. Позитивна мисла и се ќе биде во ред
Се јавив кај матичниот гин тој ми рече да почекам болки да ме фатат, можно било и некој крвен сад да е повреден од прегледот некни. Прашав и др жени сите ми велат да почекам болки природни оти ако одам сега можи и да сакат провокација ова она. Ова се муабети од жениве тетки, другарки.. ќе почекам да видам како ќе оди. Фала ви на советите, па се надевам дека ќе биди се ок
Ова беше журка и пол.... Бар музика да слушавме двете јас му се смеам на домашните дека бебка ќе е атлетичарка.... На олку мрдање вреди да се инвестира во спортска опрема уште од сега ... Туку завршив на лекар со мачниниве, уште ми траат.... Само да не е некој вирус ...
Морее, журка ќе ни биде допрва кога ќе се родат, и музика и песни и спортови се по ред ќе видиме ама ако,само нека се живи и здрави.. За мачниниве да пробаш млеко, чајче, водичка по малку, двопек или слично? Или па притисок да не ти е паднат нешто, мене и од тоа знае да ми е мака и да ми се заврти..
Ама јас не сум човек кој лежи мислам дека нервно ќе попуштам, а лежам само два саати, тек три недели... Не ме фаќа страв туку силна нервоза, не ми се ни алишта испрани ни испеглани ниту јас сум спремна за мене. Нервози живи цела бременост од 5та недела до сега.
Сабајлево пак бев на ЦТГ, најадена благо и напиена кока кола, и пак некако успиено беше бебето. 15мин не можеа да го наместат апаратот. Овојпат немаше прекини, ама околу 120/130 се движеа откуцаите. Докторката вели: начелно е добро, ама може и подобро. Контрола за една недела во болницата, ама матичната ми рече да одам во петок кај неа. Инаку долу ниско е наместено со главчето, плодова вода супер, постелка исто. Не знам веќе што да мислам.
Нека се родат здрави и живи ќе правиме што треба и не треба земав Гастрогард, јогурт и вода ладна, можеби ќе ми помине... А и ќе си легнам после..... Ќе ми се смири се надевам....
Цела бременост ми пројде ко песна, откако почнав со ЦТГ само грижи, главата не знам кај ми е. Се плашам да не не е во ред нешто со бебето, и само на тоа мислам.
Да сум чекала болки, ќе било за брзо.. Јас пак до сега се молев побрзо да се породам, а сега молам да почека.. ептен се испреладив, 2ноќи воопшто не сум спиена од силно кашлање, немам сила да станам од кревет а не пак да раѓам
Не ми се почнува да офкам. Ама ај, морам некаде, да не ме караат дома и добивам само еден одговор: " Трудна си!" Фала, не знаев . Димери испитав, се е ок фала на Бога, ама од киселини си изгорев. 4 ме фаќа додека заспијам. Ме не гриз, ма не ориз, млеко не можам , се живо пробав значи џабе. Гастал ми смирува некои 30мин па пак лом. Жива ненаспана. Туку еве 30та веќе полна, почна на вртење да ме сече под стомак или кога лежам подолго, ама многу незгодни болки, па и кичма ме заболува лево. Не знам дали да одам на преглед порано. @FreeMind оф бре . Нека поминува само се добро,ја се тешам дека има жени што ја лежат цела бременост. На крај си, издржи. hug:
А зошто мила да не е во ред нешто? Ако нешто не е во ред ќе ти кажеле, ако нешто виделе, стрписе не се нервирај баш пред крај, не може да е се совршено но ќе биде се во ред не се секирај. Не бе од вчера го нема бебе да го осетам, ма не кокаколи, милки, џабе... Уште на глава да застанам. А си го осеќав по 2-3 пати на ден.