Денес од внуче си добив бокс во стомак нормално во моментот испаничив премногу,се вознемирив. Па кога се смирив и сфатив дека немам болки дека беше моментална се опуштив. Си помислив како ли е на тие што му е втора/трета бременост со мали деца. Да не се плашам и да не одам на преглед 17+ сум,сеуште не го чуствувам
@Happyinlove колку лакта и клоци имам окркано од синко ехеее не му ја мисли беба си е заштитена во меше. @FreeMind те разбирам јас кога требаше да лежам месец и пол се мрднав плус со мало дете што само нешто бараше од мене ама се поминува, многу беше малку остана, влези во 36та па ќе средиш се по ред, после да не и се заубави на бебка па да не може да ја убедиме за излегување
Женички дали некоја од вас знае каква е поставеноста на папочната врвца во однос на постелката? Кај повеќето случаеви е централно поставена што е во ред,но кај е мене е маргинално т.е странично поставена. Кога изгуглав на нет леле хорор филм,ќе полудам ,а ваму докторот рече не е страшно само последните недели да се следи дали бебето се храни доволно,да не има застој ама ај биди мирен кога ќе прочиташ еден куп ризик фактори.... Дали некоја има искуство со вакво нешто ептен се загрижив
Кажете ми кој магнезиум да го земам да почнам да пијам, за првото пиев магенезиум директ, сега незнам дали истите да ги земам или...
Denes bev na kontrola bebe ok zrelo e veke 37+3 dena na 14 da odam vobolnica za ctg i mozit da ostanam ke vidime se nadevam barem du 21 ke go pocekame tato da si dojdi da ne vidi so mese
Фала на прашање 35 недела почнав,овие два дена како тенк се движам не сум огромна ама тешко мие движењето. Мочкањето си е на 5 мин почна и стврднување на стомакот,полека се спрема мали зс искачање Како тие мочкањето на тебе се намали малце?
Жени, сабајле бев на контрола, со болки на 10 мин отидов, не мн јаки, ама и позади на рбетот сеќавав болка. ЦТГ мирно, само една контракција покажа. Др не ме провери вагинално, вика нема потреба, вчера те проветив. Болките ми рече дека бебе се спушта во мала карлица, крвта е скратувањето на цервиксот. Вика деновиве ќе биде, првородка си, не оди така лесно. Си дојдов дома, едвај позиција за дремење најдов, не бев спиена цела ноќ. И пак не спиев, на 10 мин како аларм во телово да сум наместила. Од пред саат време немам веќе болки на 10 мин, имам на 20, кратки. И така си дремуцкам дома, се топлам, фаќам сон-два, додека немам силни болки, да соберам сила, вечер не знам како ќе сум.
Напиј се еден магнезиум и еден б6 опушти се и фати си дремка, може уште вечер да биде, сила ќе ти треба. Ајде ајде само со лесно.. Јас сум попладнево со благи менструални ама ништо различни од претходните денови така да не се потресувам само се молам веќе да дојде моментот, да засилат па да одам да раѓам
@Vennera.aa мислам дека беше од Охрид, кој лекар те води за породување? Прпбав да ти пишам лп ама не ми дозволува и кас сум за Охрид се мислам кај кого ...
Јас сум кај др. Мимоза таа и со првото ме водеше и ме породи, презадоволна сум од неа, од професионалност, породување постпородилна грижа се комплет.. Додуша 2016 имаше повеќе доктори сега се само таа и др. Боро, Филева е суспендирана, а др. Танески отиде во пензија, доаѓаат од Скопје на помош доктори ама за овој месец не го знам распоредот, саботата не беше истакнат.
Оо како во друга димензија да сум, сега прв пат јадев, немам сила воопшто. И јас сакам да се олеснам, ама др вика со вакви болки не се раѓа
Се мислам дали кај неа или кај др. Јовчевски што доаѓа од ГАК, ама пак не знам дали ќе се погоди тој тука..... А Мимоза доаѓала и на повик...