Па види си со време оди си кај Мимоза и со неа и ќе си се договориш, јас не знам ни како изгледа Боро, а досега не сум слушнала ни за искуства кај него. Уште од дома ќе си ја барам докторкава. Ти беше царски или природно кај Боро?
Природно со провокации,буквално без никаква информација за процес, колку бев отворена сеуште незнам, знам само бебе беше ептен горе. Единствено убаво ме соши, другото не би да зборувам. Со лесно да ти биде немам слушнато лош глас за Мимоза, сподели искуство
Веќе го смислувам говорот за на вести А и ќе морам да бидам нашминкана па мајка му шилеџе ќе ме дарува
Денес нема трета смена? Па не сте интересни вака се шегувам...Јас не можам да спијам сон не ме фаќа.Божем рано си легнав ама се разбудив за во вц и толку од сонот,ми побегнаа бога ми и бебе не спие,само си клоцка си мрцка се преместува де на една де на друга страна мислиш фудбал игра
Почнаа премногу да ме фаќаат грчеви во нозете во спиење. Докторот ми даде магнезиум од 375 мг оние како прашок директно во уста што се става. Дали смеам по 2 на ден такви да земам или многу е ? Јас пак од грчеви , па неможам положба да си најдам, па таман ке заспијам синчето ке ме разбуди , па таман ке заспие оно почнува другото во стомакот журка да прави и така до 5 сабајле и тогаш ке заспијам 2,3 сата и тоа е
И јас многу малку спиев.Држев трера смена па ај си легав,се вртев уште саат време во кревет и само што сум заспала почнаа кошмарите некој без везе сонови и си викам ништо од спиењето.Станав пак ја спремив малата за во градинка мм ја однесе и си замина на работа.Па еве сега едно кафе го пијам еден саат,да се спремам и идам на трансфузиологија имам вена попуштено па да видам што ќе ми речат Изгледа долг и напорен ден ќе биде ова
Во Струга ми ја препорачаа др. Захарија Парталоска и др. Златески.... Ама условите во болницата биле лоши.... Во споредба со Охрид. Исто биле во апартмани по 2 жени и бебињата... А и многу било чисто (за Охрид зборувам) види распрашај се и за лекарите што доаѓаат од ГАК ако ти е термин за скоро време
@Adeline и јас бев со провокација ми ја стави на 4цм отворена ама па и многу брзо се отворав и породив, ајде сега со второто ти посакувам позитивно искуство кај и да се одлучиш за породување. @Ygritte случајно да не го знаеш распоредот за декември
@Vennera.aa дали знаеш која смена е др Мимоза денес, утре? И @Ygritte ви благодарам на двете, баш поради условите се мислам, видов како е во Охрид, и сестрите беа супер... Иначе имам и уште една мака, може некој ќе знае. Бебето го осеќам од 14 недела некаде по малце а понекогаш и цели вртења во стомак, е сега многу сум уплашена два дена го немам осетено воопшто...што да правам, дали да се секирам....
Еве ме и мене 38+2, вчера на преглед, ЦТГ мирно, имав вагинален преглед, бебе уште високо ама добро ме размрда докторката така да вчера после тоа имав кафеав исцедок. Ме замисли рече следна недела да идам ако не ме фатат болки да стават провокација за да пробаме природен порагај, а ако сакам царски веке може кога сакам и така сега ме стави на мисла, зашто секакви работи прочитав за царски и природен порагај
Македонија волшебната библиска земја каде царскиот е породилна опција и никаде на друго место Само и само ако има индиции за операција инаку во никој случај никаде во светот нема да ти понудат царски за породување. Стравот од породување не е индиција бтњ Па сега ти размисли зошто операцијата не е опција никаде.
@Dina911 јас па се молам да излезе природен кај мене. И три да носев пак ќе сакав природно. Како ќе се снајдам не знам, ама сакам. Страв ми е од скалпери, резови... Не знам, еве на мајка ми кога го гледам резот од пред 20 и кусур години, па на него уште два резa - не дишам. Не сакам само на закажано да одам . Ќе ме убие мислам психа од чекање. Ама што е, тука е! Само да сме здрави и живи тројцата. Ќе го победам некако и ова. Инаку после цела недела маки мачење за спиење, заспав некој саат порано. Подруго е одма. Идам да се витаминизирам малце. Не за друго, немам чоколада дома. ** Инаку бебчиња и кај мене не реагираат посебно нешто на чоколадо. Можда малце, порано повеќе . Сега најмногу ми се размрдуваат на ладна вода и мандарина.
@Dina911 Доста читаш. Секој е приказна сам за себе. Не мисли кој како поминал туку мисли си дека ти добро ќе поминеш
@Ygritte ајде го очекуваме @Adeline незнам за деновиве како е, во недела е цел ден дежурна тогаш ми кажа да одам, освен ако нешто да ја барам
И кај мене не реагира на чоколадо веруваш или не реагира на чај со лимон И сега го прекинав чајот оти кога ќе ме разбоксира малата ми се отпива и чај и све.. Само на чоколадно млеко сме деновиве )
@Minnie-e @Charlotte* @FreeMind Фала ви на сите за советите и поддршката, јас некако повеке ме влече да се обидам природно дека и онака имам широка карлица, башка сега во бременоста нели таа сама си се рашири плус Плус здравје да е со епидурална се надевам и полесно ке биде фала ви уште еднаш @FreeMind на тебе со лесно лежењето, и јас 7 и 8 месец си ги прележав дома (иако сум човек кој не знае да лежи, ама ете изгледа господ ни дава сила тогаш и така некако се помирив и многу лесно го поминав и тој период, башка дома не знаеја дека имав полип кој крвареше малку и имав и скратено грло, само им кажав докторот рече да одмарам и толку дури кога влегов во 9ти им кажав, чисто онака си траев, ем да не се секираат, ем сакав да не мислам на проблемот, а вака колку повеке луге знаат и те прашуваат само те вракаат во реалност ) позз до сите и со лесно нека ни е
@Dina911 со широка карлица и скратено грло немој да се плашиш ќе го исфрлиш за пет минути Не знам како ќе се помирам 24 часа лежам и се наполнив со бес и нервоза. Имам само три недели за лежење и морам да се помирам али за сега сум бесна. Идам денес на повторно цтг да ги видат контракциите па се плашам да не ми покаже правец накај болница е тоа ќе ме скрши начисто.
@Vennera.aa немаат сеуште официјален распоред.... Така ми кажаа @Adeline ако си во поодмината бременост нормално е да биде помало движење зашто бејби нема место... А во пораните недели бејби спие во најголем дел од времето