Ве читам и се ставам во мисла, убедена сум дека е подобро природно од царски е сега доколку дојде да бираш помеѓу провокација и царски што е подобро? 28н сум ама бебе е 2 недели поголемо што немора да значи ама треба да се има во предвид дека постои можност бебе да е многу големо..веќе 2 месеци како одам е понапред, поголемко
Јас сум 26+4, и кај мене е со една недела поголемо, а и матичната ми кажа да си очекувам големко бебе, крупни сме со мм и рече дека ќе си биде поголемо .. За 2 недели сум на контрола па ќе видиме како е
Па затоа и јас сакам природно. Џабе не ги макнам колковиве цел живот Се враќаат во нормала после тоа, или ќе останам вака ? @FreeMind ништо, не се на нас дециВе. Строго сакаат изгледа здрава храна. Им се смачило од чоколада, кечапи, мајонези..
@Dina911 Природата си има механизам за се, па така и за раѓањето..... Докторот кај што бев во 20 недела на скрининг ми рече акушерите и гинеколозите се тука само да ти дадат помош за раѓањето и да те следат да биде се во ред со тебе и бебето, а раѓањето ќе го изведеш ти и механизмот на природата. Царски рез само во случај кога бебето е во опасност и има индикација за него. Затоа не плаши се, биди опуштена, на организмот не му е потребно дополнително стрес.... Со лесно нека ти е, јас ќе чекам природен пораѓај.
Ете јас се тешев со тоа дека некои лежат од почеток на бременост и не смеат да мрднат 9 месеци од кревет, па сега за месец два не е проблем мене на почеток трите дена кога требаше да одмарам после трансфер од инвитро ми се учинаа цела вечност, а двата месеца одмарање дома не ги ни осетив, така да опушти се и не си прави нервози, мисли си позитивно и ете ние сме тука со нас побрзо ке ти мине денот со лесно денес, се’ да биде во ред
@Charlotte* и јас сум со широки колкови нека се најдат еднаш у животот! Како ја налупав сабајле со виршли мајо, сенф и кечап еве ја уште спие не е мрдната
По природа не сум нешто плашлива, трпам болки, скоро имам правено и лапароскопија и хистероскопија, маж ми ми се смееше на операција во штикли што сум отишла, ми носеше патики за излегување Мене повеке ми е од муабетиве што ми ги прават лугето околу, а баш сакам природно да пробам и ке одам така, па ако заглави некаде работата нека прават царски што би рекле вие да ги искористиме широките колкови барем за нешто у животов ))) инаку бебето вчера 3500-3600 рече докторката па ке видиме колкаво ке излезе
Не слушај никој за ништо, нема правила една иста мајка различни искуства има со сите дечиња.... Жените сме ѕверови во споредба со мажите, полесно се снаоѓа сама жена отколку сам маж, токму поради мајчинството
Така е, едноставно нас природата такви не створила ❤️ Не знам за вашите, ама мојот маж ако качи температура или настине тоа е крај на светот
Два дена храброст до бескрај и убедувања сама себе како лесно ќе го поминам пораѓајот, следните два очај, најлоши сценарија... Колку само би било полесно да не утешеа со епидурал и во државните болници Искрено се надевам дека бебе ќе издржи во меше барем до понеделник, да оздравам барем малку за да имам сила, а од друга страна пак ако ме фатат болки викендов ќе ме препратат во друг град на пораѓај пошо кај нас нема анестезиолози за време на викенд, па не се нафаќаат ни на природен пораѓај од страв доколку има компликација да мора да се прави итен царски. Убава бременост си поминав, без позначителни нервози, ама деветтиов месец низ нос ми излезе..
Јас трет ден (после преглед со рака) имам кафено половината ме искина неможам ич да стојам и да одам, долу срамна коска колкови све ме боли. Утре сум пак на контрола и не прифаќам провокација сакам да биди природно скроз, самото кога ќе сака да излези само да е се ок, да нема потреба за побрзо породување. Мене многу ми реагира на портокал, јадев 2 дена со ред абе ме отепа и ми текна дека можи од нив да е, вчера не јадев помалку мрдаше
Сите до еден кој повеќе кој помалку. Абе жално е за гледање дури. Татко ми десет дена од кревет не стануваше со температура од 38,5. Цел ден офкаше како да е крај на светот и повторуваше готово не можам повеќе ќе се умре
Истото и мене ми се случува, понеделникот докторот толку грубо ме прегледа што од тогаш до сега мислам коските ме болат долу, буквално ме тегнеше со сета сила, се сецкам кога одам од болка
39+4 термин в недела ми е на 09.12. Матичниот гинеколог ми рече дури не добијам болки да не одам, му се јавив вчера му кажав дека кафено имам.
Рано ми е за да се замарам со тоа како би било ама многу ми се допадна ова што си пишала па затоа си направив скриншот и ке си го прочитам кога ке ми притреба убаво кажано од многу замарање глава боли одиме мушки до крај мора да не биде Инаку мешиња незнам за вас ама мене емоциите ме совладаа ми се плаче за се па и кога нема причина. Баш пред некој ден си плачев како мало дете на автобуска затоа што ми затворија врата пред нос а јас со мешето неможев побрзо да стигнам неможев да трчам неможев да сватам зошто толку плачење ама ете солзите сами си навираа
@Ygritte значи оваа недела најверојатно др. Мимоза и др. Боро се менуваат на еден ден, зошто ако имаше од Скопје тие се неделно тука Овде има затишје пред бура мислам неколку наеднаш има да се породиме
Во понеделник ќе доаѓал др. Јовчевски од Гак... Така им кажале.... Искрено јас сакам да се погодам кај него ако не кај др. Мимоза Јас сум многу подвижна и темпераментен човек (читај:нервозен) и сакам да е се на место средено, мм ми вика од кај наоѓаш толку енергија а си како топка јас му викам дека се кладам со глава дека ако тој е труден само еден ден, нема да оди во вц, од кревет нема да стане Мило ми е што ти се допаднало, и јас сум станала плачка повеќе од што бев плачев дека мм се задржа на работа и мораше да го чекам, плачев кога видов мајка со две дечиња се гледаше дека се сиромашни, ама женава како ги гледаше децата со љубов еве сега дури пишувам ми идат солзи.... Страшен емоционален ролеркостер
Јас и мм не сме крупни воопшто, јас сум родена 3300 ,мм 1800 дека две бебиња, ама јас цел живот сум преслабаа и тој исто, имав 43 кила се здебелив со маки на 47 останав бремена( се спремав за бебе оставив цигари и почнав со јадење повише) сега сум 65 кила бебе пред 1 недела беше 1250гр. А кај се уште 10 недели.. свекрва ми одма договорила за царски јас се налутив сакам природно како така , да не сум се мачела ,ајде бе ама на две контроло по ред бебе се поголемо ај некој ден ај недела сега више 2 нед. понапред е изгледа ипак ке мора царски ја немам голема карлица од кај ке излезе се смеам мм се здебели кога почнавме да работиме на случајот па бебе затоа е буцка дека он буцко беше кога го направи хахаха