Бев кај докторот што ми ја води бременоста сега се е во ред, бебе некоја мрза го фатила и спиеше изгледа само се тегнеше. Ми дојде душа. иначе 16 н. сум ама го осеќам веќе некое време Како бе свекрва договорила царски? Абе аманте како такво зелено светло сте и дале, во тоа да се меша? Добро, нормална е? Абе мајками не смее да ми се меша иако сме преблиски а па не свекрва, кој фактор е таа да одлучи како ти ќе се пораѓаш..ах што не ќе чујам за свекрвиве, јака ви душа.
Медицинско лице е и ми ја води бременоста она закажува по докторо контроли скрининзи вади документи боледувања и слично оти јас поима немам, имав една прекината бременост и сега не би можела сама да се снајдам за секакви испитувања а и финансии немам за да терам сама така да она води све ама секако се прашувам и јас, ова ме налути ептен ама изгледа по се она има поголема перспектива од мене затоа и договарала што ја знам..
Јас немам широка карлица ниту сум нешто многу дебела, високи сме 2та, а родени сме 3750 гр.јас 3800гр.тој....нема врска ни широка карлица ни широки колкови, една другарка роди 3 деца природно(1+2 близнаци) , а е пола од мене, мајка ми жена ѕверка, дупло поголема од мене нѐ родила со царски рез две деца.... Поздраво е со природно раѓање каков царски..... Па уште да ми договараат
Како се ближи се на тоа мислам како ке бидне сакам да знам да не се изненадам .. инаку да не беше таа одамна ке го изгубив заради глупости нервози од работа нервирања.. наоѓаше амбуланти доктори во сред ноќ да ме видат имав крварења и + лошо завршена прва бременост.. сфаќам дека се грижи да ми е се таман да не мислам јас на ништо се да ми е ок да не му ја мислам ама мислам за пораѓај со мене треба да се договара што мислам и како а не да договара доктори, и матичниот кажа царски само ако има потреба а тоа ке се види тогаш зашто ако може природно да се форсира царски, така да уште стојам на тоа ама прочитав за природно провокација била многу болна па незнам како би поднела премногу јака болка, имам низок притисок и од напор паѓам во несвет ми се спојува притисокот да не ми се случи нешто , рано е да се оптоварувам со глупости ама ете премисла ми е
Мојот рез веќе не се ни познава,пред 15ипол месеци родив @Dina911 одлучи си сама ,не читај секој е приказна за себе. Има лесни природни ама и тешки. И се зависи од многу околности,нема правило. Со лесно како и да одлучиш
Пиете магнезиум во 9 месец ? Докторката ми кажа да сум прекинела дека ги намалувал контракциите. Јас па си викам ако дојдат оние правите контракции ништо не ги намалува
Тогаш остави на лекарите да проценат, не си ни првата ни последената што ќе раѓа, исто и јас.... До тогаш ќе си уживам со бебка во мене и ти исто така
Јас нопак првите три месеци мислам дека кризирав ако не каснам одма во моментов,накачив 6 кг и сега во второ тромесечие чудо немам апетит како што имав,можеби дека почнав да се движам после 3 месеци вертикала па не мислам на храна толку. А си сакам еднаш во неделата
Значи нема правила. Јас цела бременост се пазев и не јадев ананас заради тоа пто предизвикувал контракции, а многу го сакам, и денеска ќе си купам па ако сака нека излага бебе, веќе сум 9ти
И јас уште ги пијам, болки имам и мали контракции, ама уште не се вистинските 39+4. Не е страшно ете истото маче и порано те гребело. Мене пред 2 недели убаво ме закачи еден мачор стапалато цело ми го изгреба, се натурив со ракија малку потече и помина.
Море и ананас и урми и тушеви жешки и лежење во када и секс, ништо не направи да попушти матката Опушти се чим си 9ти, мислам тоа највеќе значи
Јас првите месеци се давев во овошни јогурти од ананас и свеж ананас изладен, ми помогна за прочистување, откако се активирав во форумот разбрав дека не се јаделосе јадам по ред до Март мечка ќе станам
За чудо само 5кг сум се здебелила до сега... Останав бремена со - 3кг од нормално што имам.... Ќе видам за 2 недели а искрено лесно качувам кг. лесно симнувам.... Е сега во овој случај и хормоните влијаат
Иста сум . Јас плачев цел ден затоа што еден комшија постар човек не ми рече здраво кога ме виде. Јас плачам маж ми се смее