@Dina911 на муабетот претходно...си го удри прстот со врата од колата пред саат време. Дома собава е претворена во хирушка сала мислиш две црева му излегле од болка како мало дете цел во завој мраз креми
Сеуште одбегавам некој јадења ама поголемиот дел од апетитот it's back! Ама гледам да не претерувам, а не спомнувај, омилена ми е посебно од la piazza Не сум појдена одамна дека немав апетит но деновиве и тоа како ќе појдам Викаш да има влијание од магнезиумот што си истерала до 41? Зошто сепак долго време се пијат иако се прекинат во 9 месец. Некако во двоумење сум..
Откако влегов во последно тромесечие се нешто не чини. Крвната слика вика анемија, ајде повеќе зеленчук, овошје, месо, јајца и вит.Ц, д-димерите 1900 ајде клексани да се боцкаме, леукоцитите високи ајде брисеви да видиме, јас мислам дека имаш кандида ама ќе видиме. Мислиш? Или имам или не, или треба терапија или не. Едино добро ми дадоа зелено светло за факту маст за да се спасам од хемороидите. Боледување ми даде докторот да лежам дома со нозе кренати поради отоци ама и многу да шетам а тоа што јас се осеќам како раштрафена патка кога одам била најнормална работа во бременоста!
Матичниот ми рече да го прекинам магнезиумот во 36та, докторкава ми вика по два слободно да пијам, јас со магнезиум неможам да мрдам а без не помислувам, а дека може родилни контракции да спречи тоа никако не верувам
Хахах ме насмеа со ова раштрафена патка. И јас исто се чувствувам посебно насабајле додека се раздвижам не можам нога да кренам да се облечам а само 17+3 сум. До крај којзнае како ќе се движам. А крвната слика јас ја подобрив со флорадикс, за 2 месеца од 9 железото на 17. Инаку да не знае некој кога излегуваат нови термини за јануари ми треба упат за втор скрининг?
Дами, дали Димчев од Систина или Петрова од Ремедика за прв скрининг 12 недела? И дали има некоја која не пиела мултивитамини во прво тромесечие? мене заради тироидната не ми дозволуваат а не јадам воопшто заради гадење и повраќање многу малку овошје и уште помалку зеленчук... почнува паника да ме фаќа дали прима се' што му е потребно бебе? Пијам само фолна, ц витамин, б комплекс од пред две недели за гадењето и маџун од пред една недела... фала
двајца ендокринолози не ми дозволија а не ми се толку страшни резултатите.. и од Патофиза и од Тиреодијагностика... Вам Ви дозволија лекарите?
Леле комедии сме значи не верував дека толку ке сум осетлива ама ете плачам па се смеам хормоните скокаат на велико
A да се расплачеш за огледало дека не одговараат мерките и тоа со солзи,со мрсули па после кога сфатив за што липам,ред смеење ред плачење бев. Мм се насекира
Јас го прекинав магнезиумот од 36та и мислам дека направив грешка, грчевите во 9ти месец се поголеми, можеби ако си пиев магнезиум барем малку ќе се ублажеа..
Да не знае некој што значи pvu сакрализирано, размекнато, oue вложиво за врв од прст? Pvu прогуглав и најдов дека е цервиксот ама не знам дали треба да е мек во 18 недела? Ништо не ми рече докторот, а ова го напишал на извештајот...
Ви се случило ли некогаш да ви се јаде нешто но да не знаете што? Ете сега неможам да заспијам пробав од се благо и солено и никако неможам да се задоволам.
Мислам нема големо влијание. Јас го пиев до крај и тоа често дупла доза бидејќи грчевите се нај јаки на крај. И со двете деца се породив 39+6 значи скоро точно на термин. Си добив нормални контракции.