Девојќи, лево долу во близина на јајникот чувствувам нешто како иглички. Лежев на таа страна и наеднаш почна вака...Немам некои други болки, само како слабо боцкање. Можно ли е да е мускул/лигамент? 35+1 сум
Да. Отворам фрижидер (не дека сум гладна) разгледувам внатре и затварам дека незнам шо сакам. Ама излеа само ми е досадно
А да се расплачеш зошто некоја репрезентација играла прв пат, па сите фудбалери плачат од среќа па ај и ти!?! Се мажеле/женеле па тука песни некои срцепарајучи, па тоа солзи и потечени како тепана. Сите ги исплакав што се измажија, санки којзнае што ги снашло Ја уште будна, со гости бев и од убав муабет си се расонив. @BellaBel мене Димчев не ми остави воопшто некој впечаток, многу арогантен човек, ништо не објаснува, со сила збори .. Колку и да е стручен не е ок такво однесување. Нз докторкава каква е, ама ја не би кај Димчев.
Уште некој буден? Заспав како 2 часа и толку...Се ме нервира, само станувам натаму-наваму, згора и заб ме боли
Направи гаргара од вода и сода, ако те боли премногу напиј се еден парацетамол тоа само можеш Слабо дежурни вечерва, ако ако сте решиле да се наспиете пред да стигнат бебушите Јас си изгорев од киселини, незнам како ќе функционирам без нив кога ќе се породам
Корнелија се породи сега ни се @Vennera.aa @Minnie 1 @mamaJana @lackygirl во 39та и @Dina911 @aceee99 во 38+ Ако пропуштив некој се извинувам. Со лесно да е кај сите! Ме интересира после 39 та има паника во стил “кај и да е” или почесто е “нека излезе и крај!”? Кај мене со лекарствата контракциите се спречени, контрола во среда. За кратење на грлото на матката ме праша дали пушам уште @Charlotte* уште една примена на “од цигарите ти е”.
Јас во живот цигара немам запалено па пократок од твојот ми е не си лепи на душа дека ти си го предизвикала
@Корнелија честитки, на останатите со лесно . На тебе @FreeMind ти посакувам и ти вака лесно да стигнеш до 39 недела, јас сега си викам леле многу стискав сега бебуш нејке да излегува искрено и мене не ми веруваше дека волку ке изджи мали, ама ете му се седи на топло, нејке надвор на ладно. Мене повеке ме фака паника дека немам перено за бебуш, планирам утре, зашто денес уште еден мајстор да ми се повртка по дома и да се досреди кукава па што биде нека биде. Јас не сакам да мислам искрено на ништо, иако сите само тоа веке ме прашуват, ајде кога ке биде, како ке раѓам )) како за сите така и за мене само со лесно на сите несесерот ми е спремен од последната контрола така да нема проблем ако фатат болки одиме
Јас секој ден во исто време се будам без врска..во 05:20..а сега почнав тоа време и да барам за јадење..чувам банани и бадеми до креветот за да не лупам низ куќа..сега може пак ќе си прилегнам
@FreeMind Нормално размислувам како ќе биде,што ќе биде,ама повеќе преовладува она "Аман нека биде веќе". Со лесно и од мене на сите
@Vennera.aa има ли нешто кај тебе или ќе си чекаме ние и после термин?Ова испадна вака зошто викавме порано ќе се породиме сега да не измачи до крај.Во недела двете сме на ЦТГ па ќе видиме како ќе е.Маж прогнозира дека точно на термин ќе се породам исто како со првото.
@FreeMind јас сум во фаза аман нека излегува веќе, за право како влегов во 9ти сум така, ама беба се инаети вика е нема по твое има да е по мое па веројатно и термин ќе надминеме @simona_baby не какво ново ќе се крепиме до крај, ма како тргнавме и после крајот мм типува околу 20ти а веќе и сите пријатели и фамилија си отворија кладилница па типуваат датуми и само се јавуваат дали биднало на нивниот датум, циркузи Ајде во недела ќе видиме до каде сме Со лесно само да ни е на сите мешиња
Јас љупев портокали во 3 па после оди заспи клоцаше мали растураше @FreeMind Не меси више кифли и одмарај
Искрено да ви кажам да не се разболев мислам уште 2 месеци да си го носев немаше да се жалам.. утрово будење со цела уста херпеси, се мрднав! Се што ме одмина овие 9 месеци во рок од 2 недели ме здрма.. Таман ќе си подзаспијам насабајле ете ги звонат цела фамилија, другарки, пријателки да прашаат дали сум се породила Немам појдено од понеделникот на цтг, болки немам, чеп не паднал па ќе се лечам дома додека не здрма. Бебенце машала прасенце, пред 1 недела беше 3500-3600, нема место да се мрдне в меше а се си мислам дека прават грешка во мерење докториве, не ми се верува толкаво да е И така, сакам бебе да подседи барем уште неколку дена в меше додека оздравам.
Хахаха ме насмеа со 20 ти на маж ми му е на 21 ви роденден и он и свекрва ми викаат тогаш ќе се родело.Е да бе јас ќе го носам 12 месеци во мене Исто исто и кај нас само прашуваат до кај е работата на кога му одговара си типува.Барем пари да им земаме
Ааа епа за атер од маж и свеки јас мислам да стегаш и да не пушташ оф мори мајко на сета мака да си се насмееме. Мене последно докторката ми рече по постелката и мерките на бебе дека голема е веројатноста да си терам и после термин и готово си врза маж дека ќе е така вика седи рано ти е
Барем кифли ќе јадам за Нова, во подобри денови и салата имало на маса али годинава...леб и заби Ќе биде супер германките ниту една нема страв нас ни е од се она што гледавме и слушавме кај нас. Они колку убаво ја прифаќаат бременоста и породувањето секоја чест. Туку бебе бањање од еднаш до три пати неделно овде само со вода. Може и уље или маслиново уље, а прво бањање по паѓање на папукче. Како ќе се разберам со мајка ми дека така треба имаш некоја идеја? Мислам жена е спремна да ме убие штом слушне како овде треба, а цел живот живее со девиза секоја вечер за да спие убаво