добар ден мешиња ние сме добро си одмараме,иако сакавме денес малце надвор ама тука времеве не се погоди за надвор,така да ке си седиме дома бебче е добро се почесто и почесто го чуствувам сакам да прашам кога сум легната често како на едната страна се прави тврдо како јајце како е поставено бебуш тогаш хахаха може глупо е али ми е чудно дали тоа се нозите,главчето бидејки повекето е на долната страна од стомакот
Денес бев на цтг и контракциите ми беа високи. Матичниот само ги ѕсирнаи рече супер се ,и ме праша до кога ми е терминот му велам до 31 октомври и вели а има време ај дојди во понеделник пак нити да ме прегледа нити упат да ми дади а усте 8 дена неполни останаа до термин. Незнам што да му речам веќе. Гирл мири инаку и јас истото го чуствувам дури и кога седам како шилце да има . Кај мене беше карлично завртено па се сврте со главата надолу, но сега осеќам како да е главата тоа што ме боди и стално едната страна ми е подуена инаку според болките кога мрда ќе осетиш дали е рака или нога ако е поблага болката тоа било раката но ако силно удира тоа е коленото.
Мајчички и од мене добар ден! Некаде во претходните постови прочитав за обрнување внимание кај матичниот на ехо версус она од приватните доктори, па решив јас со личен пример да ви кажам за мене... ..Кога сум кај мојата матична таа си гледа на ехото ми покажува и мене ама она набрзина и вика се е во ред еве сега ќе измериме..аха добро е и сл... Последен пат бев на приватно кај Надица Ѓеровска во ,,МаМа,, и се изнагледав на бебчо мој Абе може 30 мин ме гледаше на ехо, па мереше се и сешто, ми покажуваше на монитор, го размрда бебуш неможеше отпрвин да виде што е вика ќе се помачам малку ама ќе те видам ....потоа ја прашував разно разни прашања што ми лежеа на срце па ми објаснуваше што е како е....Абе милина.. Во понеделник сум кај мојата матична па ќе ви кажам како ќе поминам кај неа овојпат, туку ме интересираше нешто,, Ви земаат ли пари за ехо кај матичната?,, Поздрав мајки, имајте убав ден!
Мене понекогаш ми зимаат понекогаш не . Зависи како имаат гужва ако има повеќе пациенти не ми зимаат ако с епомалку ми зимаат . И тоа секогаш различно кога по 100 денари, кога по 150, кога по 300 , понекогаш само ми велат „Ајде оди „. А дали сте правеле 4д преглед и колку ве чинеше?
Со плави картони? Мене ми рече матичниот 2000 со плави картони но плав картон не ми зедоа а си платив 2000. Утрово додека чекав ред за кај матичниот една девојка на приватно дојде да прави 4д и тоа не и е матичен , без упат и плави картони а плати само 300 денари ! Нема смисла кој и да ме праша колку плати за 4д велам 2000 со картони а досега никој не ми кажал дека 4д го чинело повеќе од 1000 денари . А кога прашав колку е на приватно сестрата ми рече 9000!
^^^ ццццц абе од кај ги најдуваат цените незнам во ,, МаМа,, е 2500 или 3000денари на приватно! а со картонче на ГАК е 250денари...
Кога слушам дека со картонче е 250 , 300 па и до 1000 се нервирам . Како јас платив 2000 несватливо. Како и да е за арно ги дадов парите само ми е криво зошто на секому различно му се наплаќа а и не даваат фискални.
со сини картони ? не знам кој ти е матичен ама мора да има многу јака опрема ... ретко кој матичен кај нас во земјата има 4д ехо ... ама доколку има 4 д барем имаш среќа тој може да ти ги прави скрининг ... инаку 4д јас правев на приватно п.с. да не си грешка тоа да не е преглед на обично ехо
Да знам ретко кој има опрема за 4д и стварно ми е мило што и кај нас имаме таква опрема. Инаку со плави картони прави 4д ехо преглед ама мене ми наплати 2000 , а досега не сум чула дека на друг му наплатиле 2000 секогаШ велат па по 400 , 350 значи зависно од тоа колку гужва има тој ден. А за приватно кога прашав ми рече 9000
сваќе ако не ми дадеш ти храброст кој ме расплака со ова >> Колку и да е тешко, тоа боксерче што се бори со тебе сега ќе си го гушнеш и бакнеш, ќе му кажеш дека постоиш за него, и дека светот ќе му го дадеш. <<
silk Ти и после 12-та недела продолжи да ги пиеш 2 пати по 200мг., или намалена доза оти на мене ми рече да си продолжам како до сега 2 пати по 200 мг., а за по 12-та недела кога ќе ми зема брис (оти од остатоците од утрогестанот неможеше да ми земе) сигурно ќе ми ја намали терапијата на помалку мг. Сега се мислам да се префрлам тие 2 дена на орално како што велиш ти за да не ги прекинувам.
не не, не сум грешка , моја другарка беше на 4д на ГАК и ми кажа дека и зеле само 250денари е сега или таа лаже или јас , а и незнам зошто би ме лажела колку и зеле....
мене мојот матичен не ми зима за ехо пари. туку ако ми даде слика тогаш ми наплаќа по 100 ден.. или за брисеви ми зима.. зависи колку брисеви и какви.. инаку кога бев во штип на органџиски наплатив 3000 ден ама си се изнагледавме на бебуш со мм...сега здравје и живот околу почетокот на ноември повторно ќе одам за штип на 4д. пс боловањето ми е отворено и продолжено до крајот на ноември.. уживанција
И јас одам приватно кај Надица во Мама и сум ЕПТЕН ептен задоволна. Баш како што имаш напишано, вика ќе се помачам ама ќе ја видиме убаво. И она со мене се радува, ене гледаш како трепка,ау види ја зева... Секогаш мери се, главче, мозок, срце, раце нозе а бе се. Плус во било кое време да и се јавам со прашање ми објаснува се убаво. И сум приметила додека ако е зафатена со преглед одма кога може се јавува. А наплаќа 500ден. Кај матичната (приватна е ама работи со плави картони) давам 400ден. а зборува минимално, еве го,да, добро е, порасноало, и тоа е тоа. А и да не заборавам, сликите од ехо кај Надица 5ка, кај оваа другава Ја изнафалив женава ама навистина сум задоволна.
Ве читам ја фалите Надица од Мама, и освен прекрасниот однос гледам и со цените е тука некаде, не е дотолку скапо колку што се гигантиве Систина и Ремедика. Ве молам да ми кажете кај и се наоѓа ординацијата? Ова во Скопје можно ли е да е или станува збор за другите градови во внатрешноста каде што 100% сум убедена дека полесно си поминуваат. Овде во Скопје владее таков хаос, мене секогаш ми наплаќа матичниот за ехо 300 ден, секој месец крвна слика и уринокултура 600н ден и кога ќе видиш ко на приватно да идам.
Леле мешковци, не можам да ви опишам колку сум радосна. Само што дознав дека имам уште една другарка што е бременеа. Сега сме 4, (колку што знаеме)во друштво Џени ќе ти пишам ЛП за др. Надица
Ординацијата и е одма кај фонтана градски парк, многу е фина докторката цените за ехо за обичен преглед се 500 денари, јас кај неа се правев, приска-скрининг, 4Д.
Мелинара душо, колку ти зема за скринингот и приската? Мене за две недели ми закажаа за скрининг и приска во државна, во Систина и Ремедика гледав ама ми е прескапо. Дури и матичниот гинеколог кога ми закажуваше денес (компјутерски сега иде) ме праша имам ли свој човек во државна за да поминам подобро, ми стана одма јасно каква е состојбата со државна.