Аиии и јас со маж ми.Му викам ти не си ми никаква поддршка хахахах.Бебуш ако почека уште малку и брачни односи ќе нарушиме
Јас му реков да не дозволит да ме заборајт и да му кажвит колку го сакав уште немаме муабет скаран ми е
Искрено најголем страв ми е како син ми ќе го прифати бебето, дали ќе ми биде многу тешко, како ќе се справам...па за спиење во иста соба со бебе, ќе се будат меѓусебно, последниве дена таму ми е паметот
Ооо јас мислев ќе станам и ќе прочитам дека си гушкаш бебе Ајде ќе биде уште малку Ја до 3 заглавив серии си гледав па сега станувам кога ќе станам јас и бебето како да станува,никогаш не ми се случило да ме разбуди среде ноќ од спиење,ви се случило ?
Редовно ми се случува.Од седми месец наваму обавезно ме буди во сред ноќ,или кога ќе станам за во вц,се враќам во кревет и не можам повторно да заспијам од клоцање.Се на се,многу ми е немирно бебето. Ај уште малку 36+5 сум, ќе видиме кога ќе посака да излезе.Од наредна недела останувам на боледување,само да не почне да ме мава на психa кога ќе сум дома,што и како ќе биде. Вака идејќи на работа воопшто не размислувам.
Мене ми е подобро откако не идам на работа и тоа мнг подобро. Дома си средував си гледам серии си одмарам си спијам се шетам,и дека ми е подобро затоа не го ни мислам крајот,кога ќе дојде тогаш ќе мислам хаха (ќе си најдеш занимација некоја и нема да мислиш) јас им забранив на сите да ми зборат тоа...повеќето се :леле се плашиш ли,леле којзнае кога ќе биде може утре,леле којзнае кога ќе те фатат болки како ќе ти биде и бла бла ред др муабети(ова за луѓе кои незнаат како е и не биле трудни) и мнг глупо ми прават и реков ни збор повеќе. Дури и тука не се уклучувам мнг за да не читам Иначе за ова клоцањево навечер..ми имаат кажано демек какво е бебето во стомак такво ќе биде и кога ќе се роди...па дај боже да е вистина Кај мене е мнг мирна навечер си спие јас кога спијам баш да видам дали ќе спие кога ќе се роди
Мене ме спобудалеа луѓе. Секое сабајле телефонот ѕвони,пораки стигаат. "Се породи?" "Во болница да не си?" "Болки да не имаш"? Да,еве ме лежам се пораѓам и меѓу напињање правам пауза и ви одговарам на вас. Ме мрднаа значи,отров се. Ко што сум нервозна,некој ќе си го добие.
Ете баш како кај мене Забрани им! Сварно се стресни тие прашања те тераат да мислиш и да се нервираш Кажи им кога ќе биде ќе дознаете
Оффф, секој со своја мака. Ја па мислам нема да дишам раат додека не влезам 9ти... После кога сакаат нека излагаат. На маж ми му викам само да не не фати некое глупо време како 3сабајле и да вее снег како ненормално или можда -20тт.
Дојдов да ви кажам и да е со провокација да не се плашите не е ништо страшна провокацијата Побрзо ке бидне тоа е само убрзување Јас сум породена 16 ти ден над краен термин со провокација Во 6 сабајле ми ја ставија во вид на инфузија до 8 немав болки Од 8 почнаа контакции на 5 минути и во 12.10 бебе беше надвор Така да не се плашите не е страшно ништо дур трепниш ке си со бебе до тебе Со лесно на сите ја ве следам хахага иако не пишувам
И мене не ме буди навечер, јас како легнувам во 11 часот на пример, спијам мирно до сабајле до 7ипол Откако ќе јадам овошје, лимонада итн, и се размрдува повеќе бебо. Во текот на денот нормално мислам дека се движи, иако кога и да одам на ЦТГ се чини како да спие, откуцаите се движат 120/130 отприлика. А одам најадена со благо и кока кола. Утре пак ќе одам па ќе видиме како ќе се покаже. И јас се надевам дека ќе се погоди спанко како мене откако ќе се роди здравје Туку што ќе правам од утре по цели денови, не одам веќе на работа...
И јас да се пожалам денес. Болат препоните едвај се движам, ме зезаат дома сум претерала со точак возење ноќеска . На некој му е до смеење мене ми се плаче
Само лежи и одмарај,мене цела недела и препоните и интима се болеше. За жал,не помага ништо освен лежење и по некој магнезиум. @Bella* Пробано е се. И со убаво,и нервозно и со иронија. Ми се иде ич да не им кревам,па нека се мислат.
И јас денес пред психолошки крах. Со на Венера и Шарлот муабетите рикање плачење драми по дома. Плус влегов во филм дека готово стомак ме боли. Преспав еве се смеам сега како полунормална.
Ја со гушнат стомак на Виноскоп бев летото на 2саати, да не ме бутне или мавне некој у гужва. Во диско со обезбедување би влегла. П.с. Не знам што барав со Фанта меѓу вина.
Ме фаќа страв досега не ме болело толку да не можам да се движам. Се мислам да не е од што два дена спијам без перник меѓу нозе, не знам. Магнезиум пијам 2×400, а за лежење не ми дава киселината ни пола саат Фала за подршката
@Viki tonci Од што ме боли доле едвај одам. Туку кажи лек за киселините и мене ме нападнаа овие два дена. И почнав да отекуван во нозете не многу ама има оток
Жени јас сум во предродилна, на преглед 5 прсти отворена засега немам болки, сепак бебка реши да излезе