и јас 35 та, утре сум на преглед...па ќе видиме ама мојата си одговараше до сега за неделата во којашто е.
Овој си е од старт толкав,иначе за клексанот не ми спомна ништо колку саати пред пораѓај но сигурно ќе ми каже на следен преглед.
Леле три бебиња идат, дајте мекици, дајте музика, Господе дај им сила на сите три @mamaJana @happygirl и @lackygirl да поминат со лесно и да родат живи здрави и прави бебиња
И јас исто се распрашував, и ми рекоа вака други од искуство дека од 12 до 24 саати најчесто се прекинува, но и да треба итно породување си имале некој протокол и за тоа. Полсе породување пак се примал најмалку 2 недели Ова вака жени што ми кажувале, не е од доктор потврдено.
Мене трансфузиологот ми пиша 36 саати пред пораѓај последна инекција, што значи болки никако не можам да чекам мора да е темпирано. Ме интересираа други искуства.
Девојки, дали може да ми помогнете како да стигнам до амбулантата на трансфузиологија...имам упат за испитување на д-димери во амбуланта за анализи без преглед, ама незнам каде се наоѓа и како најлесно да стигнам до таму? Фала ви
Леле каква еуфорија, на сите три феминки им посакувам брз и лесен пораѓај, и живи и здрави бебувчиња. Јас денес прво цтг, сѐ е мирно, рано е за кај мене, 35+3 сум. Најверојатно ќе си тераме до терминот, во Новата 2019
Само диши длабоко и издишувај ги бавно полека. Или отвори ја устата и викај ааааааааа на издишување колку можеш подолго. Само ова може да ти помогне сега. Само на дишење фокусирај се никако не забрзувај дишење. Ајде и јас со тебе се пораѓам такво чувство добив
И јас ко демек во јануари ама искочи за нова година да си пееме дома со бебле Ами руска и кифли како ќе правам? Ќе донираат свекрва и мајка
Па се забрзав, хаахха, добив впечаток дека готово сите во декември ќе си поминат на ред, а во јануари јас сама ќе се бодрам Дури и @monik55 си закажала терминче, а мислев Јануарски ќе тераме. Инаку сакам во Јануари, зошто и јас сум во Јануари, а терминчето е мојот роденден
Како се залетавте сите во Декември страв ме фати Моник е со царски договорен @Viki tonci со термин после мене го носи карлично и она ќе е со царски пред мене, со Аја сме тука негде и она за порано ќе си се договори и јас со @Iki lepi последни од Јануари сами на темава заборавени @Charlotte* тебе не ти давам ред пред мене ќе си чекаш!
Моник не знам каква ти е ситуацијата ама клексан до една недела пред породување се прима, а не часови пред. Прашај си пак.
Влегуваш на главна капија и одиш право.Поминуваш од десна страна радиологија и на дваесет метри од десна страна имаш црвена зграда пишува Трансфузиологија и Имунологија.Нема да утнрш а од лево е паркингот
Аииии се возбудив колку нови бебки ќе има Мешковци со лесно нека е, следува нешто најубаво на целиот свет. Гладни, жедни, истоштени се вреди за неизмерното богатство во рацете. Бебешкиот мирис е најјак опиум кој ја бриши меморијата, верувајте ми.
Патем да отвориме типување кој ќе го фати бонусот за Нова? Јас типувам на @SaNJaAaaAaa носи девојче со термин таман се погодува за Бинго
Еве ме и мене се спремам да одам на ЦТГ, ако покаже контракции тргам за Скопје, ако не утре ми е план секако да одам па ако сакаат нека стават провокации утре полна 39, претходната недела рекоа 3500-3600 дека е бебчо па ке видиме Со лесно на @happygirl @mamaJana и @lackygirl