За приската кога го мереше бебуш само 500 денари и со тие анализи отидов во ГАК лабараторија ми земаа крв,ама мораш да имаш упат од матичен за во лабараторија. За 4D 1500 денари.
девојки си лезам и осеќам како нешто ко заби да ми рипкаат во стомакот она на кратко,20 недела сум,тоа ли е мрдањето на курле мој?
Денес ми земаа брисеви кај матичниот гинеколог па ги носев на микробиологија. Вкупно беа три, ми наплати 300 денари. Чисто ме интересираше ако Мама е приватна ординација не делува дека е многу скапа а добиваш екстра третман. Јас сум презадоволна од мојот матичен гинеколог, но со оглед на тоа дека таму не се прават скрининзи и приска, немаат 4 д ехо се мислев дали воопшто постои ординација која е опремена со сето ова но да не се превисоки цените како гигантиве Систина и Ремедика. Сакав да ја избегнам државна, да идам некаде каде што ќе платам солидна сума а ќе добијам солиден третман ама очигледно сега за сега државна е најопремена ама најтрагично запуштена во смисла на однос и третман.
е баш така убаво каза баш како балончиња да пукаат,леле мн е израдував ако е курле едвај цекав да мрдне срце на мама
колку јако чуство мммммммммммммм и еве сум цело време на грб и цело време рипка ли рипка и од еднаш онака чудно чуство како ми стана на ено место твд стомакот и го снема после чудно ко болка ко незнам што,во секој случај прекрасно
Јас како риба да имав во стомакот на почеток. Прекрасно е чувството,нели? Уживај, навистина непроценливи моменти се тоа.
добар ден мамички како сте ми денеска.. ние со бебето мое расположени си уживаме... иако времето е прекрасно денеска дома ќе си преседиме многу ме болат нозете неам појма од шо може да е.. па малку да ги одмориме.. изминативе денови бевме доста активни така да домче ќе одмараме... поздрав убав ден еве ви линк да се насмеете малку http://www.youtube.com/watch?v=o1JpeX4hyW8
Да ве прашам, ми падна зејтин од висачите во кујна право на стомак,а шишето полно. Не ме боли ништо, и бебево си мрда многу,(стандард за неа ама во случај да ми треба, каде да одам на лекар во државна болница? Директно на ГАК или на некое друго место.
Мамички како сте?мамички дали сте почуствувале некогаш при наведнување или нагло движење (ваше не не бебето) да ви кркори нешто во стомак како кога сте гладни? слушам некој чудни звуци од што би можело да се тие? Мислам дека бебчето ми се сврте пофторно карлично така осеќав тврдо под градите кога беше карлично еве сега пофторно така осеќам. Се грижам изгледа ќе морам со операција да го донесам на овој свет. Еве ви малку совети за храната која не смее да се јаде за време на доење за да бебето нема грчеви ! http://tvoebebe.com/MAJKA/ishranata-i-d ... mflp3BJ5A0
Oф леле полека со овије доктори малце нешто и оп чук чук на врата.паднал паднал друг пат че припазуваш малце повејче и готово чим бебенцето мрда и немаш никакви болки нема потреба од паника
добар ден мамички како сте ми расположенки денес.. ние си каснавме со бебушката моја и сега ни останува да уживаме цел ден и времето е убаво денеска можеби ќе излеземе малку да се прошетаме...бидете ми поздравки и имајте убав ден
Добро утро и од нас. Ние уште утринско кафе немаме испиено по дома радна акција почнавме. Во спална конечно се си е на свое место, Уште малце и ќе бидеме целосно спремни. Што е добро затоа што осеќам бебево се спушта па и нема да ме изненади ако не ги поминеме сите 40недели. Жалосна, јас не планирав да одам на доктор доколку нема потреба. Само ме интересираше ако покасно, не дај Боже, има нешто, каде се оди. Јас веќе и не паничам, тоа беше на почеток,секоја ситница ја анализирав ама овој пат се загрижив малце затоа што од високо падна и силно удри дирекно на стомак. А ова мислам дека би била добра информација да се има. Уште ме интересира. Каде се оди ако има некои компликаци, а не може да одиш кај матична?
здраво, денес кога станав од спиење после мочкање забележав ептен светло кафеав исцедок на тоалетната хартија. Не ми се верува да е крварење, зашто имав на почетокот од сексуални односи, оттогаш не сме имале односи, кукаме ама тоа е, за бебчето се се издржува Се мислам да не е од настинката, или од завчера кога ми земаше брис докторот после тоа дома почувствував болка како пулсирачка внатре ама помина за брзо. Денес сум подобра, инаку бев ептен настината. Што мислите, да не е и некоја инфекција од настинката? Ќе помогне ли ако се измијам со чај од камилица со лажиче сода бикарбона, обично тоа ми помага кога ќе ми се јави некаков мал проблем доле.
Jeny мислам дека ти е од брисот тоа кафенкастото.. имав читано и други трудници шо прашувале за тоа секако ќе помине и да подмивај се со камилица и сода помага captivatingнедај боже да дојде до проблем не мисли на тоа можеш и на матична да одиш.. само да ти мрде бебушката и ти да се осеќаш добро а и стомакот да не те боли..
Здраво мамички како сте? Ние денес сме добро расположени и денов го користиме за проветрување на куќата бидејки неможеме да се шетаме. Уште само 6 дена до термин имам нестрплива сум. Синчето ме изнасмеа утрово ,ми се поду десната страна како топка а левата спласна и до папокот ми се познаваше подуено како пета од нога колку беше убаво чуството. Едвај чекам да го фатам во раци. Постојано ги гледам алиштата што му ги купивме и си го замислувам. Дури утрово сонував како го дојам малку се загрижив незнам што значи или пак е од многу што мислам како и што ќе биде.
Мамички да ве прашам нешто . Колку пати ви зимаа бриз во бременоста ? Другарка ми е 8 ми месе ца веќе 4 пати и земале брис. Мене сеуште ми немат земено на 12та недела ми рекоа .