Ne ve ostavame sami, kako I da e tuka ke sme za podrska do kraj Neka e so lesno kaj site pa porano ili podocna ne e mnogu bitno
Ееее ние што сме по 3 до 4 месеци после вас па што ќе ни е работа ако не ве бодриме вака? Има да навиваме,да јадеме мекици допрва,денов некако денеска полн со изненадувања се погоди,ама па на сите ви мислиме како Венера синоќа лесно што си помина така секоја наредна нека поминува
Ние што сме покасно ќе се бодриме, а другите веќе породени ќе пржат мекици за нас здрави и живи да сме само
Леле душа немам само отварам да видам дали имаме ново бебе Господи златен дај му сила на жените да си се олеснат што поскоро
Јас сега пак ќе одам на одделение, контракции на цтг покажува до 80, а јас болки скоро и да немам. Ќе ми бапнат сега провокација и ќе дојдат и болки и бебе
Машала,тројка денес,утре. Вака не личи,убави мали сѕштества да се донесат на овој свет. Со лесно трудници,наскоро мајки,ќе гушкате среќа @monik55 држ,стискај,нели шилегче ќе те опарува
Лелее ме нема еден ден и триста работи се издешавале па и 3 бебчиња одеднаш чекаме со лесно нека ви е мамички
Незнам веќе што да правам, главоболки ненормални и како капак на тоа па настинав , се затнав , грло боли ќе експлодира што да правам , чаре некое, никогаш сум немала проблем со главоболки. Притисок немам низок.
Мечка страв! мене не страв! Се надевам дека до сабајле ќе сум со бебе. Најболни ми се прегледите со рака, контракции ептен чести и јаки, на 160 скока цтг а јас засега чувство како болна менструација. Ама мислам дека така е затоа што не сум отворена доволно, само 5 цм.. за 1 час одам пак на дежурна
Мамички дали би правеле проблем доколку на ноктите имам проѕирен гел при пораѓај? Не ги правам нападни ниту големи ги правам на природна културна должина (до месото)ама навикнат ми е ноктот на гел.. знам дека ако дојде до царски рез треба ноктите да немаат боја за да се види ноктната плоча ради анестезија.. ваљда не би ми правеле проблем ако видат гел ..?
Јас сум тука,се надевам ќе влеземе во новата година,нешто ми се спушта стомак,и имам некои благи болки во долниот дел од стомак,вајда дека баткото е понапреден 2 недели и главата му е поголема,а инаку сакам да си напраам од салатките за нова година па шо биде после нека биде
Честито на сите нови мамички. Знае ли некој дали беа на термин,предвремено или со надминат термин? Ако знае некој нека ми пише. Мене утре ми е термин,а никакви знаци уште немам.
Хепи е пред термин две недели, лаки е на термин денес и мамајана исто на термин. Венера беше исто на термин. Така да утре тебе ти е редот