Значи јас и ти ќе се бодриме, јас сум 27+3 денес.... И моето е супер, освен што е подвижно како тротинет да вози се надевам дека е позитивно и ќе се сврти главачки хахаххаха ќе се намести како што треба.....јас сум нареднава недела на контрола, ќе ја видам бебка
Бев на доктор се е во ред грлото не ми е скратено бебе супер напредува. Крвавење нема внатре ништо. И вчера цел ден се изналежав дома хаха. Ми олесна кога видов дека се е во ред
Добар ден! Прашање: дали сега во бременост брокулата ја оставате во сода и оцет пред припрема? или не треба?
Девојки, која/и храни највеќе треба да се избегнуваат во бременост? И што се препорачува да се јаде? Тазе сум во клубов и имам многу за учење.
Честитки Да си јадеш се! Ништо освен алкохол и цигари не ти е забрането. Балансирана исхрана богата со витамини и повеќе вода. Прашувај си се што те интересира. Со лесно
Ќе ти каже бебето што да избегнуваш Јас месо неможам да мириснам од сам старт.Сок газиран боже сачувај се превртува желудникот. Се некои глупости јадам .Феферонките ми се омилени
Да избегнуваш туна, недоварени јајца, недопечено месо, мајонези во сендвичари, салати за кои не си сигурна дали се добро измиени. Да не јадеш многу ананас, урми и мушмули. Никако јаки чаеви. Брзата храна секако ме се препорачува и општо, не па во бременост. Јади што повеќе зеленчук, овојше, протеини. Спанаќ и брокула, кисело млеко, јогурт, и секако месо.
34та недела од денес. Контролата покажа дека грлото на матката останало исто и не се скратило во изминатава лежачка недела. Сега пресмета 2,5. Цтг беше одлично без никаква контракција. При проверка со рака чувствува уште притисок од малата на грлото на матката али не сум отворена. Ова го води до заклучок дека кратењето било од бактерии. Ми зема брис за стрептокока, за една недела резултат. Малата успана на ултрашал застаната во стил на Микеанџело и се изнасмеавме на позата. 2.200 кг до сега. Јас едно кг послаба на крај почнав да слабеам. Се оди со мерките од 34та недела, освен што има подолги нозе. Али не е тоа никаков проблем. Дотоците редовни. Сега контрола за 4 недели на 8 Јануари ако не се породам до тогаш зошто идам да шетам бре! Не лежам веќе ни под разно. А пак и времево сончево денес мерак. Препораките се да одмарам повеќе и околу 20 минути да се движам, је рајт и после 42 недела породување
Туна јадев, мајонез не јадев во бременост ми се пријаде ептен, салата во ресторан јадам секогаш, мушмули се утепав од јадење,чај пијам од обичниве не турски ама пијам и одстоен цел ден, брза храна сакам, од месо јадам само пилешко или евентуално со бурек мељано, ова се што не јадам е затоа што бебе не сака ми се гади, цигари алкохол и кафе оставив ништо друго, не сум ограничена ни ништп не ми фали. Многу се оптеретувате со ова пазењево.
Можеби да, јас многу се оптеретувам, и откако сум трудна секогаш пред да јадам нешто прво гуглам дали смее или не смее во бременост. И за многу работи ќе прочитам дека не е пожелно да се јаде и не јадам. Среќа не сум многу по јадењето, па не ми е проблем да се воздржам од било што.
Термички необработена храна, сеедно месо, млеко или јајца, не се препорачува. На пример тирамису не поради јајцата, исто и сладолед каде има јајца, суши поради рибата, сланина бидејќи месото е само чадено(така ли беше зборот) видови кашкавали каде млекото не е варено.. Значи храна каде што и да има нешто а не поминала низ процесот на термичка обработка.
Јас јадам се,баш се Не внимавам дали е повеќе овошје или зеленчук.Сакам многу и 7ца и пица и си јадам секогаш кога ми се јаде Бебуш е супер,јас фала Богу исто.Крвта секогаш одлична,Зелезото 18. Од витамини сум само на магнезиум и толку ништо повеќе,имам испиено само една кутија пре мама и ми ја прекинаа Со лесно на тебе јади си што ти душа сака
@Charlotte* може да ви направи листа на здрава храна во бременост што се треба да се јаде и кога, исто многу битно. Може и рецепти да размениме.
Дечки сакам да прашам влегувам во 5 ти месец 18 недела сум но мене уште 7-8 недела кога бев како кила да имам се осекам значи буквално одвај се движам више а што ќе биде понатака ? дали има некој искуство , докторот ми кажа 2 пати добростан но гледам дека не е до тоа, ми мереа грлото добро е ми вика матичната, зошто јас вака се осекам незнам? абе мислам како 100 кила да имам и тоа ми се случува само периодично на пример некогаш цел ден некад на сабајле можам да трчам буквално али поручек како тенк??? Се мислам дали да земам појас за трудници?
Девојки ме интересира дали некоја од вас имала искуство со цисти на јајници во бременост? 11та недела сум, на двата јајника имам повеќе цисти од околу 25мм. На лекар ми рекоа да мирувам и редовно контроли, ама јас сум преплашена...
Контрола дури после 4 недели? Јас сум 35+5 па матичниот два пати неделно цтг ми закажа...понеделникот го имав првото цтг, сега во петок на второ. Да не си во странство?
Majki, zakazav sredba so doktor Jovanovski vo petok vo Remedika. Mi rece dojdi na nekakva podgotovka, ke razgovarame i nesto spomna zemanje infektiven materijal. Na sto mislese? Me isplasi so ova... 36+0.sum inaku
Да не е за тестот што се прави пред пораѓај? Хив, хпв мислам се проверуваше, ми зимаа крв и мене за крвна група и хив и хпв (најверојатно тоа беше, нека потврди и некоја друга која раѓала таму... ). Последни брисеви направи за стрептокока?