Секако дека зборам. Од тоа и избегав посрана администрација во пакет со здраствен систем ми беше најголема инспирација. И уште ми е и секогаш ќе ми биде. Стока е пак комплимент како третман, ако имаш среќа да си од Скопје и да ја познаваш сестрата на одделение. Има и бетер од стока третман во други градови. Сестра ти е бог и батина кај нас. Хиерархија над глава сите ти превртуваат очи, сите се дерат, само ти си крив оти си болен. Врска систем и неписмени на позиција доктор во итна помош. И така натаму сите знаеме како е, а така не смее и не треба да биде. Извини не се лути, моето искуство е такво. Искуството на моите кои живеат доле е сеуште такво.
А ти уште не си имала секс? @monik55 реално навистина има премногу прегледи кај нас и е непотребно. Во вторава бременост јас на пример не отидов ниту еднаш на цтг.
Hahahhaha taa barem.si go ima mazot doma jas so kogo hahahahha 5 meseci nitu ednas hahah,i da mi recas seks nemam partner hahaha
Нее убаво да се враќам наназад ама ме жеже и морам,на мене најспецифична аномалиа ми дијагностицираа што ептен ретко се гледа и тоа во државна болница. А на девојка во Германија не и открија дека детенцето има проблем,затоа немам верба.
Не ги земај никогаш исклучоците за претставување на статистички податок. Се зема генерален примерок од масата искуства и се дели нели на број на жители. Немој да споредуваш македонско здравство со германско со еден пример. Секако дека има насекаде низ светот се случува лекарска грешка. Тоа е факт што ви се случуло и нема тука дискусија. Жената има целосно право во Германија да го тужи за лекарска грешка и ако е така ќе добие оштета. Само не се случува двајца пијани гинеколог и анестизиолог да ти прават царски во Германија. Ме разбираш нели? Не се случува за Нова година на токсикологија да прават селфи со полумртов пациент. Исто не се случува наздравување на смена во болница со виски. Нема славење родендени со ракија во канцеларија. Нема мито. Нема пријатели за операција. Иначе сите би иделе со донации во Македонија да се оперираат од цел свет, а не обратно. Јас знам дека ти си со медицинска историја те читав низ темиве и дека се плашиш и се тоа јас разбирам. И овде да си на патолошка исто ќе имаш прегледи чести ако имаш историја. И мило ми е што си задоволна од Гак. Ти и уште тројца од цела Македонија. Толку. Другите верувај ми плачат, особено на тоа да ставиш и пат од неколку саати до Скопје и назад пример на паднат снег
Тотално си во право. ГАК ги третираат пациентите како стоки. Тоа е моето искуство од таму. Среќа си имам жива и здрава ќерка, ама затоа јас имам уплав од раѓање.
Се согласувам со тебе. Не е ни овде златно,како што некои прераскажуваат. Жените си се пораѓаат и таму и овде исто.
А тек на онкологија како ги третираат збор нема во речникот да се опише. Затоа и ги тепаат во последниве години и ќе ги тепаат уште многу.
Ццц, немам коментар веќе искрено. А за членката Моник, мислам дека ја знаат по случајот нејзин на ГАК и затоа е задоволна она сега, ама ако немаш човек таму, не те гледаат воопшто.
Види јас не спомнав ниту здраството какво ние тоа знам бидејки имам Мајка осакатена од тоа здраство јас кажав за прегледите здраство не спомнав. А дека јас и уште тројца во Македонија од Гак дека сме задоволни нее вистина тоа можам со глава да ти гарантирам. Мене стварно ми е жал што си поминала лошо но верувај секојднево имам комуникација со жени што се таму и раѓале скоро и никоја нее незадоволна. Гак е многу подобрен каде каде.
Мене ме радува да прочитам некој да е задоволен од државна. Тоа ми е ептен ретко да го прочитам. Исто еве има и обратен случај мини е во Германија и не е задоволна. Значи исклучоци има насекаде. Генерално како е си има листа и оценки секој може да провери на нет каде се најдобро рангирани клиники итн. Јас од почеток за цело здравство зборувам ти збориш само за Гак
Пред да се породам се распрашував за ГАК кај пријатели, роднини и од сите слушав позитивни коментари, као најубаво е, сите трчаат околу тебе демек, а јас го доживеав спротивното. На одделение оставена сама на себе со бебето, помош од Господ само. Не знам што е убаво тука, нели, да нема кој да ти помогне да станеш.
@Kitten Оваа бременост баш забушавам де сум заспала де ногата ми се укочила де сврти ме де ова де она ама ако и утре речат ќе чекаме тогаш и жртва ќе мавнам па ќе падне секс
Сестра ми се пораѓаше во велешка. Две другарки исто. Приказните не сакате да ви ги раскажам. Не знам ни дали може да замислите, али не е за тоа темата. Битно е дека си го носиме стравот од породување во нас благодарение нели на преубавото здравство кај нас. Е овде жените не се плашат од породување како кај нас. Се плашат од болките, од чинот али не и од персоналот, од сепса, од пијани доктори, стаорци низ соба, паштета за појадок итн.