И мене ми е на граница ама ги немам однесено резз кај докторот. А даваат ли нешто лекови за покачување на хемоглобинот кога ќе се намали?
Мене сируп ми препишаа ама мн ми е намален. Кога ми беше малку под граница не ми даде ништо, само што после тоа не внимавав на исхраната и се намали уште.. Пробај ти со храна да го регулираш.
A во германија па многу убаво здравство имаат. Доктор требало да ми каже кога ќе правам крвна слика за детето. Абе ајде. Па дури и брис не можело да се земи кога ти сакаш. Дека е чисто-чисто е, дека е средено-средено е, дека добиваш епидурал на пораѓај кога сакаш - добиваш, дека нема пијани гинеколози- точно е, нема. Ама .. во секое добро нешто мора да има ама. Не може да е ок да не можеш да направиш крвна слика кога сакаш, не може да е ок 2 пати да одиш на ехо цела бременост, не може да е ок доктор да не те види на породување колку сака нека е природен процес (ќе повратам ако уште еднаш некаде прочитам: а нива како раѓале пред 100години), не може да е ок да ми речат оди вакцинирај бебе супер е, ама пошто тие го прегледале и велат е супер јас не можам да му земам брисеви ни крвна слика. Не може да е ок дете со 40 температура да ти го враќаат и да ти речат ок е не треба антибиотик, треба сам да се бори организмот. Молам?!? 40има температура колку да се бори повеќе од тоа? Ова за мене е страшно исто колку што е страшно со пијаните доктори, стаорците, итн.
Никаде не е сјајно, ама тука е врвот. Има многу жени пред пораѓај, а и ја сум, така да не сакам нити да мислам нити да кажувам што се знам од ГАК. Само ќе кажам нека чува Господ! Ја еве сеа у небрано. Сите испитувања ми се супер. Цервикс за 31нед. 34мм. Од Систина ми даваат за зреење инекции, матичната не сака да стави зошто вика нема потреба, а и не се витамини инекциите да се боцкаме превентивно. Ни лево, ни десно сме. Свртев и кај друг гинеколог истото го мисли дека нема потреба од инекции сега за сега. Да полуди човек.
Не знам ова кој го раскажал дека крвна слика не може или брис оти е чиста измислица. Си имаш матичен и си закажуваш буквално кога сакаш за крвна слика и брис, ама буквално. Тоа можам да го демантирам. За породување природен процес имаш бабици и доктор само и само ако има потреба инаку не е должен да те гледа за природно. Бабиците се образовани и обучени за породување. На 40 температура дека не дале антибиотик или го вратиле некој спаѓа во рубриката верувале или не. Тебе ти се случи ова во Германија или? Значи ќе те молам имам доктор дома кој работи овде со работно искуство години во Козле и Филип Втори и многу македонски лекари пријатели те уверувам дека има стандард на работа кој мора да се почитува најстрого. И можам да споредам два система на своја кожа. Само проста паралела провери на 70 милиони колкава стапка на починати новороденчиња има таму и ваму. Ништо фазла затвори го муабетов. Пс. Имаш три задолжителни скрининзи и два ултрашалта во бременоста платени од државата, заедно со сите испитивања кои ги имаш и во мкд преку крв и мокрача. Имаш и цтг од 30та недела редовно. А можеш секој ден да си плаќаш сама ултрашалт ако сакаш. По желба. Значи ако сакаш секој ден можеш ако си ги платиш сама.
Може ли од негативни статистики и коментари да се воздржиме?? Има жени буквално пред пороѓај кои не треба со такви мисли да се измачуваат во моментов. Знаеме сите,читаме,гледаме,слушаме,нема потреба од држење предавање. Незадоволни има и таму и ваму и истото може секаде да се случи.
Седев на столче на трепезариска маса пишував нешто.Наеднаш почувствував спуштање надоле,како вакум надоле да повлече,три пати почувствував. Наеднаш некоја болка,да не беше сфинктерот мислам дека ќе се помочав. Легнав на кревет ми потпомина. Пак седнав на столче истото ми се случи и почувствував како бебе ми се спушта надоле,и чувство кога имаме менструално крварење кога ни ,течи некое поголемо парче,. Се исплашив. Се мести бебе или да не е некое си предвремено? Не ми се смеете,прворотка сум,не паничам до сега ама ова ме подисплаши... 30+5недела.
@FreeMind дај боже лесно да си поминеш, и ти и сите останати, но веруј Германија не е така сјајно како што мислиш.
Девојки веќе некое време јазикот ми е бел и плускавци ми се јавуваат на него од страните и ме штипе. Се мислам од што може да е ? Прво мислев изгорен ми е од некое јадење ама не било зш веќе подолго време ми е така. Сега си мислам од киселини што имам да не е ? Имам киселини ама не се секокаш мн јаки само еднаш ми ср случи до сега да неможам да заспијам инаку прекј ден знаат да се јават па да ги снема. Ми дадд гастро гард за кеселини докторкава но ми речњ шо потреба само да ги зимам и уште немам земено ниедна.Незнам што да му направам што може да жабуркам во устава за да заздрави пто е дозволенк во бременост? Некој со вакво искуство да сподели хаха
Викам да те тагнувам или не, па те побарав на пребарувачот ^^уште малку и ќе се гушкаш со бебенце @monik55 договорен царски, 24ч бев само без Клексан @simona_baby мајче
Сакам да ве прашам дали можи да се спија на грб? Инаку сум 36+3 недела... Овие 9 месеци спиев само на страна ама сега ми е убаво на грб и полесно ...
Спиј си како ти одговара. Јас сум на крај веќе и болките во грбот ми поминуваат само така кога ќе легнам. Не прашувај како станувам после,ама верувај ако на бебе нешто не му одговара,ќе приметиш.
И јас читав дека не требало,ама јас само така можам да се одморам и да ми се намалат малку болките. И докторката ми рече,гледај како ти реагира телото,што ти одговара,нема правила. Читав на лева страна требало да се лежи,ама не можмам. На почеток можев,а сега изгледа бебето така лежи да ми е незгодно и нема шанси на лева страна да легнам.
Фала ти. Идеално не постои никаде. Али веројатно оддамна не сте ја почувствувале разликата. Не ви замерувам, ниту ви посакувам многу подобро да ја видите разликата. Жалам Мини за статистика, али со рекла казала муабети не се води никаква дискусија, мене ме учеа дека само со факти се разговара. Да ја завршиме темава.