Кој месец си бремена? Во 3 - 4 месец кафеавото протекување е крварење точно така. Тоа е хормонски но ако ти продолжи итно да се јавиш на лекар бидејки мора да примиш инекција за да не се случи спонтан. И јас прокрварив така кафеаво не црвено како крв примив 4 инекции кој многу болат но матичниот ми рече дека тоа е хормонски прокрваарување и дека долколку не се примат инекциите може да се дојде до спонтан абортус. Исто така имав болки во стомак и јас и мм еве веке цела бременост не сме имале секс за добро на бебето но уште малку ќе надохнадиме . Мене крварењето ми се случи во 18 недела мислам беше. Затоа најдобро наместо на фемина да прашуваш да си го прашаш матичниот.
И мене кога ми земаа бирс (мислам 14 недела беше) имав мало крварање. Почна уште кога ми земаша брис докторката па ми даде влошка и ми рече да се напијам 2 магнезиума од 250мг и да и се јавам ако продолжи ама веќе наредниот ден го немаше. Ако имаш болки во долниот дел на кичмата и кај јајниците/матката а исцедокот добие црвена боја како крв тогаш треба да одиш на лекар веднаш. ЕЛЕОНОРА И јас сум 8ми па до сега само еднаш ми земаа бирсиеви, на почеток на бременоста заедно со прикса тестот. И треба уште еднаш да направам во 9ти месец. Дали можеби другарка ти има некоја бактерија или инфекција па докторот да сака да види дали уште ја има или не? Нека си праша кај гинекологот, да и објасни што тестира и зошто, да не и зимаат пари без потреба.
Леле бре луѓе !!!!!!!!!! Жената прашува ако треба не дај Боже, каде да се обрати. Мое мислење е да си отидеш кај својот матичен гинеколог и да му кажеш што ти се случило, или да се јавиш и да го прашаш, ништо не губиш, од каде да знаеш ти дали е нешто или ништо. А за не дај боже можеш да се обратиш во ГАК, имаат дежурна амбуланта, ако си од СК, а ако не во најблиската гинекологија. Поздрав.
Јас сум во 9 ти 6 дена пред термин па само еднаш ми земаа брис во 9 ти не зимаат ако нема бактерија. А за девојката што праша за каде да се обрати за недајбоже каде и да се обрати каде што има гинекологија ке ја примат секогаш има дежурни акушерки кој прават преглед и доколку има потреба го повикуваат гинекологот.Јас во почеток на 9ти имав болки -лажни недела беше акушерка ме прими ме прегледа и го повика лекарот да ме прегледа зошто цтг ми беше многу високо.
Леле бре луѓе !!!!!!!!!! Жената прашува ако треба не дај Боже, каде да се обрати. Мое мислење е да си отидеш кај својот матичен гинеколог и да му кажеш што ти се случило, или да се јавиш и да го прашаш, ништо не губиш, од каде да знаеш ти дали е нешто или ништо. А за не дај боже можеш да се обратиш во ГАК, имаат дежурна амбуланта, ако си од СК, а ако не во најблиската гинекологија. Поздрав. [/quote] Оваа е информацијата што ја барав. Фала ти. Не сум паничарка (веќе ) ама не знаш што ќе ти се мотка низ глава додека не ти се случи тебе. Јас се разбира нема да се влечам по доктори ако нема потреба. Само ме интересира. Мислам дека е важна и корисна информација.
Здраво мамички. Јас денес нешто не сум добра, имам некоја си мигрена. Главата ме болеше од сабалје многу не знам како станав за на работа, не знам ни како се спремив и тргнав за на работа. Стасав што стасав и после еден саат не можев да издржам и на мм му реков да ме земе и да ме однесе дома. Само што си дојдов дома што влегов во веце директно и се истурив од повраќање. Баш тоа се мислев, рано е се уште да повраќам. Баш со сестра ми правев муабет таа има едно дете и сега чека друго детенце, и вика рано ти е според неделите ти вика си 5 недела а така гадење и повраќање обично се случува од 8 недела. Што знам, може кај секој различно се манифестира бременоста. Јас пак мислам дека од тоа што преееемногу ме болеше главата и од таа некоја си вид на мигрена (така барем еден доктор ми рече) ќе да повраќав од болки од тоа. Додека не повратам главата не ми поминува. Па сега цел ден сум со сокче, со млекце, јадев и добра сум немам главоболки. Ви посакувам убава вечер. Поздрав мамички.
Оваа е информацијата што ја барав. Фала ти. Не сум паничарка (веќе ) ама не знаш што ќе ти се мотка низ глава додека не ти се случи тебе. Јас се разбира нема да се влечам по доктори ако нема потреба. Само ме интересира. Мислам дека е важна и корисна информација.[/quote] епа извини ако те повредив нешто ама мене ми се има ова случено не еднаш него хххх пати пошто некогаш побрза сум од што треба или се удирам или ми паднало шисето од сок и такви си некој раб (нормално не ме болело) па кога сум пошла на контрола се било ок со бебето....и сакав само да те смирам.а ова за каде треба да си појдиш недај боже за поголеми повреди е то стварно незнам
Не не, воопшто не ме повреди. Разбирам од каде доаѓа коментарот. И јас истотот го советував пред некое време, и во право си. Информацијата за каде се оди ме интересираше онака, мислам дека е добро да се знае. И јас имам многу "несреќи" во последно време. Денес неколку пати си го удрив стомакот, де во врата, де во креветчето, де во шкаф, ама како што викаш, малце и не ме боли. А ова со шишето од висачите, навистина од високо падна, и тоа полно, и тоа баш директно на стомак затоа ме замисли.Ама се научув. На почеток за секоја ситница паничев.Сега само бројам денови и си чекам Туку да прашам, пулсирање долу кај матката, имате или не?
Дечки,како сте? Ние стигнавме до 13та недела и сеуште немам никакви мачнини,дури никакви симптоми, и да не направев два позитивни теста и да не му го слушнев срценцето налекар немаше да верувам дека има бебче внатре. Zalosna ме стави во мисла со мекиците,па одам да каснам нешто благо,било што. И така во последниве денови,секое утро се будам со нова желба за јадење, и тоа се некоја нездрава храна Вечерва ќе си се почастам со пица,па што сака нека биде, доволно ми е што веќе сите околу мене трчаат со чинии зеленило,чаеви и супи Вие пиете ли некој додаток? Мене матичната ми препиша фолна+јод ама се некако ми е незгодно да пијам,дека сум многу против ова медицинскиве додатоци,повеќе би сакала природно да си го обезбедам; а на прегледот па ќе те исплашат со триста чуда ако не го пиеш, се и само поради профит на фармацијата. Та и нашите мајки и баби ништо од тоа не пиеле па израснале здрави деца. Ве поздравувам сите
да ама тогаш било се природно а сега доматче или морковче да сакаш да касниш че осетиш дека нема никакви витамини
^Фолната + јод се пие во првите 12 недели од бременоста за правилен развој на мозокот и кичмениот столб по природен пат не можеш да ги исполниш потребите на плодот затоа постојат суплименти, не за бизнис туку за помал број на бебиња родени со малформации. Не секогаш е добро да се водите по тоа што правеле пред 100 години, тие не знаеле за поврзаноста на фолната киселина со развојот на мозокот, не знаеле дека недостаток на фолна киселина предизвикува оштетување на мозокот на бебето и неправилен развој на кичмениот столб, сега е јасна поврзаноста а сепак се игнорираат препораките на докторите, тоа ти е како играње руски рулет со животот на бебето.
Битер јас се слагам со тебе. Пред 100, 50 или 20 години кога сме се родиле ние, и денес, приликите не се исти, но не е дека било се така едноставно. Тогаш умирале многу повеќе новороденчиња и многу повеќе мајки, да не ве плашам сега, но на баба ми и умреле 5 машки деца а тоа го препишале на црна магија од поранешната свршеница на дедо ми, наместо да размислат дека сите дечиња умреле од аномалии на мозокот. Денес сме подложни на многу повеќе штетни влијанија отколку што сме свесни, зрачења, радијации, кисели дождови, пустински ветрови, се тоа што се случува некаде на друго место доаѓа и кај нас, зарем не се сеќавате на оној дожд пролетоска кој што наврна од кој сите коли беа покриени со кал, што ли се случило со овошјето и зеленчукот кој подоцна цело лето го консумиравме, јас се сеќавам на црешите и вишните во дворот, иако дождот ги фати додека се оформуваше плодот и подоцна додека зрееа сеуште имаше траги од кал на нив. Иако повеќето доктори се длабоко поврзани со некои фармацефтски куќи и ги препорачуваат исклучиво нивните производи, сепак не можеме да замижеме пред фактот дека сите тие прашоци, мали ситни таблетки и шарени пилули ни помагаат да донесеме на свет здрави и прави бебенца. Која мајка ќе рече одлучно дека не сака да ги пие сите тие суплементи и свесно ќе се одлучи да донесе на свет можеби детенце со аномалија. Не постои таква мајка. Не дека е гаранција за нешто, но сепак за да ни биде душата помирна се одлучуваме да пиеме се што ќе ни препише лекарот. Иако сеуште не сум бремена и не ве дружам така активно, ве читам барем и собирам искуства Во моментов ги правам сите испитувања кои можат да постојат за со мирна душа да можам да поработам поактивно на случајот. Инаку вчера бев на систематски преглед и докторот кој не гледаше на ехо забележа некое задебелување на десниот јајник кој претпостави дека е од хормонален дисбаланс и ми препорача што побргу да останам бремена и дека потоа би требало се да се среди Замислете некому му препорачуваат лекови, некому терапии, мене бременост, ама интересен лек Сепак ќе продолжам со испитувањата за да се осигурам. Со години водам битка со килограмите и рапидно симнувам и качувам килограми и тоа се после една инванзивна хормонска терапија во периодот на влез во пубертет, според докторов и тоа ќе се среди по бременоста, баш не ми е верно но добро можеби и има логика. Дотогаш строго ми забранија салами, паштети, виршли, смоки, бел леб, храна со сомнително потекло и сомнителен состав
Добро утро мамички. Како сте? Јас денес имам закажано на лекар да си ја видам бебушка и оддвај чекам Cacuvche Со оглед на промените низ кои минуваш, и хаосто од хормони нормално е да си плачеш без причина. На бебето не му штети освен ако не си под стрес па да плачеш од нерзови. Многу ми се допаднаа мислењеата на Битер и Ангел. Се согласувам со нив. И јас сум поборник што е можно природно да се внесе ама јасно ми е дека има ограничувања. Така да фолна и магнезиум си пијам а анемијата си ја лечам (барем се обидувам ) преку исхрана и природни сокови. И коментарите ние кога бевме мали/нашите мајки кога раѓаа/во наше време кога бевме бремени немавме ни ехо.... итн, знаете што мислам ми се ептен излитени. Кога ни одговара гледаме како се правело порано кога не инсистираме дека светот напреднал и дека сега имаме технологија и не знам таму што не и затоа ни е многу подобро. Напреднал светот многу затоа и имаме толку генетски модифицирана храна која ги нема витамините што ни требаат па мораме да ги примаме во облик на апчиња, или си садиме бавчи во двор Треба да се искористи најдоброто од двете.И тогаш луѓето занеле што прават, сега знаеме многу повеќе така да best of both worlds.