Јас девојки веќе почнувам да попуштам и со тело и со психа.Денес си имав убав детален преглед кај докторот.Плодова си има постелката е зрела свртено со главчето ама ништо од болки и отварање.Констатиравме и дека ова е веќе што би се рекло исцрпена бременост бебе веќе не расте си стагнира.Дефинитивно ќе биде мало бебуле ама само нека ми е живо и здраво. Докторот е со став дека ќе се чека највеќе 8-10 дена после термин.Денес се 4.Ама стварно несакам да поминам со провокации а да не сум воопшто отворена,затоа што знам дека џабе ќе јадам болки и ќе лежам толку дена на патолошка.Можеби не е џабе ама тоа е 50/50 или ќе се отвораш или не.Ако толку истрпам а завршам пак царски ќе ми биде мака.За директен царски нејќат да чујат.Стварно сум уморна од се.И мака ми е детето дома да си го оставам толку време.Се ми е измешано во главата.Колку бев позитивна ама веќе немам сила.
Ауу жено јас и ти се натпреваруваме една со друга и јас ги имам овие две и плус стрептококус ага.... како и да беше .Абе раат да се нема а на 26ти септември пред позитивен тест ми беа чисти сите брисеви.Мене ми даде матичната полигинакс вагиналети за кандида ,амоксицилин антибиотик за ешерихија и стрептокока по биограм и лактогин апчиња цел месец.И си пијам 1.5л чај од магданос.Аман веќе. А приската уште не ми е готова а поминаа 11 дена
А зошто толку негативно гледаш на провокацијата? Јас многу убаво со провокација поминав Пробајте природно прво и има време мене ме оставија 16 дена над термин да изгурам и ме породија
Па затоа што сите ли ќе не правеле царски???Така ми рекоа Постапката била таа се пробувало два дена со провокација првиот ден со поагресивна ако не се отворам одмарам па утре дента поспора.Е после со вагиналети за омекнување на грлото и на крај царски.
Абе страшно е ова раат да се немало. Она ми вика супер што ја има само на брис од вагина демек можело и на другите па опасно било. Ама јас осетив чим толку пецкање и чешање мора да има нешто. И моите на 15 септември беа чисти сите брисеви. Матичнава вика демек било од стрес и од недоволно исхрана, во што неверувам. Инаку кај правеше приска? Јас во државна за три дена готови. Утре уште крвна група и толку. Во јануари пак ќе испитам брис од вагина да видам како стојам со бактерииве. Инаку како се чуствуваш ти?
Незнам зошто стварно.Ми се створила некоја психа во глава дека ако не се отворам природно барем некој прст дека џабе ќе биде провокацијата.За првото бев отворена пет прста и после многу малку пуштија провокација бидна пораѓајот.Траеше се на се од 8 до 1.Јас болки ќе издржам небитно не сум ни коркач,ама да лежам таму два дена па после да се оди евентуално царски и после да лежам уште пет дена ќе пукнам без малиот.
Еве да те окуражам малку хаха пишав и неодамна Во 6 сабајле ми уклучија венска провокација до 8 немав болки 8.15 прва контракција после редовни на 5 минути па се намалуваше времето Во 12.10 бебе надвор
Дај боже да поминам така.Абе можеби и кај мене ќе делува може ја сум си умислила свашта.Ама мислам веќе и уморот си го прави своето оди секој втор ден на ЦТГ па моли доктори да те видат па чекај саат два ред да влезеш и човек се истоштува.
Н Не ми кажувај бар на мене 16 дена над последен термин ме породија Како помина терминот преку еден ден цтг а два сантима отворена од 33 недела си бев Абе господова работа
Ке се отвориш со провокации. Мене ме задржаа со еден прст отворена само (друга докторка која ме гледаше рече ни еден не си), ми пуштија провокации, за два часа се отворив 3 прста и на толку и ми пукна сам водењакот, но за жал многу со мекониум и не ризикуваа да чекаат, ако бев отворена ми рекоа ке одевме на бокс, вака шанса нема да чекаме, па бидна царски. А верувам дека ке одеше брзо отварањето по пукањето на водењакот. Со првото многу ми помогнаа прегледите што провоцираа да пушти грлото... тоа не ти правеа? Малку појако стискаа и ми вртеа лево десно, одма вечерта ми падна чепот после тој преглед. Првиот пораѓај ме задржаа на патолошка за да го следат малиот дека со врвка околу врат беше, а нареден ден да ме пораѓаат со провокации, ама арно вечерта во 21 си добив од нигде никаде природни болки, сабајле во 6 бев породена Дали дека ме задржаа се опуштив, одма два часа од задржување почнаа природни болки Б6 напиј се, легни во када или мавни потопол туш, најбитно е да си опуштена. И со лесно
Фала ти мариз.До сега ниту еднаш не ме проверија вагинално,ни еден доктор не бутна рака А можеби да на тој начин ќе испровоцираа пораѓај ама ете јас не сум доктор и несакам да паметувам.Ај може и наеднаш ќе стане послушно бебе па ќе добијам и болки и ќе се отворам.
И јас многу повраќав до 13,14 недела и тоа само насабајле по 2,3 пати обавезно секој ден. Бидејќи тогаш желудникот е празен повраќав жолто зеленикава течност, повраќав и чај и вода и се што ке ставев во уста. Издржи уште 2 ,3 недели ке се среди само од себе. Во меѓувреме насабајле штом се разбудиш веднаш касни геврече , потпечено лепче или оние брускети , некоја грицка или сл, мене само тоа ме смируваше
Да да и моите се од вагина Цервиксот се чисти.Истото и мојата го вика,овие не се страшни како другите За мене сите се страшни,се што е бактерија не сакам Јас никакви симптоми немав Приската ја правев во државна уште минатиот понеделник.Крвна група си знам пред некоја годима проверував А негатив,ќе има боцкање плус . Да не се урочам овие десет дена се чуствувам одлично,никогаш поубаво.Некогаш некој грч во стомак ама генерално супер.Апетит најнормален како порано,да се надевам цела бременост да продолжи вака
И јас како @lackygirl дојдов само да ви кажам да уживате и одмарате во овие моменти најмногу, затоа што после тој спокој и мир ги нема веќе. Поздрав до сите идни мајки и со лесно
Добро утро женски денес сум 27+5 бебка ми е многу активна од 04:30 сабајлево, само клоца се врти.... Не сум јадела нешто зачинето или специфично јадење а таа е размрдана... Читам дека можело да се намота со папочната врвка тоа ме загрижува.... Дали поинтензивно мрда дека се мести или што може да биде . .? Дали во оваа недела и вашите бебиња се толку активни? Прво ми беше интересно ама деновиве е доста размрдана и ме загрижува Во понеделник сум на контрола кај матичен гинеколог.... Треба ли да одам викендов на дежурен или не?
Јас сум 27 + 3 и баш го мислев истото прееска. Сега ме ставаш на уште поголема мисла . Од синоќа е многу активно цел стомак ми се прави бранови. Еве и на работа сабајлево малку потешко дишам пошо ми се качи скроз горе мислам. Искрено се надевам дека е нормално, растат нели.
Јас мислам дека е нормално дека се мести веќе во недела полни 28 недели.... А од 28 натаму се вртело за да се намести... Така ми кажа матичната .... Не знам што да правам.... башка сега добива на тежина и можеби затоа го осеќаме повеќе ...
@simona_baby биди позитивна како ќе дојде така, на толку лесен пороѓај еве ме уште во болница, најрано во понеделник си одам, бебуш фати жолтица, а и има црп 20 па е на терапија, препекав за синко ама сега на бебка сум и повеќе потребна. Господ да ти даде сила и што полесно да си поминеш