Не се плашете за тоа и зборевме да не се плаче на почеток: Леле не го чувствувам зошто после не е толку интересно. Се крева и нагоре и кај мене беше манифестирано со два дена лошење како прво тромесечие. Околу 28 недела.
Добро утроо Со крварење на непца си имам мака вејќе 5 месеци од кога разбрав дека сум бремена,користам лакалут и паста и течност и curaprox четка и витамин ц земам подобрување нема. Овие три дена и од нос имам крварење,не е обилно но од сабајле ми крвари. Периодично ли е? Некако сабајлево се уплашив
Исто на почетокот на оваа недела имав мачнини.... А на почетокот не паничев зошто не мрда си почна 17-18 недела некаде.... Нормално... Ќе видиме во Понеделник што прави жилаво дете
Аиии душиче и јас мислев домче сте.Ајде побрзо да си одите кај баткото Знам дека мора позитивно ама веќе немам сила за ништо
До ден денес крварам од нос, ќе ти потрае. За непца ми дадоа паста и средство за плакнење без флуор со кислород ако има таму нешто слично да провериш доста помага. https://www.bluem-care.de/de/
Јас се будам секое утро со крвави чепови во носот... Не големи ама ништо страшно.... Исто и непцата ми крварат ама јадам овошје повеќе и не притискам со четчето за време на четкање... Нормално е имаме зголемен крвоток и повеќе крв сега, а и бебе расте прави притисок. .. Ако крвниот притисок ти е во ред нема од што да се плашиш...
Еве ме мене, јас пак дојдов да ви кажам уживајте и бременоста е убава, ама нема нешто поубаво од тоа да си го гледаш бебчето до тебе трет ден од царски станувам најнормално, болки денес скоро ич и да немам (дај боже вака да е само).
@simona_baby и кај мене истово се случи како кај Венера, нѐ задржаа 5 дена ради жолтицата, а ќе не држеа уште, јас потпишав да си одиме 5тиот ден зашто ептен бев емотивна, штом помислев на големото девојче неможев солзите да си ги задржам. А јас лично можев уште истиот ден да си отидам, ептен бев фит и не се измачив зашто се породив за еден саат откако ме примија, истиот ден шетав низ соба им помагав на цимерките, им ги подигав наслоните од креветите... Но многу бев емотивна кога големата ќе ми ја донесеше маж ми, едвај се воздржував да не плачам, па му забранив веќе да ја носи. Пробував да се сконцентрирам само на бебето и да не мислам што се случува дома. На прворотките им беше најлесно Затоа со лесно и пробај да се опуштиш бидејќи мора да се издржат тие неколку дена без најмилите, важно е со бебушот да е сѐ во ред
Дечки 29 недела сум денеска многу имам вагинален исецедок и тоа жолт не дека другите денови не сум имала ама денеска некако повеќе. Примам утрогестан по два пати на ден до минатата недела примав и по 3 пати но веќе еден недела сум на два пати и си мислам од него дека е жолт исецедокот. Предходните денови не бил волку жолт бил по бледо жолт. Читав дека и во трето тромесечие се зголемувал исецедокот па да не паничам валјда од утрогестанот ми е шо мислите? И уше нешо денес нз како сд заб ставив во микро да топлам со алум фолија се заб и таман ми текна светна внатре се уплашив малце поеќе валјда не бебо нема да му се деси нешо за брзо време се смирив земав б6. Па после тоа се чукнав на десна страна од папукот на стол ама не беше мн јако само така малце ама дека бебо ми е на таа страна пак се испалашив викам аман бе сите белји знаат у еден ден да ме снајдат мене. Мн паничам
Полека ама сигурно се прави чистка од темава. Нека се полни Дај Боже од ден на ден се повеќе со нови . Еј, не не заборавајте нас што сме 2019 на список. Ми фалат веќе тука членки што ги читав,ама ајде ќе се наоѓаме по други теми. Инаку носов затнат 7месеци, ама сега ептен. Ми иде на матичната да и го дадам ова спрејов, она да одзатне нос со морска сол.
Да не ти е многу сув воздухот дома? Јас насабајле така станувам со затнат нос. Со навлажнувач на воздух по дома ми се средува.
Можно е, не знам. Сега треба да земам навлажнувач. Го имам од ТопШоп оној како јајце лампа ама не го бива ич. Може да ми препорачаш за каков навлажнувач се работи? Следно на листа ми е тоа баш.
23 недела сум, кога треба да испитам скриен шеќер и д-димери? За две недели сум кај матичната па да си бидам спремна
Јас го имам поновиот на Дормео, како капка шо е, ама мислам дека го немаат тој веќе. Баш денес на ФБ видов имаат некој нов на акција викендов за околу 2000 ден. А јас мојов 3 илјадарки го платив Инаку задоволна сум од овој, за разлика од јајцето. Тој беше со јонизатор и не ми пријаше ич, овој супер ми е
Вистина е дека сите болки ќе се издржат ама разделбата со малото дома боли повеќе од се.Хормони ми лудуваат си подплакувам уште сега ние не сме биле никогаш ниту еден ден ниту една ноќ раздвоени.Бебуш е најбитно да е добар знам не сум ниту прва а ни последна што се раздвоила со детето ќе се издржи некако па после дома ќе следува дупла среќа дупла радост фала ти на секој збор