Ѕирни од Горење, имаше еден со дисплеј кој покажува колкава е влажноста на воздухот и автоматски по потреба испушта ако падне оптималната влажност во просторијата. Лично искуство немам, но ми го фалеа. Сега не би сакала да те зезнам нешто, но чисто ти го кажувам како предлог да го видиш.
@monik55 ми го разубави денот со објавата. Цел ден те замислувам со бебушко. Бакнежи за лепотата на мама
Го имам и јас, ќе да е нормален.. плус и од Утрогестанот нели (ако го користиш) истекува.. Цервикс инаку ми мерат на секој преглед, исто 26 недела сум, само првиот пат за прв скрининг ме гледаа и мереа вагинално, од тогаш само абдоминално. Можеби и мереле само не ти нагласиле..
Имам низок хематокрит на крвната слика, нормална вредност пишува од 37 до 54, а мене ми е 35.40. Има место за паника???????
Во 32ра недела сум влезена, ми земаа брисеви пред некој ден, вчера однесов на матичен и ми кажа се супер.. Од почеток си одам на приватно во поликлиниката близу мене, а кај матичниот ради рутинска контрола онака, пошто не ми мери ни тежина, притисок, има некои застарени апаратури од кои неможе да ни извади слика од бебе да го видиме какво е што е, мора мм секогаш да слика со телефон за да ми покажува.. Кажете ми што друго се прави во овие недели, кај приватниот веќе не планирам да одам пошто се наплаќа секој преглед, а овој матичниот ми е ептен опуштен, за 5 минути ме прегледува кога и да одам и на последнава контрола кога прашав што како следува ми кажа сега следува да чекаме Така да претпоставувам до следна контрола, сепак искуства и мислења би ми дошле добредојдени!
Јас мислам рано е за брсеви 32 ама ок. Мене во Систина ми бараат еве, а 36та се зема. Не се секирај за апаратурата. Мојава ни срценца звук не ни пушти, но видовме само како трепкаат. Имам клипче снимано, слика не ми дала. Ако ти е утеха наместо презерватив, користи oд ракавица среден прст за вагинално ехо. Битно се што кажува се поклопува со другиот доктор . Стручна си е , така да ако и твојата е таква, не загледувај други работи. Мислам д-димери сега треба ако немаш направено.
Матичната ти дава упат, идеш на клиника на трансфузиологија и ќе ти земат крв, во меѓувреме RH нз дали ти провериле ако не барај и тоа, па по резултатот(параметри) + ехо се гледа дали треба терапија или не.
Другите вредности како ти се? Хемоглобин, mcv, mch, железо? Тој се намачува ако има анемија во организмот, ама ако другите ти се океј, не е страшно, зашто и не е премногу ниско.
Денес бев на контрола бебчо супер 1390 гр. Мрда клоца не престанува и рацете и нозете му се на лице ништо не можев да видам Али среќна сум супер е
Јас па се измачив и со царки завршив, вчера не пуштија од болница, ама болки огромни имам секаде, раната уште боли, дома ме облекуват надолу, катастрофа сум, пупките ми испукаа болат, а млеко имам многу, бебле цица убаво лакомо е грбот ме боли од анестезијата многу, абе хаос сум. Иначе за провокацијата, откако ми ја ставија на пукнат водењак веднаш почна да делува и имав големи болки се отворив до кај 7 прсти, но не слезе бебе, па со контракции на 3 мин ми го почнаа царскиот. Само да не се плашите кога ќе дојди денот ќе излези тоа вака или така. И ако нема потреба ако е се во ред чекајте природни болки, нека помини и термин само чекајте, нема полесно од тоа.