Женски здраво... 18та недела сум ми се појавија трнење на дланките во спиење најмногу но и преку денот. Дали сте имале некоја ваков проблем и како сте решиле ? Бацки
И јас ставав утрогестан до 12та недела некаде ама имав исцедок од него еден час некаде после тоа и тој исцедок се разликуваше од тој што ти го опишуваш Жолтозелен со мирис исцедок плус чешање и пецкање мене ме асоцира на некоја бактерија може и кандида да е а во тој случај павловичева воопшто не ти помага. Извести ја матичната да ти земи брис и да ти даде соодветна терапија. Не грижи се во бременоста телото е повеќе склоно на инфекции и бактерии има решение за се
Јас имам ваков проблем. Бев на кардиолог, правев доплер испадна уреден, па бев на невролог и испадна Карпал тунел синдром. Ми даде да носам едно помагало ко ластик лонгета и многу ми помага. Сепак прво консултација со лекар направи си. Јас бев 33 та недела кога почна...а во 34 та ги правев испитувањата.
Секако дека има, многу побрзо се отвараш со активно движење. Тоа стегање ти се контракции. Се спрема матката за финалните. На цтг да те видат не е лошо. Мила ова личи на бактерија, не е нормален жолто зелен исцедок. Оди испитај не се мачкај со ништо.
Еве ноќва во вц кога бев кога се избришав цел куп од утрогеатанот стопен имаше на тоалетот дури и ампулата не достопена испадна и како се бришев така уште имаше стопено истекуваше и најпосле ми се јави и малце розова крв нелоја капка ама ова кикиритчево ме боли кога се бришам и ме чеша. Сега станав пак бев у вц и кога се извришав пак цел куп стопен утрогестан имаше на тоалетот сега ставив апче и лежам ама ме чеша. Незнам дали веќе организнов ми е презазитен мн време ги примам и имаше и периоди кога и по 3 пати го ставав сега два пати ама ја кака ставам тој мислам истекува и смрди гадно исто како исцедокот што го имав и имам чуство дека џабе ставам ја како ставам тој истекува
Тој истекува али не ти предизвикува болка ниту е жолт или зелен. Плус розова крв ти е аларм да се јавиш на лекар уште денес.
И предходно еднаш имав пецкање ја прашав од што ми рече од утрогестанот е ако ме пецка вика смени пиј го ама па кога го пијам имам проблеми со желудникот и ќе видам утре ќе и кажам пак а инаку крвта беше надворешно повеќе пати кога се избришав и усните на вагината ме болат и малце крв ми се јави ама од страната на вагината беше.од 5та недела го примам и се по два пати и два месрца по три пати и еве сеа веќе месец пак по два пати ама организмов го враќа веќе ја како ставам тој тече ј миризбата од него ми е и пред тоа кога ми истекувал ама поретко не како сеа вака мирисал .сеа ми се смири чешањево се мислам со камилица да се измијам смее ли ? Како и да е утре ќе се слушнам со матичниов па ќе отидам
Смее со камилица ама џабе е и мене ми беше така и освен вагиналетки за кандида ништо не ми помогна. Оди си кај матичната не се лечи сама.
А освен вагиналетки има ли др нешо за кандида зш утрогестан земам вагинално и др дали ќе може всгинално а утрогестан не смеам да го прекратам зш со ризична бременос сум . Пред да останам бремена земав вагинални за кандида ама валјда постои и нешо др освен вагинални.Утре ќе отидам зш денес не работи недела е
Само за вагиналетки знам. Мене ми рекоа 3 вагиналетки доволни се и за 3 дена се среди, ама јас си ги искористив до крај сите. Утрогестанот можи да ти го замени со други некои за пиење, ако ти сметаат овие. Појди си утре прашај си. Знам колку е лошо чешањето не се трпи воопшто, затоа на време среди си.
И мене утрогестанот многу ме иритираше и му реков на докторот да ми смени нешто во терапијата. Тие се користат и вагинално и орално. Почнав да ги пијам и се средив.
Сепак да те види треба, а и брис ако треба ќе ти земе, инаку има и друг прогестерон, дабрастон, кринон, прогестерон депо, пролутекс... Барем некој период да ти смени, додека ти се смири.
Од утрогестан не е сигурно, јас ставам цели 8 месеци,прво по три сега по две. Може да се врати дел како секрет ама е чист, не мириса и не е обоен. Чешање имам и јас странично на усните е тоа веќе може зошто цело време сум со секојдневна и кожата се иритира. Мене ми помага канестен маст после туширање ссмо надворешно и тоа го користам после брисеви кои беа ок и секако со лекар дозвола. Не оставај така види што побрзо од што е
Додека ставаш вагинална терапија, утрогестанот се пие. Јас вака правев по совет на матичниот. Сепак ти консултирај се со твојот лекар.
Јас примав утрогестан првите 3 месеци, поради претпазливост, и ги земав орално. Матичната ми рече исто е. Во меѓувреме се случуваше да примам Полигинакс или некои други вагиналети против бело прање. Инаку тоа за движењето, веројатно олеснува на крајот. Кај мене не беше таков случајот, на работа седев по 9 саати, одев и се враќав со кола последниот месец дека залади, и единствено движење ми беше по дома, ручек да зготвам, перална, такви домаќински работи. Ама секако и одмарав многу дома кога ми беше напорно од стомакот. Урми не јадев ниту ананас, ниту се движев по скали ама ете ми се погоди брзо да се породам.
И јас имам исто ама без чешање ,без мирис.Само исцедок и искочи кандида па ставам полигинакс и се изгуби сега е супер.Раат да се немало
Постојано ги читам урмиве и ананасов низ темава, а ниту еден доктор тоа нема да го посочи како начин за полесно отварање туку сексот. Знам дека е мачно на крај да се има секс но навистина тоа е тоа што навистина помага во отварање, а не било каква храна.